Фала мила, цело време сум под стрес со работата, па барем сега да го избегнам Обично даваат по две недели така?
Ќе почне со помала стимулација, па ќе зголеми ако треба... А обично кај повозрасни не даваат големи дози зашто немаат ефект, нема да се создадат повеќе фоликули, со помали дози, тоа што ќе излезе да биде квалитетно. Докторот прави проценка на ситуацијата. Барем мене така ми кажувале и помали стимулации ми давале.
Две недели, па ако е позитивно со препорака од матичен со позитивната бета уште 2 дава комисијата. Во мојот случај беше така. Но, да не заборавиш на денот на трансфер да се јавиш кај матичниот гинеколог за да те внесат во систем дека од тој ден ти почнува боледувањето. И после за се консултирај си се со матичната околу боледувањето, докторот мора да ти даде извештај, фактички тој извештај нема да биде посебен туку регулар дека е правено ивф дека трансфер ти бил на тој и тој ден и.т.н. Барај си, се што ти треба барај си. Кога трансфер? Колку јуначиња успеаа? Со лесно да ти е
Фала ти многу мила среќно и тебе со постапката дајбоже да се видеме со полни мешиња..да се надоврзам боледување ти следува после трансфер секако јас дури имав боледување од како почнав да се боцкам за првото инвитро..
Фала ти мила најмногу, ептен ми е важно да бидам на боледување.те молам само кажи ми ако знаеш дали боледувањето мора да се отвори на ден на трансфер или може и следниот ден? Зашто сакав утре да го земам како слободен ден па од петок боледување.Извини те замарам со вакви работи ама да не згрешам нешто
Дај Боже Luni и ние да ја почувствуваме таа среќа.Баш убаво што си земала боледување порано, мојата матична некако како да се плаши за боледување да отвори без препорака, затоа и прашувам да бидам покриена.уште на работа да одам ми фали сега
Да знаеш мора точно датата кога ке ти биде направен трансферот точно таа дата да се отвори боледување да знае матичната пошто после со успешна бета за во фонд да се пратат документите треба точен датумот да биди со извештајот на трансфер..
Вака е сигурно? Колешка кај мм во среда имаше трансфер, а од понеделник и пишаа боледување. Четврток и петок си ги зеде слободни ( и следуваа за после дежурство)
Јас баш денес и кажав на матичната дека се видов со Др и ке почнеме само да ми дојди менз. и ја прашав а боледување за инекции ми следува ли пошто за првото инвитро имав боледување од првиот извештај одкако почнав со инекции али тогаш имав друга матична која почина за жал и оваа ми рече не точно денот на трансфер кога ке ти биди од тој извештај се отвара боледување15 дена и ако е успешно се продолжува од комисија..Додека предходната не ми направи проблем за боледување и тоа со никаква препорака само извештај во кој пишеше само со каков протокол се оди..
Можно е можно. Јас сум невработена па не сум користела досега боледување. И за ден два ли се прават проблеми