Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    261 глас(а)
    15,1%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    201 глас(а)
    11,7%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    59 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    36 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    20 глас(а)
    1,2%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    99 глас(а)
    5,7%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    80 глас(а)
    4,6%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    111 глас(а)
    6,4%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    107 глас(а)
    6,2%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    314 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    280 глас(а)
    16,2%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    33 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    57 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    48 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    10 глас(а)
    0,6%
  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.749
    Допаѓања:
    176.014
    Пол:
    Женски
    На клиничка биохемија можеш да испиташ. Земаат крв и после 10 ч ( јас бев околу 11 ипол).
    Упат можеш од било кој специјалист ( јас имав од невролог).

    Само на самата пункција може да се види дали фоликулот има јк или е празен.
    А дали јк е 'добра' тоа никој не може да ти каже.
    Се јавуваат ембриолозите секој ден да те известуваат како оди оплодувањето и развивањето на ембрионите
     
    Последна измена од модератор: 10 јануари 2020
    На Luni, Izzy_0504 и Thallia им се допаѓа ова.
  2. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Не постои начин да се види дали фоликулите се празни или не, пред да се пунктираат.Јајце клетките може да бидат зрели и незрели, а може некои да се оплодат, некои не. Ембрионите исто така може да продолжат да се развиваат а може и да застанат во развој. Во секој случај верувам дека ќе имаш добри јајце клетки и верувам дека ќе добиете добри ембриони.Не може сите да не се добри и да не се оплодат а и сите да се оплодат, иако има случаи кога сите добиени јајце клетки се оплодуваат.Најважно не се измачувај со ова, секако дека ќе добиете добри ембриони.После пункција ќе ти кажат колку јајце клетки се добиени а ембриологот се јавува следниот ден да ти каже како оди оплодувањето. Првиот ден мене ми кажаа дека имам 5 оплодено за следниот ден да ми кажат дека има оплодено уште плус две. Ако се чуваат до петти ден, ембриологт ти се јавува секој ден освен четврти кога ембрионите не се отвараат.Најважно од се, не мисли на лошо, се ќе биде како што треба.Знам јас како се чувствував пред пункција и многу добро те разбирам.Мисли на тоа само дека ќе добиете убави ембриончиња:):hug:
     
    На Meckicja, Luni, BlackHole и 5 други им се допаѓа ова.
  3. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Не е лошо биопсија на матка да си направиш.
    Мене после третото неуспешно ин витро ми направија биопсија и ми открија хроничен ендометритис ( воспаление на ендометријумот), предизвикан од бактерија.
    Се лечи со антибиотици.
    Докторот тогаш ми рече, не може да се имплантира плодот, во таква нездрава средина.
    И навистина после само два месеца останав природно бремена.
    Е сега имав спонтан абортис, но тоа си е друга приказна.
    Битно, после биопсијата, прв пат кај мене дојде до имплантација.
    Инаку исто и кај мене секогаш добро се здебелуваше ендометријумот.
    А што се однесува за интралипидната инфузија, сакав и јас превентивно пред трансфер, но докторот беше скептик дека нешто ке помогне.
    Ми рече дека тоа се протени од јајце, и пред тоа треба низа испитивања да се направат, за да не дојде до некоја алергија, бидејки секој организам си е различен.
     
    Последна измена: 10 јануари 2020
    На Spiritus, bibiiii, 0ли и 6 други им се допаѓа ова.
  4. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    А каков упут да земам од матичната и за каде.И колку пари е. @Маја Т од општа матична или гинеколог треба да земам упут.И кој треба да наведе за кои антитела да се испитаат ако одпосле се гледам со Петличковски.А и колку пари се тие испитувања одприлика.
    @Martka на државна неможам да ја примам таа интралипидна немаат?
     
