@Irisveceflow123 Мислам дека од општ матичен можеш да земеш 2 недели ако ти пише гнојна ангина. Но не сум сигурна колку е ова точно. Така ми спомна мене матичната, бидејќи ќе ми требаат 2 недели и мене во јануари, ми рече ќе пробаме со таа шифра, дека тука може да се извлече 2 недели.
поддршка ципирипи, нема утешни зборови знам, ама нема ни откажување. Следниот обид ќе биде позитивен. Убаво си кажа штом биднало еднаш, ќе биде и втор пат
Девојки денес помина и мојот трансфер.Ми вратија едно ембрионче, бластоциста, останатите 5 ги замрзнавме.Шансите се помали ама сепак на крај е Божја Волја.Дај Боже да успееме.
Колку посакувам баш ова едно ембрионче да биде јуначе, и да успеете дај боже да се радуваме за 2 недели
Бравоооо ајдее со лесно и среќно! Зашто мали шанси? Исто така браво и за бројката 6 бластоцисти, па тоа е одлично девојче!! А зашто 2 не ти врати на таа бројка или ти не сакаше?
Многу ми е жал, изгледа твоето ангелче не било сеуште спремно за овој свет.Верувам дека Бог го чува најубавото бебенце за тебе.Верувај и ќе биде пак и со успех. Нова година, нова надеж
Ако Не ставиш слика од позитивен тест на 31.12 точно пред полноќ, муабет нема да ти направам веќе! Со лесно до тогаш
Дај Боже и јас и сите ние тука.Баш уште кога влегов во Њуборн Трајковски ми вика денес е многу убав денСв.Никола на сите да ни помогне
Дааа Бубче баш тогаш ќе треба тест да направамСекако ќе ја запамтам оваа Нова година па што и да биде
Фала мила, 2 замрзнавме на трети ден, а три бластоцисти денес и една кај мене.Шансите се помали зашто прогестеронот ми е висок.Трајковски сепак сакаше да направиме трансфер и затоа само едно ембрионче.Ако треба са биде ќе биде
Многу ми е жал навистина се надевав дека се ќе е во ред. Нека ова е последното разочарување,среќичка е на повидок
Ете така, храбро! Мене денес слава ми е, мајка ми се јави да дојдела да ми спремала јадењето. Чувај се и реков за вгодина, ова време ќе имаш внуци, тројца
Едно ама вредно сега можеш да си бидеш опуштена и за Нова Година да не' израдуваш со позитивен тест Со лесно мила!!
@Bubce38 @cipiripi и јас сум со вас, 2020 се надевнадевам дека ќе биде наша година. Оваа и јас со 2 неуспешни обиди. Ајде господ е голем има и за нас среќа. Заедно сме посилни се надевам ќе има мн позитивни тестови и мешиња во 2020 . Таа желба во ја посакувам на сите вас мили мои феминки