@Juni1985 Во Систина скречинг чини 6000, подобро би било да си правиш кај докторот што ти го води ивф, токму како што ти посочи @Bubce38
Јас користев Macs метода заради машки фактор и тогаш кога ја користевме се доби ембрион, а додека претходните 2 пати само со ICSI ј.к се оплодуваше ама не се делеше понатаму. Ние се одлучивме за Macs заради тоа што кај мене едвај вадат по 1 ј.к и плус машкиот фактор и затоа користиме се што можат нашиве болници да понудат. Не знам кај вас каква е ситуацијата, ама да знаеш Macs во Плодност чини 450е, односно 28000ден. Ако треба да замрзнеш и плус Macs ќе треба да платиш 900евра оти нив ваучер не ги покрива. И уште ова најдобронамерно ќе го забележам. После секое одење во Плодност пишуваш дека си изнервирана, не знаеш што ќе ти наплатат итн. Се сеќавам дека и првата консултација кај нив стресно ја доживеа, ама сепак се одлучи за таму и кога веќе си влезена во постапка не смееш тоа да си го правиш, доволно е сето останато низ кое поминуваш па уште и самото одење ќе ти прави стрес. Сама знаеш стресот што му прави на нашето тело. Еве јас, претходно и @Alishan30 и не се сеќавам кој друг ама пишуваме искуства од таму и тоа е тоа, го имаш ценовникот и во оваа фаза не знам што друго би ти наплатиле. Прашувај што сакаш ќе ти одговориме. И, опушти се и мисли на убави работи.
Macs методата може кај секој да се користи без разлика за каков машки фактор се работи, ама најмногу ја препорачуваат ако постои висока ДНА фрагментација на спермата. Macs е магнетно селектирање на најквалитетниот сперматозоид за да се оплоди ј.к. Ете кај мене се доби ембрион со Macs, ама ИВФ-то не беше успешно оти немаше имплантација, така што и Macs не е гаранција за успешност, барем кај мене.
Кога правев скречинг, Трајковски сакаше на ГАК да ме прати за да не плаќам на приватно, но јас не сакав да се маткам таму. Штом ми предложи за ГАК, претпоставувам дека прават, но сакав да ги избегнам оние глупости како што си дошла тука, оди кај докторот што те пратил, па да се натегам со нив таму повеќе само ќе се изнервирав и можеби немаше да завршам работа. @Spiritus Растат фоликулите и по стоп инекцијата, досозреваат јајце клетките, не остануваат исти.
Девојки кога е најдобро да размислувам за второ бебенце со ивф ќе бидам сигурно,си имам и годинки.Првото ќе ми прави 5 месеци,а и со царски сум.Фала ви и ви посакувам успешен резултат до крај.
Во постапка на инвитро сум.Имам едно дете и сакам второ.Сопругот не сака, мисли дека е стар за второ дете,но јас сум упорна и ја терам постапката.Од утре почнувам со инекции триптофем.Некое искуство за овие инекции дали е подобро сестра да ги става или ќе можам сама и дали под агол некој се ставаат бидејќи ништо не ми кажаа?
Devojki denes napraviv test na 12 den of transfer I se pojavi bleda linija mm veli treba potemna da bide izgleda samo jas ja gledam
Ке се престрашам. Мене ми рекоа попладне да ги ставам и секој ден во исто време.Кое време ги ставаше ти.Јас често одам на терен низ државава и се мислам дали ќе можам да темпирам време.Треба во фрижидер да се чуваат и незнам дали да ризикувам тој ден кога сум на пат да носам со мене.Ке гледам периодов поретко да одам на терен надвор од Скопје, но пак некој ден ќе морам да одам.Ке земам одмор ако дојде до трансвер и затоа си чувам денови и сега ми е најгусто со работава со 31.12 а после следниот месец ми е порелакс на работа.
Mene mi rekoja navecer of 7:30 do 8 da bide stavena I sekoja tocno navreme ja stavav bas I togas od rabota so idev pa taman mi odgovarase vremeto ajde so lesno da to bide poveke folikuli da imas
Девојки мене ми е 4 ти ден од трансфер.(без да го бројам денот на трансфер).Пробав да не мислам на ништо и да не барам симптоми ама неможам Апсолутно ништо не чувствувам.Трансферот ми е на едно ембрионче-бластоциста.Ве молам кажете ми дали имавте/немавте било какви симтоми и доколку да од кој ден ви започнаа? Не било лесно и ова да се седи само по дома и да се мисли
Ако одиш преку фонд со ваучер, ќе можеш да поднесеш документи кога бебето ќе има 18м, порано не може. А доколку сакаш на приватно најдобро е консултација со твоите доктори, па тие ќе ти посочат кога е најдобро да почнеш. Секако бидејќи си царски барем 1г нека мине, па таман +9м и ќе изгуркаш +/- до 2г, бидејќи препораките се од еден до друг царски да има разлика минимум 2г Мене ми се ѕирка, прелева уште една линиичка, во живо сигурно е повидлива, па чим и ти ја гледаш сигурно е таму. Маживе горе-доле најчесто се ќорави, батали го Честитки, сега оди боцни се за бета
Да во живо е повидлива мислам утре уште еден да направам оти овој не беше со прва мокрача а пак во среда да направам бета на 14 ден таман ќе биде дај боже да биде
Со упат од матичен гинеколог во Авицена и Синелаб не се плаќа, ама ти кажуваат само бетата дали е позитивна или негативна. Со вредност е 700 денари
Фала Маја се надевам утре повидлива ќе биде сабајле од забуна првиот тест кога го направив кој знај кај ја турив урината и не излезе ништо ниедна линија од возбуда кој знај што направив
Мој совет ти е воопшто да не мислиш гледај некој филм или серија или книга читај и не барај сиптоми сите сме различни. Јас тие денови се замарав со една серија и само мислев што како ќе биде за филмот и воопшто не помислив за сиптоми и позитивен тест. Така полесно ќе поминат деновите
Добро жени ова Анита сестрата на Др Лазаревски никако да ми крене телефон, ми дојди во саботата ѕвонев да и кажам денес пак цел ден ѕвонам ни трага ни глас во ивф центарот ѕвонев им кажав им оставив контакт као демек ке го прашаат докторот за кој ден да одам и ке ме барат пошто анита не е на работа и пак никој не ме побара а денес трет ден од циклус како се нервијам што ако треба да почнам со терапија абе кај мене секогаш е комплицирано