Едаш веќе се имаш видено со докторот, така? Ако тој така одлучил после прегледот, тоа е, така треба да си почнеш. Знам како е, си мисли човек дали добро прави, дали стварно треба да прави...јас во странство бев кога почнав, и се' испадна како подмачкано. Првин се пие микрогинон, јас 19 дена пиев...и се немав видено со докторот 3 месеци , па отидовме во мкд и ми рече на тој и тој датум прекини со микрогинонот, и значи 3 дена ништо не пиев, во тие 3 дена добив и тогаш почнав со суперфакт мислам.
Девојки го најдов Дхеа од 50 мг дали да го пијам цело или половина пошто немам испитано но имам слаб амх нели и ми препорача да го пијам... Воедно фирмата дали ви е позната
Од каде го набави јас тоа го гледав на интернет страна онлајн нарачка но дури за три месеци да стигни многу касно ми беше и ова го најдов во аптека ми го порачаа со 100 таблетки само незнам дали е јако од 50 мг ти имаше испитано или на своја рака го земаш?
Луни, јас пијам од истите како и Тина што ти пишала, ги набавив од една феминка и се од 25 мг,пијам по 2 на ден, не испитав дхеа колку ми е, ама ми ги препиша д-р Трајковски да пијам од 50 мг на ден.Почни да ги пиеш овие,а во меѓувреме порачај си од сајт додека да ти стигнат. Со лесно мила и само позитивно до целта!
На своја рака, и мене ми го препорача др. Од ГТЦ на први, ама мислам затворена е, и они го нарачуваа зашто немаа дозвола за тоа мислам па по нарачка го набавуваа и ми кажуваа кога ќе стигне ама не чекав долго. Ако ти е од аптека купено ваљда е ок.
Да ти кажам, по 10мин не ми беше гајле што ми рече докторот, колку што бев разочарана од резултатот. Жива се изедов што толку време се наканував да го направам хсг-то, до сега ќе родев 2 деца Ми е гајле што мисли тој, секој доктор го вика тоа, тој и претходно ми го рече истото кога бев да снимам масно ткиво на врат па ич него ставив на мисла.. Додека не почне мене да ми смета не планирам да бидам на диета
Фала мила ке почнам да ги пијам @tina2018 од аптека ми се би требало да се ок затоа ги зедов иако се мислев но немаше никаде едвај најдов амерички се гледам овие, а тие што ги имате вие турски се мислам така.. ајде како и да е од корист да се..
Амерички се и овие што ги пиеме, можеш и ти да ги нарачаш од iherb.com https://www.iherb.com/pr/Natrol/79750
И мене ми даде супрефакт и во Њу Борн се чудеа кога им кажав после тоа 6 месеци.Не се давало таква терапија на низок АМХ.Не знам,ти посакувам да успееш.
Luni слободно пиј ги цели. Јас пиам витамини со 300 мг дхеа.Имав испитано дхеа и добро ми беше. Го прашав сега докторот дали смеам да продолжам да ги пијам, ми рече слободно.Ги пијам веќе скоро 7-8 месеци.А и откако ги пијам имам многу повеќе фоликули и многу многу подобар фсх.
Се прават цисти од големи дози.Мене ми се направи и правев пункција на циста.25мг ,2 пати на ден е доволно.
Можеби, јас не сум имала таков проблем и се надевам ќе немам.Дхеа ми е во склоп на витамините кои ги пијам, а кои се пијат и пред забременување и за време на бремност.А и на последната консултација со докторот ми препорачаа да ги пијам. Верувам кај секого различно.
Баш ме замисли сега. Јас исто добив после 14 часот а испитував прогестерон следниот ден во 09-10 часот. Тогаш ми покажа 1,20. Може ќе бил во ред, ако сум го мерела малку покасно. Значи сепак стимулациите ми го имат толку покачено.За фсх секако е подобро да е пониско.
Еве ги, значи јас сум грешка.Не ми се верува, ги пијам толку време и мислам дека пијам со дхеа.Фала ти, ме просветли
@Luni Истите пред 2 недели ги купив од ГТЦ на 2ри кат, на штанд за боди билдери. Порано пиев слични по 50мг. дневно, сега по препорака од доктор 100мг. дневно. Го проверија 2 дена пред трансфер. Вредност страшно висока, ама ајде да се проба и ете се изненадија, имаше имплантација. Заврши неславно во 3ти месец, ама тоа секако не од прогестеронот, друго било сигурно.
Ехх ти се збуни оправдано е јас се замислив кога ми кажа дека ги пиеш 7 - 8 месеци во ред е да се збуниш, а замисли идам во аптека и барам дхеа ми дава дха абе велам различно е таа не скратеница е како да незнам што барам упорно ми ги даваше и велам ајде да порчитам со омега 3 се велам ова е хормон сосем различно...