Се случувало да ми се јават за ембрионите и во 14 часот и во 15. Знам дека не те држи место. Мене еднаш кога не ми се јави докторот, пак се јавив на пултот и им реков ме заборавивте, ве молам не ме заборавајте пак и речете му на докторот да ми се јави кога ќе се ослободи. На телефон ако му ѕвониш може и да не се јави во моментот, многупати кога сум на преглед му ѕвони и тој не го прекинува прегледот или разговорот со мене за да се јави. Пиши му порака или на Вибер. На сестрите речи им да ти дадат информација за ембрионите, ќе се ангажираат да ти се јави побрзо ембриологот. Но можеби и подоцна ќе се јави кога ќе ги надгледува ембрионите. Само да знаеш на четвртиот ден не ги чепкаат ембрионите и нема да ти се јават.
Ама она нема разговарано со Владимир дали ќе имаат трансфер со високиот прпгестерон. Затоа и тупка под нозе
Фала многу Оли, ќе почекам уште малку па ќе се јавам. Само малку ме буни ова, како се бројат деновите? Денот на пункција не се брои така? од следниот ден се бројат.Зашто ако го сметам и денот на пункција денес ќе е четврти ден. Колку што се сеќавам после пункција сестрата ми рече денес е нулта ден, ама викам да не грешам?
Затоа велам нека проба пак преку сестрите. Јас во исто време и ним би им се јавила и нему би му пишала. Денот на пункција не се рачуна. Не чекај и јави се веднаш кај сестрите и кажи им и за докторот и за ембриологот. Најдобра информација ќе ти дадат тие во врска со јавувањето на ембриологот.
Какво внесување толку не си играј над дозволеното е токсични... од 10до35 реф.вредности мене ми е 11па по 5капки земам а не ти со 19 релативно на средина ти е нема што толку јака доза не си играј се што е повеќе е штетно
Мила пуштам огромна среќа да се избори јуначето, ќе мериш бета па според тоа ќе се одреди што и како ќе биде, голема е нервозата ама сепак остани смирена колку можеш Мајче да знаеш со се' што го замараат, мислам дека они се навикнати на вакви цимања, многу е фин докторот така да немај гајле врти слободно
Какво чекање врти им нив да ги потсетиш може да подзаборавиле тој штом ќе му кажат ќе те побара сиггурно
Ne, ne mila, kazav samo kolku e potrebno za predoziranje, ke zemam po 5 kapki samo dodeka da proveram a posle ke vidime.
Мое мислење 5 ти се многу...консултирај се со доктор за толку затоа велам јас со 11на долна граница земам 5 од доктор препорачано ти си скоро па дупло јас би 2 до3 капки на твое место ако веќе решам на своја рака... позз
Ве оболев со овој вит д ама уште ова да кажам. Охриѓанките на форумов знаат дека др. Пецаков не е баш омилен др( не знам кој збор да го употребам за да го опишам) и сите трчаме кај Љушев ваму таму. Го вратив филмот пред дванаесетина години кога како девојче отидов кај Пецаков бидејќи имав болка во долниот дел од стомакот, и интернистите не видоа дека е песка во канали, а тој виде на ренген со контраст. Сега ми одѕвонуваат зборовите негови, кога ме виде кога ги потргнав гаќите, БРАВО УБАВО Е ДА СЕ СОНЧАШ, ЗА ЈАЈНИЦИТЕ Е МНОГУ ЗДРАВО. Е сега сваќам зошто ми рече така.
Пецак си е Пецак...јас пак ете годините наназад кога бев кај него на ехо поради болка во јајници ми рече ок е се оди провери бубрези на дијализа дане има некое камче. Таму Деребанова ми рече не си за овде врати се кај гинекологот имаш миом, и повеќе кај него не се вратив освен за упат дека ми е матичен. За секој различно е и тој и било кој доктор ама Пецак ама ич не се замара битно да си има пациентки...
Е тој збор го барав незаинтересиран, плус и без апаратура, а знаење има човекот само зависи на која нога е станат. И мене ми е матичен, за брисеви и пап добар е, и упати секако.
Девојки се слушнав со др.Трајковски. Значи човекот е неверојатен, пола саат ми објаснуваше на телефон. Рече дека шансите се намалени за успех но не значи дека нема да успее. Сепак во четврток ќе одиме на трансфер. Ембиологот ми кажа дека имаме уште два ембриони оплодено. Не разбрав баш се, ама ми рече дека утре би требало да се замрзнат два а другите покасно. Фала ви на сите за подршката
Во право си мила, сега се слушнав со него. Толку убаво ми објасни се. Навистина прекрасен доктор и човек.