Врати назад муабетите ќе видиш дека немав ниеден симптом, се до 7ми или 8ми ден кога видов втора црткаНа психа е се. Пуштам среќа
Здраво девојки! Ве молам ако има некоја со слично искуство да ми помогне. Поднесов документи за ивф преку фонд пред година и три месеци, и од тогаш почна мојата голгота. Ќе се потрудам да објаснам на кратко. Кога ги пратив документите ми побараа два нови спермограми од сопругот (има дијагноза астеноспермија, намален број на подвижни сперматозуиди). Да напоменам дека спермограмот од хистологија беше со нормални вредности што се косеше со сите предходни (4) спермограми. Потоа ми побараа 4 инсеменации (неуспешни), мислам дека оваа со хисто. му идеше како договор за одложување. После сета процедура со инсеменации му истече рокот на другите документи па ги повторував сите одново. Имам покачен пролактин (имав и кога ги спремав прв пат документите, пиев бромергон, бев на ендокринолог го средив тогаш), но сега пак ми е покачен и пак ми пишаа терапија, на ендокронолог ми закажаа кон крајот на јануари. Дополнителен проблем излезе и тоа што пред не цел месец на ехо матичната виде дека имам аномалија на матка, матката ми е во форма на биквата Т. Ќе треба да одам на лапароскопија па доколку некоја од вас имала искуство како моето да сподели. Би сакала доколку некоја од вас правела лапароскопија на ГАК да сподели искуство, многу ми е скапо по приватните зошто би сакала да правам ивф на приватно па ќе ми требаат повеќе пари. Би сакала и доколку некоја од вас има правено ивф на приватно да ми пише каде и колку ја чинела постапката. Повеќе немам доверба во фондот психички опаднав скроз, сакам после лапароакопојата да одам на приватно. Извинете на долгиот пост ми требаше да се искажам некаде мислам овде меѓу вас е вистинското место.
Јас мислам да не се откажуваш од фзом кога веќе си на крајот. Инат нека те фати и искористи си го правото. Имаш веќе 4 иуи, хормоните ќе ги средиш за прл обавезно терапија, останатите хормони провери си ги со време, направи си лапаро и поднеси документи, ќе ти одобрат. Со лесно
Ќе видиме сега бев за бета па за еден сат ќе дознам дали има или не,не направив сабајлево преку мокрача се молам да биде позитивен многу бледа е цртава значи не ја гледам само јас црткава
Во приватна направив 400 ден со вредности сега ми стасаа резултатите 5.71 е резултатот сега да се јавам да видам што ќе речат од болницава
За жал ниска е. Ама не ја прекинувај терапијата бар уште ден два. Да не се лажиме, тешко да има бременост Жал ми е.
Лапаро направи си во Чаир,барај го Зоран Илиевски,секој петок е на амбуланта,ќе те прими.И јас мислам да одиш до крај со ФЗОМ и да си го искористиш ваучерот,само смирено,се ќе си дојде во свое време.
Миличка, најверојатно е биохемиска бременост, покажало на тестот ама сепак вредноста е мала.Можеби треба да почекаш уште некој ден да ја повториш