    Последна измена: 10 јануари 2020
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Интралипидната инфузија беше околу 3 илјади и нешто(околу 50евра),е ама лежењето ме одра околу 7 илјади и нешто и се лежи 5 часа,дека многу полека тече,и после си одиш домче.Не ноќеваш,само денски е.Лежев двапати и ме чинеше дупло.Ја примив на денот на трансферот првата и втората две недели по позитивен тест.Ако ти треба точна сума,ќе побарам во документите и ќе ти пишам.Овие суми се 2018 година и не би требало да се поскапени.Вкупно платив околу 14 илјади само лежењето и двете интралипидни околу 6 илјади денари.Но ако примаш една околу 10 илјади би требало да биде.Ова во систина,ако не грешам прават и во њу борн и може да е поефтинко.Ти посакувам успех мила
     
    На Daisy 44 и Bubce38 им се допаѓа ова.
  6. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Мене матичниот гиниколог ми даде упат за имунологија, она ништо не напиша што треба да се испита, мислам дека беше само дијагноза стерилитет. Отидов прво во зградата на имунологија, таму се видов со една девојка (дали беше докторка навистина незнам). Она ми напиша на ливче што да испитам. Пишуваше да се испитаат генетски мутации, антитела и хла типизација.За сопругот само антитела и хла типизација. Со тоа ливче отидовме да ни земат крв (црвени бараки, ќе ти објаснат точно каде). Искрено не памтам точно колку плативме, ама знам дека за генетски мутации и антитела платив околу 2000 и нешто денари. Хла типизацијата е поскапа ама доколку се запишете во регистарот на дарители на коскена срцевина е бесплатна.(Колку навистина е од корист да ја правиш незнам). Ги чекавме резултатите околу недела дена за антителата, две недели за генетски мутации и околу два месеци за хла типизација. Ти даваат тел број, им пишуваш па они ти пишуваат кога ти се готови резултатите. Со последните резултати им пишав дека сакам да се видам со др.Петличковски, па ми вратија кое време да отидам на Имунологија.Извини многу се распишував, ама со цел колку можам да помогнам:)
    Едит: Заборавив да напишам за сопругот, доколку и он прави испитувања ќе треба упат и за него од општ матичен лекар само со дијагноза стерилитет, мислам дека беше n96.
     
    Последна измена: 10 јануари 2020
    На Spiritus, natasam, 0ли и 3 други им се допаѓа ова.
  7. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    За каков упут да побараш, навистина не знам да ти кажам, бидејки јас правев во Грција.
    Првиот пат ми земаа примерок кога ми правеа хистероскопија, па после месец дена по завршувањето на антибиотиците, ми правеа биопсија со пипета.
    Тоа беше на обичен гинеколошки стол, воопшто не е болно.
    Пред интервенцијата ми рекоа само брускопан да се напијам, да ми се опуштила мускулатурата на матката, и навистина не осетив ништо.
    Разговарај со матичната, сигурно ке знае каде да те упати.

    Кога бев на консултација летово кај др. Глужанова во Њу Борн, ме прашуваше накој начин ми ја правеле биопсијата во Грција, кога и реков со пипета, мислам дека ми рече дака и тие на ист начин прават.
    Можеш телефонски и таму да прашаш.
    Можеби не ја разбрав добро, но мислам дека ми рече оти прават.
     
    На Spiritus, 0ли и bebaa им се допаѓа ова.
  8. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Па добро јас сами антитека треба,хла незнам што е и дали имам испитано,ама генетски имам.
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Нажалост не може мила.Јас сакав да ја земам од систина и да ја примам било каде низ клиниките,но и самите клиники не се нафаќаа да ми ја дадат,затоа што се прима под надзор.Кај нас систина и мислам дека и њу борн ја даваат,на клиника немаат,е сега да видиш во ремедика.Ова беше во 2018година.Можеш да си прашаш ако нема из
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.749
    Допаѓања:
    176.014
    Пол:
    Женски
    Има и на клиника интралипидна.
    Ама многу е комплицирано да дојдеш до неа.
    Инаку може и во друга болница да се прима. Барем мене така ми кажаа, дека би ми ја дале. За во Систина кажувам.
    И во Плодност ја даваат, ама таму чинам 8.000 ден ми беа рекле, пред година дена ова.
    @bebaa мислам дека со покачени антитела и извештај од интернист и гинеколог можеш и на клиника да ја земеш. Т.е ако 'сакаат' би ти ја дале.
     
