Јас би ти препорачала со такси да си одиш. Сепак анестезија ќе имаш примено. Постапката трае од прилика 20 минути, па лежиш малку таму и кога ќе се чувствуваш подобро, си одиш.
Самата постапка трае 20 минути и после ќе полежиш уште некаде 2 саати. После може да си така малце малаксана , малце болки, најдобро со такси да си одиш
Здраво девојчиња..јас смогнав сила и надеж да се обидам пак. Собираме документи полека, се надевам до крајов на месецов ќе се комплетираме. Сакам да ве прашам за спермограм на Институт за хистологија дали примерокот може од дома да се однесе или таму има соодветна просторија? На сите што се во постапка им посакувам среќа, а на тие што успеаа честитки од ❤
Мене. 3x2 го пиев од пункција до 8 недела бременост, потоа цела 9та 3x1 и ми го прекина. За жал ако е тестот негатив, од Дабростонот ти касни неколку дена од последно испиено апче ќе добиеш не се секирај.
Другарки,ај ве молам кажете ми,кои обрасци од страната на ФЗО треба да ги доставам со документите,како што видов образец 1 ама дали треба и образец 3? Дали треба нешто плус од кај матичниот гинеколог? Копија од венчаница и од личните карти требаше само? Немедицинскиве документи да ги соберам
Ајде со лесно и со среќа. Поднеси си документи и за брзо време да си добиеш ваучер. Па заедно да ја тераме новата година со успех Треба да доставиш Образец 1 (Барање за БПО) и Образец 3 (Изјава за БПО).Матичниот гиниколог треба да ти го потпише Образец 2 (Предлог за БПО). Јас го испринтав и го однесов кај матичната па она ми го потпиша. Образец 1 и 3 ги потпишувате заедно со сопругот.Јас имав копија од венчаница и копии од лични карти.Тоа беше од немедицинските документи, ако не грешам
Еве ме мене пак со прашања , само што ми се јави ембриологот (понеделник правев пункција) и ми кажа дека сум имала 10 оплодено и дека одлучиле утре на 3 ден да ми ги враќаат. Мене не ми е јасно што е подобро дали на 5 ден или 3 ден, дали тоа влијае на успехот ?? Има ли позитивно искуство некој со 3 дневен трансфер ?
Јас. Не знам дали игра некакв улога тоа, дали на трет, дали на петти, може зависи од развојот на ембрионите, од пациентот, ама како ти кажал докторот, така е најдобро, секако. Со среќа и ти посакувам успешно ИВФ. Да ве прашам нешто девојки, на кој телефонски број ги добивате овие од ФЗО, на тие посочените телефони за консултации со доктори за ИВФ, не можам никого да добијам. На 02/3289-010 и 011 никој не се јавува.
После пункција ќе бидеш малку малаксана од анестезијата. Мене сестрата не сакаше да ме пушти да си одам ако не ме земе некој, ама ја излажав дека надвор ме чекаат па ме пушти. Си отидов дома со такви зашто маж ми не можеше да ме земе. Со среќа и со лесно.
Фала ти, со денови се обидував на броевиве да ги добијам. На овој од прва. Иако не беше баш многу љубезна и стрплива да ми објасни таа што ми се јави, се надевам дека ја разбрав. Прашањето до нив ми беше кои испитувања не треба да ги повторувам за вачуер за второ дете, а кои ми важат и конкретно за ХСГ-то, ми вика ‘‘операциите не треба‘‘, викам ‘‘ХСГ треба да правам значи, така?‘‘, ми вика ‘‘Значи ви кажав операцииите не траба!‘‘, па викам ‘‘ХСГ операција ли е?‘‘, и пак она ‘‘по трет пат ви кажувам, операциите не треба да се повторуваат‘‘... ОК..