Па се препорачува да нема бактерии. Можда сум досадна со тој чај од диво оригано, ама мене само тоа ми помогна и на сопругот исто, пиејќи антибиотици една снемуваше друга бактерија се појавуваше и така крај немаше па слушнав за еден чичко од Битола што прави чаеви кој го благословувавам до ден денес.
Сите витамини и суплементи ќе ги фрлам да ви кажам, 5 кг сум поправена за овие 3 месеци од кога ги пијам 3 пати настинав, и моментално грло ме боли, иако нели покриена сум со витамини еден куп. И моментално имам инфекција некаква која трае 2 недели, а доаѓа трансферот. И флуконазол капсула и канестен вагинални и крем надворешно не помогна Преку глава ми е веќе Ништо не ми беше, кога ништо дополнително не пиев
Каква инфекција? Мене канестен за ништо не ми помага, секогаш сум се спасувала со Дактарин вагиналети, а сопругот маст.
Појма немам каква е, пробав се што знаев, мислам дека иритација и чешање е само, нема никаков секрет. Уште прашокот ми остана да го сменам (утре се' од долен веш ќе исперам) и во понеделник ќе морам пак брисеви, неколку пати правев годинава, и овој пат ќе мора изгледа. Баш сега ли најде, а се спремав за трансфер овој циклус.
И јас сум збуцкана цела , а демек внимавам едвај чекам пак да се боцкам, апетит не, нервоза не, лице стакло.
Ај тие што правеле трансфер со замрзнати во њуборн да ми кажат што влегуваше во таа цена од 33000ден.Ви мереа ли хормони.Сега ги гледам резултатите од државна за хормони на трет ден правев вчера,и гледам оти го немам прогестеронот Како заборавила сестрата да ми го напише на упутот.Дали на контролата во њуборн кога ке ме гледа на ехо ке ми го измерат или ке треба да ми го наплатат.Ке одиме на трансфер после овулација,во меѓувреме почнав со летризол за овулација.Аххх не ми се ака до ск само за еден хормон да барам упут пак од матичнава.
Мене девојки ми се појави некој бел густ исцедок и како тапа болка во јајници и кичма не знам можеби од инекциите денес ми е трет ден од трансфер и цело време ми се врти
Мила за чешање накдобро полигинакс 6вагиналетки се со широк спектар се...најдпбри и измивање со камилица и 1лаж сода можеш да направиш... ³ само трансферот ти е и ехото така беше во мај ...
Другарки, дали сте имале случка од терапиите што ги примате при ивф да сте забележале покачено АСТ - ензим во крвната слика? Не ми е нешто многу покачен, но се насекирав некако прв пат во живот ми е а и не мораше баш сега Па некако логично ми е да е од терапијата и сите апчиња и тракатанци што ги пиеме
Во бременост тие не се испитуваат. Само крвна слика, гликемија и железо. Ниту ензими, ниту седиментација, ниту триглицериди и холестерол. @Alishan30 Апетит можеби имаш од Б витамините, навечер пиј ги пред легнување.
Леле само нешто прашувам,ама се имам заборавено од пред три год.Што точно требаше да предавам во фонд за клексаниве.Сега ми текна оти сметкопотврда ливче предходно ми даваа кога купив од аптека,а вчера ми дадоа лист фактура.Тоа нели е за фирми а не за физичко лице.Да не ме вратат од фондов.
На толку клиники и толку доктори по приватниве , од каде идеја баш на ГАК? Или имаш некој доктор таму на кој мн му веруваш? @Alishan30 да не учам јас ама си знаеш дека од суплементите и витамините сигурно "лошо" нема да видиш. За жал така ти се поклопиле коцките Ајде пуштам среќа за чисти брисеви и побрзо опоравување од настинката. Па и да Не биде овој циклус, не е смак света. Можеби па и за тебе е 'пишано' 2020 да ја започнеш со победа на биткава што ја водиме. Мисли си позитивно докторице драга
Претпоставувам од зегин ги имаш купено. Исто и јас со таков документ поднесував и немав проблем. Извештај од трансфузиолог, потврда од матичен гинеколог или општ матичен лекар дека си се боцкала и фискалната со сметко потврда(во овој случај тој лист како фактура) и барање пополнето во фонд.
Се извинувам што влетав во муабетот ама да си кажам. Ројазол вагитории ти е поефтина варијанта на гино дактарин.