    На Martka и bebaa им се допаѓа ова.
  11. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Тогаш кога ќе отидеш на имунологија со упат од матичен гиниколог и дијагноза стерилитет, ќе кажеш дека сакаш само анитела да испиташ и они ќе те упатат.Многу се фини и љубезни на имунологија. јас дури отидов порано од терминот и ми рекоа дека нема проблем, може во било кое време.Тоа се и други видови на анитела не само тироидни. Ако ти е само за антитироидни можеш и на другите клиники, не мораш на имунологија. Во секој случај нема да те кошта многу и би требало за брзо да имаш резултати. Јас чекав околу една недела тогаш за антитела.
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Женски
    Vi blagodaram

    Vi blagodaram mnogu na ubaviot odgovor i ubavite zelbi.
    Se nadevam na pozitivni odgovori za site nas tuka
     
    Последна измена од модератор: 10 јануари 2020
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Колку ми е жал, не видов дека си објавила.Најважно од се, нема да се откажеш:hug:
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.856
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш ако ја има на клиника борете се и досаѓајте и мислам дека ќе успеете,навистина инфузијата може човек да си ја дозволи,ама лежењето стварно е многу.Но што е тоа е.Јас морав така,а вие мили мои ако имате избор поминете поефтино.

    Беба еве сподели бубче,ја давале на клиника,ако ти препорача доктор и ако треба да ја примиш,прими ја таму и да поминеш поефтино,за лежење да не даваш толку пари.

    Никако откажување.Еден ден сите ќе успеете мили мои.Се,се само откажување НИКАКО
     
    Последна измена од модератор: 10 јануари 2020
    На Daisy 44, Broki5, Thallia и 4 други им се допаѓа ова.
  15. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5.000
    Допаѓања:
    34.790
    Пол:
    Женски
    Девојки лавици ме замисливте со биопсијата на ендометриумот... јас до крај на месец треба да правам дијаг.хистероскопија... за време на зафатот би можела да ми земат и примерок или мора после некое време ? Некако како се ближи времето малку не ми е сеедно...
     
    На Sienna_MK и eta им се допаѓа ова.
  16. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Штом ке правиш дијагностичка хистероскопија, за време на хистероскопијата можат да ти земат и примерок за биопсија на ендометријумот.
     
    На Sienna_MK и princess5 им се допаѓа ова.
  17. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Јас сега видов во документите што сум испитувала дека имам во хемолаб направено антитела на тироидна,лупус со некои други,и во ред се.Само некои системски АССА ми биле покачени,за што и Лазаревски и Трајковски а и трансфузиолозите рекоа дека не биле битни и страшни се покачувале при настинка.Ама други сепак сакам да испитам.Ке одам на имунологија и прво со имунолог ке разговарам со сите документи па нека каже што ми фали и кои антитела не ми се испитани.
     
  18. BlackHole

    BlackHole Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Женски
    @eta Првиот пат при хистероскопија ти зеле примерок во сала, а вториот пат кога правеше биопсија во ординација ти правеа или во сала во стерилни услови? Оти мене откако ми спомнаа ембриолозите за ЕРА тест ја прашував матичната за биопсија на ендометриум и таа ми рече стерилни услови треба заради ризик од инфекција, а исто и една членка од тука рече матичниот гинеколог истото и го рекол, ај те молам ако можеш одговори, баш ме интересира каде се прави.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Мила вториот пат, ми правеа после терапијата со антибиотик, за да видат дали е исчистено. Тоа беше во ординација на обичен гинеколошки стол со пипета.
    Значи те отвараат како кога ни земаат брис, и ја ставаат пипетата.
    Тоа е нешто како тенка, долга, стаклена цевка. Со неа влегуваат во матката и земаат мал дел од ендометријумот.
    Не знам зошто матичната вели дека може да дојде до инфекција?
    Немав ни крварење ниту пак болка осетив.
    Некогаш кога ми земаат брис, ми е поболно, отколку таа постапка.
     
    На 0ли и BlackHole им се допаѓа ова.
  20. cipiripi

    cipiripi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    524
    Девојки сакам да ве прашам дали некоја знае колку пари е испитување тромбофилија во гак со упот и кариотип во ману и за мене и за сопругот