@Marta30 so sreka I da se pofalis so dve crtki I visoka beta @Luni so lesno postapkata I plod da vrodi
Во недела немаш каде да испиташ? Едит. Па ако ти е шубе на втор ден, испитај кога ќе се вратиш, во среда.
Седиментација нема никаква поврзаност со денови од циклус и хормони воопшто, таа покажува дали има некаква инфекција или воспаление. Можеш кој ден сакаш да испиташ, може така ти рекле за со едно боцкање да ти земат крв за двете анализи (ако треба да испитуваш и хормони) Нешто слично како со пролактин и тироидни хормони, најчесто се испитуваат на трет ден а не се поврзани со ден од циклус.
Знам дека нема никаква поврзаност,затоа се зачудив кога ми рече на 3ти ден.. Ќе се јавам сега ќе прашам
Спермограм правевме пред 1.5 година...на резултаот стоесе астеноспермија ...докторот рече дека спрмограмот не многу лош, а другите мои резултати се во ред...во секој случај благодарам на одговорот ...изгледа ќе ни остане да се надеваме уште некое време природно
Можеби така ти рекол за ако имаш покачена, да има време да испиеш антибиотик и да се спушти. Само претпоставувам. А ти можеш да си испиташ кога ќе се вратиш, нема да е доцна.
Јас исто правев хсг кај Толовски, седиментација испитав ден или два пред да правам хсг. Кога се јавив да закажам само ме прашаа дали седиментацијата е добра и ми закажаа.Не си ограничена кога да испиташ седиментација, важно е да биде пред хсг и да биде ок.
Фостимон се боцка како ти кажале докторот/сестрите. Дозата е индивидуална со тоа и начинот на боцкање. Некои може и поткожно да боцкаат, некои мораат мускулно.
Јас одев до Ремедика секој ден мускулно ги примав ( во задник ) 4 прашоци со 2 водички ми мешаа. Читав после дека може и поткожно а и во самото упатство така пишува, ама како што ми кажаа така правев. Како ти кажаа тебе?