Изоспорт обавезно мене тоа ме спаси од хипер кога 24ф извадија на пункцијата и тогаш докторката го имаше тој став за 1да се врати да не чекаме нишш... јас тогаш прво ифв поим немав дали е подобро да се почека или не и верувавав неа но штом си кај трајковски понеделник трк кај него или телефонски да каже тој бидејки ми делува на човек кој сака прецизно ако треба да се почека да се почека така да тоа ти е мое мислење... факсипаринот се ко клексани малце ке те боли местото можеш во рамо да те боцка сопругот а можеш и во стомак сама (јас воздухот го испуштав од готовото пенкалце за боцкање па се боцкав иако во упатството пишува не... инаку во соба нека ти стојат но не кај што е греењето 5 10мин пред боцкање на собна темп.... ајде без грижи и се ќе биде добро нооо својот доктпр прашај си го за дали и кога трансфер
Здраво, ти посакувам успех во постапката, прочитав не ми е јасно како знаете за пролактинот колку е пред пункцја? И коли треба требада е за трансфер? Правев трансфер со зсмрз. ембрион, не ми мереа ...неиспешно е
Фала мила на убавото објаснување, баш ми помогна а и сите вие.кажи ми само од каде купувате изоспорт, го има по маркетите? Дека до сега го немам приметено?
Ова не го знаев, фала многу Оли, значи директно го ставам така како што е подготвен?мене од аптека ми го дадоа така, без никакво упатство со инекциите.
Фала Nasta.Мене не не ми мереа пролактин пред инвитро туку прогестерон и естрадиол.Прогестеронот ми е висок.Ова беше за класично инвитро со стимулации.ми го мереа на втор ден од циклус и пред пункција.Искрено незнам како е за трансфер со замрзнати, може и да не го мерат тогаш.
Не треба но на почеток кога пдев да се боцкам најчесто го истиснуваше сестрата ради што повеќе боли ако не се истисне со тоа што меурчето го правеше да дојде кон иглата и па си беше течност дозата од што е клексанот/фраксипатинот затоа јас го истиснував...а дека треба пишува и во упатството но доволно болат и овака
Не ти е срам да се жалиш на болки од клексанот?! Абе ајде!! Што све поминуваме , та од едно игле ли ќе кукаме. Абре за инат не ме боли ништо. Чак што више фино ми е кога се буцам. Знам дека има и зошто
Хмм... јас што би избегала од болница ради игла стасав до сама да се боцкам...не е до иглето али пече богами сега не се жалам но тогаш кога ги примав ауххх не бев толку издржлива како сега сега чак ми фали да почнам со боцки но 2020 е наша тогаш ќе вреди секоја боцка и нашите бебуши ќе стигнат
Јас се „борам“ со streptococcus agalactiae долго време. Антибиотик успешно ја лечи, особено ако прв пат ти се појавува бидејќи е осетлива на многу антибиотици. Кај мене се враќа по извесно време, особено ако ми е намален имунитетот. На последните брисеви пред 2-3 недели пак ја имав, а се немаше појавено 2 години. Многу е упорна. За тоа дали пречи за ивф постапка, знаеш дека бараат чисти брисеви и сигурно не би правеле трансфер со присутна бактерија.
И кај мене првпат се појавува Да,по антибиограмов гледам дека е осетлива на пеницилински препарати. Ке пијам повторно антибиотик па ќе видиме. А и антибиотициве се меч со две оштрици,пиеш за една се појавува друга
За среќа е осетлива на пеницилин и ќе ја решиш. Ама да, пиејќи пак антибиотик (сигурно и за ешерихија пиеше) и плус ако ставаш вагиналети (а мене матичнава обавезно ми дава и тоа ги земам од Грција оти кај нас нема пеницилински) ќе ја пореметиш сосема вагиналната флора, па може да се намножи кандида или некоја друга. Крај нема. Ставај вагинални пробиотици од типот на Lactogyn (јас овој пат зедов од Грција EcoVag Balance, поскапи се во споредба со другите, па да видиме колку ќе помогнат) да се обнови флората.
Мила на кое место се боцкаш со фраксипарин? Да не кукаме многу ама и јас имав болки и модрици кога се боцкав . Се одлучи да правиш после Н.Г. кај Трајковски ќе го правиш инвитрото? 2020 ќе биде наша година Девојки честито 3000-та испишана страница од темава, на сите ви посакувам успех во 2020, нашите бебулиња чекаат на нас