Lani go proveruvav i bese 19, i skroz go zaboraviv do denes koga procitav devojkive deka prasuvaat bas za nego. E sega dodeka go proveram pak da pijam da ne gubam vreme.
Пак јас До колку часот најдоцна може да те боцнат за крв на Клиничка биохемија? @0ли , мислам тука си Ми треба инфо за да можам да ги закажам/ испланирам и другите обврски
Тука сум Мислам дека до 10 сигурно земаат, но подоцна не сум била, обично секаде одам пред да отворат за прва да сум и да завршам рано. Ќе одам утре-задутре на Клиника, ќе влезам таму да ти видам до колку најдоцна земаат крв и ќе ти кажам.
Ај те молам види и пиши ми. Ако у меѓувреме некоја знае дали би ми земале крв кон 11:00 ч нека сподели. Ќе ја тагнам и @kukla21 све ми се чини она пишуваше дека има одено подоцна. Не ми е битно за колку дена ќе излезат резз
Е не сум. Значи да си закажувам по другиве места , сигурно ќе ме боцнат кон 11- 11:30? Те држам за збор
Мене така ми рекоа,дури упатот ми беше згрешен и дечкото таму ко одговорен шо е,ми рече јави се кај матичен само бројчето од нов упат нека ти го дадат и ќе завршиме работа. Ќе те боцнат покасно сигурно.
Ако сакаш за побрзо да го качиш вит.д, има ампули со поголема концентрација 150000 ии, мислам дека беа, се пие една месечнно, но за тоа мора да се консултираш со ендокринолог.
До 10:00, ако сакаш резултатите да ти ги дадат истиот ден. Мислам дека до 12:00 земат, ама не сум баш сигурна. Ако задоцниш малку, замоли ги, кажи им дека не си од Скопје, ке ти завршат работа
Уште ова. Може да си платам унапред на шалтер а утредента да пуштам друг по резз? Или се плаќа кога ги земаш резултатите?
Се плакја пред да ти земат крв. Резултатите може да ти ги земе и друг, но мора да му го дадеш бројчето. Ке ти залепат бројче на здраствената книшка.
Е видиш.. Паметнава Бубче нема здр книшка. Ја загубив кој знае од кога. Да одам да вадам нова. Фала ти. Без книшка ќе одев
Само купи нова и нека ти стават печат од кај мт на работа ,ако си преку него осигурена. Јас за мм вадев скоро. Во фонд ми рекоа оти само од ,,фирмата,, преку кое оди осигурувањето е доволно печат.
Јас имам книшка, ама искрено никогаш до сега не сум одела со книшка. Секогаш ми давале потврда со износ за плаќање.Со таа потврда маж ми одеше по резултати. Никогаш до сега не му побарале книшка.
Книшки бараат секаде,зависи од хороскопот на персоната на шалтер и на која нога станала дента,сите знаеме дека со еден клик и внес на матичен број е завршена работата,е сега некој ќе ти заврши работа без збор,некој ќе ти ја истурит цела негативна енергија па пак ќе ти завршит работа а некој немат да ти завршит работа,така да за да се поштедите од главоболки носете си книшка
Изгледа така ми се погодило. Ние со маж ми незнам уште што не испитавме на клиника, ама баш никогаш не носевме книшка. Он дека ја има изгубено неговата и стално ме убедува дека нема потреба од книшка Во секој случај добро е да се има. За нова книшка ќе мора да се завери во фрима (преку која е осигурувањето) па после да се носи во ФЗО и таму да стават печат.
Може и само со упат, без книшка да завршиш работа. Кажи си ја заборавила, од далеку доагјаш, не верувам да ти прават проблем.