Кога сме веќе кај Д витаминот. За каде да гласи упатот ? Клиничка биохемија , таму каде што се испитува и амх? И дали на истото место и со еден упут може да се испита и инсулин, заедно со Д вит. @0ли?
Да, да, на Клиничка биохемија можеш да си испиташ и тоа и тоа. Таму имам испитувано витамин Д и хомоцистеин, но и инсулин сум испитувала со оние сите хормони.
Едно прашање до сите оние што се бремени со ин витро, а не се од Скопје . Првиот ехо преглед го правевте во вашиот град, или кај ин-витро специјалист. Во недоумица сум дали да одам за Скопје кај ин-витро специјалист или да си направам во мојот град, зошто некако шубе ми е да патувам. До Скопје имам два часа пат. Ве молам кажувајте ваши искуства и мислења.
Ти зголемија по два на ден? Јас тек една недела од позитивен тест, па цела сум модрици по стомакот. Не ме бива за медицинска сестра . А аспирин 100 примаше?
Трансфузиолог ми даде за витамин Д, а гинекологот и ендокринологот за инсулин. Само мислам дека треба сецијалист да ти даде, не може матичен општ. Не сум одела прво до Асистирана. Матичнава општа што е ми рече ако сакам за витамин Д, не може таа да ми даде, морало прво до специјалист да ме прати, па тој да ме препрател.
Миличка ти бременка си?! Не сум во тек ако си пишала, со лесно да си ја износиш бременоста, мислам дека и кај твојот матичен гинеколог можеш да си направиш ехо, со лесно!!!
Јас од невролог извадив сега. Вит Д, хомоцистеин и инсулин пишавме на упутот. Ќе видам понеделник ќе свршам ли работа
Да, на последнава контрола ми беа малку покачени димерите, па затоа. На следнава верувам ќе ме врати на еден. Бидејќи имам генски мутации, мора да сме претпазливи (хомозигот сум). Не е страшно, ќе се истрпи уште 2 ипол месеци Аспирин не ми дал Јани никогаш, немам пиено досега. Инаку цела сум модрици по раце и бутови, па и на стомакот имам уште останато. Гола да ме види некој ќе рече кој ја млател оваа
Драги мои,мојата бета на 14 ти ден е 285.3. На сите ви посакувам ваква среќа и 2020 год да биде наша година.
Имаш различни цени, јас ги пиев тие на health aid, беа околу 800 и нешто денари, ама имаш на различни брендови од 300 и нешто денари па нагоре. Имаш и во прав.
Девојки само што ми се јавија од Њуборн. Имавме зрели 8 јајце клетки од кои вчера ми кажаа дека четири се оплодиле а четири уште се бореле. Денсес ми кажаа дека вкупно се имат оплодено 5.Многу сум среќна Не разбрав баш дали ќе ги чекаат и другите до утре.Се плашам само дали ќе продолжат добро да се развиваат до трети/петти ден, Дај Боже да продолжат да се развиваат како што треба.Морав да споделам со вас