Јас имав порано еколи многу е досадна одвај се куртулив. Најмногу ми помогна што пиев 3 пати на ден витамин Ц, инаку пиев и чаеви, диво оригано капки, многу време пиев и едни капки за е коли од др. Хасанагич ама ништо не помогна како втаминот Ц. Нај ефтино а нај ефикасно. И внимавај на исхраната јас јадев многу овошје и зеленчук.
Оригано капките во зегин беа околу 700 денари. Се пијаат максимум 4 капки во филџан зовриена па подизладена вода. Грди се за пиење и печаат кога ги пиеш.
Мила најчесто со еднократни или тридневни дози на антибиотици, зависно од процената на лекарот али се лечи брзо јас ја имав одамна па одма ја снема не се појавила од тогаш . Земи си и таблетата на основа на брусница, во комбинација со чај од брусница и увиниот чај, чајот од пченкарна свила, магдонос и копар имам слушнато дека помага
Во принцип со icsi прават клиникиве, ретко ivf метод. Ние не правевме дна фрегментација постапката беше со icsi.
Сигурна си? Не им го пишува во ценовникот на нивната веб страна, пишува спермограм 2000ден, а никаде не пишува дека прават ДНК фрагментација.
Кога бев во чаир кај др.Зоран Илиевски за да се консултирам за диагностичка хистероскопија тој ми кажа дека ке ми ја направи ама да земем извештај од докторот кој ке ми прави ивф.Па прашањето ми е дали да го пратам сопругот кај Ивановски јас да не оцустваувам од работа и тој да побара извештај и како би реагирал докторот кога ке му каже сто сака ...некој да по советува незнам како ке реагира докторот....јас чекам одговор од фондот
Значи девојки да не речам ќе си "пукнам" но среќа го имам др Јани ко ангел чувар... требаше контрола да направам и му кажав дека пред ифв ќе правам по н.година дијагностичка и машала... пак си заработив клексанчиња за по интервенцијава зш моиве димери нешто рипнати и денес ... па здравје да помине тоа и пред пункција и трансфер пак ,ај за тоа знаев но не очекував дека ќе се скоро дупло Нооо 2020 е наша... бебињата не чекаат и нас... па не болело печело се не прави посилни ко што неодамна @Bubce38 рече...
А имаш ти правено 3д или 4д кај Ивановаки.? Ако си правела во скоро време ехо кај него ќе ти даде. Ако Не , ќе треба да отидеш и ти, да те прегледа, т.е да ти направи ехо
Јас само имам прво неуспешно ивф кај него ...планирам и второто ивф кај него ама се надевам на успех....јас и да отидам лично кога ке му кажам за дигностичка незнам како би реагирал и кога ке кажам дека сакам во чаир...зошто да ми прави 3д јас имам копии..
Епа ако имаш 'историја' кај него, ќе ти напише извештај. Не прави проблем што ќе правиш хистеро во Чаир. Ниту пак ќе ти пререче зошто таму. Пуштај го маж ти
До пред ин витро и мене матичните од секогаш ми кажуваа ок е матката. Ми мереше волумен на матка дури преку ехо Гуржанова и демек уредна големина и капацитет нема проблем иако формата од ХСГ пишува дека е аркуатна нешто слична на твојата. Кога стигнав до докторот кај што правев ин витро со ваучер кое заврши со биохемиска рече требало прво да се среди матката, и ако е неуспешно првото пред второ обавезно хистероскопија и тоа метропластика се викало ја растегнувале и обликувале матката. Уште на следен циклус после тоа рекоа може да почнеш одма со ин витро. И јас бев кај Др. Зоран Илиевски во Чаир пред некоја недела со мој термин секој петок има прегледи, се договоривме за хистеро-лапаро имам плус јас и затнат канал затоа. Цената за ова на државно да не речам е смешна во однос на приватните. Рече дека со термини декември е фул, меѓутоа од Јануари натаму може. И пред хистероскопија се прават некои испитувања, па закажи си со време или на ГАК или Чаир за да ти кажат што да испиташ пред интервенцијата, таман и ваучерот ќе стигне до тогаш. Со среќа
Точно како што ти пишаа, не прави проблем Др. Ивановски што ќе правиш интервенција на државно, дури и ќе напише извештај за да му дадеш на докторот што точно да среди ако има за средување, а што да не чепка за да не смета на следното ин витро
Фала многу за информациите, докторката ми рече после празнициве засега немало ништо слободно. Во меѓувреме ќе направам ехо и на друго место па ќе видиме што понатаму. Јас немам правено хсг па не знам дали ќе треба да правам, најдобро е да се консултирам со доктор. Се уште не знам кај кого да одам собирам информации пошто и не сум од ск и не знам што да правам реално и периодов со празнициве се погоди така да малку ќе се одолговлечи изгледа.
Мила, кој ти препорача да правиш дијагностичка? Јас имам еден спонтан по прво ин-витро и др.Трајковски ми рече да направам дијагностичка хистероскопија и јас се одлучив за др.Зоран но уште немам отидено кај него.Зошто ти кажал извештај, нели со упат се оди кај него и после он те превзема таму?