Видиш колку ме бива ? Минатиот вторник ти пишав дека на 14 ден бетата треба, т.е ќе ти биде нешто над 250 Ајде честитки веќе и поофицијално
Честитки Уживај во бременоста . И јас сакам кај ин-витро специјалист, баш затоа што примам многу терапија, да ме упати што, како понатаму. Но, некако ми е страв од патувањето. Белки не е ништо, патување заради преглед. Кај си ти? Во Њу Борн ? За првото дете патуваше ли?
@Маја Т супер мила бадијала нервозите Што ти кажаа за трансфер, сепак ќе има? Не знам како им е обичај во Њујорк, до трет или до петти ден ги чекаат ембрионите?
Фала мила, изгледа сепак ќе има, ембриологот ми кажа дека докторот запишал трансфер да биде на петти ден, ама рече пак ќе се консултирам со докторот.Сега сакав да закажам да се видам со Трајковски па да поразговарам.
Честитки, со лесно до крајот, само така нека продолжи темпото на трудници, во 2020 уште повеќе да не' има на број Одлично Мајче, сега опушти се, и другите ќе се изборат, сепак ќе ги чекаат до 5-ти ден, што ти рече докторот за трансфер, ќе има сега или...? Сепак си пишала за трансфер, добра ти е идејата да се консултираш дирекно со Трајковски, јас не го ни видов се' до трансфер, ембрилогот кажува едно а докторот друго.Со лесно мила!
Од интернист во април кпга проверував директно на клиничка и тогаш има 10тина раб пишани инсулин шеќер скриен вит Д и уште нешш
Фала мила, значи сепак ги чекаат сите до петти ден? Ова ми е ептен ново се и затоа се бунам Се надевам само ќе си продолжат да си се развиваат. Го чекам докторот да ми се јави па да видиме како ќе терамеКаква среќа е само да ти кажат дека имаш ембриончиња а можам да замислам каква среќа е да добиеш позитивен тест.Дај Боже сите да си ја дочекамеhug:
Да, во Њуборн и за првото дете патував и тоа со автобус на прво ехо отидов ,сега со кола ќе одам . Е ништо не е,не плаши се...со лесно
Дај кажете друг број ако има од комисија, цел ден ѕвонам на двата броја 010 и 011, после 100пати ми се јави една ми вика моментално се на пауза јави се за пола саат. Се јавувам после, истата ми дига телефон и ми вика овде нема никаква комисија јави се на истиот бр само 016 на крај Таму па ич никој не ми ни дигна телефонн Mental breakdown имам моментално
Не се секирај,колешката моја пред 15 тина години правеше инвитро во Белгија ( тука само што почнуваа ) и откако се констатира бременост се врати авионски Така да не мисли многу,ќе биде во ред
@Anetaoh , @Kris80 , ви благодарам на советите, знам дека не е страшно патувањето, но бидејки сум "испатена душа", сакав да видам ваши совети. Инаку јас правев во Грција ин витро, и Солун ми е далеку исто како и Скопје, но тоа е ИВФ центар и не водат бременост. Ми кажаа да ја примам истата терапија до 10 недела, и нормално за било које прашање, секогаш ми се на располагање. Закажав веке кај др. Трајковски. Терапијата што тој ја дава, ми некако најблиску до таа што јас ја примам, па да видиме. Ете реков дека веке нема да се оптеретувам со работи кои не можам да ги сменам и да ги контролирам, но вчера и денес повторно црвчето проработи во мене . Со лесно да ни е на сите
Здраво девојки, како сте? Ме немаше долго време, правев пауза после првото неуспешно инвитро. Најпрво ви честитам на сите кои имате позитивни тестови, да си имате лесна бременост до крај, а на оние кои се во постапка лесно да им мине и да вроди со плод. Имам едно прашање. Кога бев на консултации после инвитрото докторот ми рече дека треба да го види каналот на ХСГ снимката која јас не ја носев. Сега после нова година сакаме да почнеме со собирање на документи за ваучер, па прашањето ми е дали доколку докторот ме прати на лапараскопија, прво треба да завршиме со неа или прво да добиеме ваучер. Се извинувам за долгиот пост.
Само што ги добив на 016, ми рече дека немаат никакво барање на мој матичен број.. Што да правам?? До сега требаше и одговор да добијам...
Како бе? Да не не проверила точно? Ако си од Скопје, оди им таму кај Мајка Тереза утре, види што е работата. Едит. А кога поднесуваме документи, ни даваат едно ливче мислам со архивски број и датум или така нешто. Си имаш доказ дека си поднесла документи.
Анетааа,супер....тебе те читав уште пред две три год на темава(освен ако не тете смешав со друга со сличен ник).Сега со второ или од тогаш уште сега дојде конечно радоста.Со лесно цела бременост и пораѓај.
Не сум од ск, а и не ми дадоа ништо само ми рече јави се во комисија по 2недели. Ги поднесов на 28ми ама бидејќи помина 16часот рече утре ќе ги пуштам...
Е па види во градот кај тебе каде што ги поднесе кога ги испратиле, да не залутале некаде документите. Утре пак јави се и нека проверат пак по матичен, да не пребарале со погрешен број.