Обично после две недели од поднесувањето можеш да ги контактираш. Барај ги на 31 јануари. Мене ми одобрија после 3 и пол недели откако поднесов.
Nemase nikogas za zamrznuvanje sekogas so ednen.embrion.najvekje dva rabotevme tezok.maski faktor a zelba golema
Dali vakva metoda ima kaj nas ova vo Ceska vo bolnica vidov dali vo New born.ima ili nema dali znaete.
Ова колку што можам да видам е laser assisted hatching, ја има кај нас мислам дека ја прават како редовна постапка при инвитро, барем во Њуборн кога го правев инвитрото, во документот ми пишуваше дека е направен laser assisted hatching. Незнам дали ја прават по другите клиники.
Здраво, јас сум новa во оваа тема. Читав неколку страни наназад, но не можам точно да најдам околу постпката и документи за ивф. На страната на фзом најдов, но многу конфузно напишано е некако Докторот ми кажа дека после последната 4та неуспешна иуи (што беше минатиот месец) , ќе ми напише писмо препорака за ивф. Понатака, со таа препорака и моите документи (прочитав треба и копии да си направам затоа што ги задржуваат оригиналите) одам во фзом, она кај социјално, па од таму ми даваат некои обрасци да пополнам (образец 1 и 4). Копии од книшка, лична карта на мене и сопругот. Е сега , прашањето ми е, дали можам со одобрениот ваучер да одам кај друг доктор (а не кај тој што ми ја напишал препораката), и каква е таа потврда за придонеси (нели нема плави картончиња веќе). И дали има врска што инсеминациите се правени во период од 2 години (првата е 2018 последната декември 2020). Со машки фактор сме. Женски фактор нема.
Добредојде Heidy, се надевам нема да се задржиш долго овде. Потврда за придонеси не треба, ги имаат сите податоци електронски. Фотокопии ќе ти требаат при инвитро постапката за докторот да има увид во вашата состојба. Откако ќе го земеш ваучерот можеш да одиш кај сакаш, тоа е твое право. Направи си консултација со докторот кај што планираш да правиш инвитро, па потоа барај упат од матичен. Во врска со инсеминациите не можам да ти помогнам, не сум правела, најдобро јави се во фонд и прашај. Ти посакувам успех.
Јас по хсг бев на консултација кај Лазаревски. Ми рече вака.. девојче за отпушување не станува збоор, лоши се каналите, хидросалпични. Тоа во нив течноста што ја има лоша е, ни со ин витро нема да може да останеш бремена, но како е господ никој не е. Може да пробаш без да ги отстраниш со ин витро но при пункција ке ги исчистиме малку ако е можно. Не ризикувај, отстрани и дојди. И јас го послушав. Оди си со резултатот кај доктор кај кој мислиш да правиш ин витро и консултирај се. И батали.што рекол тој, да ти јаде уши И јас имам некој кг плус па сега не може сите идеални да се.
Те молам доколку се јавиш во фонд и прашаш за инсеминациите информирај ме и мене тоа ме интересира. Благодарам. Поздрав
- Пап тест не постар од 1 година - Брисеви не постари од 6 месеци -хормонален статус на трет ден од циклус не постари од 6 месеци -инфективен скрининг за двајцата не постари од 6 месеци - 2 спермограми не постари од 1 година и минимум 1 месец разлика меѓу двата - ХСГ ( и др интервенции ако имаш) - 4 инсеминации - Крвна слика твоја со гликемија - копија од лични карти и венчаница Образците можеш да ги најдеш на страната на фзо,спушти си ги и попОлни ги,еден од нив го однесеш кај матичниот гинеколог да ти го завери. Ова поднесов јас минатата недела,СО СРЕЌА!
Сакам да си закажам консултации во new born кај др. Трајковски, дали имате број од сестрата? Се плаќа консултација кај нив?
Не се плакаше консултација поранома мислам и сега.Нема посебна сестра он,не е како во систина.Звони во њуборн и ке ти закажат.
Жени јас веќе два месеци мака мачев со ешерихија коли во урина и никако не можев да ја ичистам за да почнам со инвитро.Пиев антибиотик веќе не знам колку,пиев чај од диво оригано,масло од диво оригано,брусницин и никако не биваше веќе почна да ме фаќа нервоза. Ама добив совет и еве тука сакам да споделам мене што ми помогна и за рок од 15 дена ја исчистив.Пиев урифост тоа е прашок 3 дена тоа е антибиотик фосфомицин што е најново дека е најделотворен за ешерихија,Уриројал исто така е прашок ама на прородна база 7 дена и навечер топлев ракија и во неа рендав малку жив корен од ѓумбир, да зоврие,оставав малку една мин да постои,ја прецедував и на влошка ставав и цела ноќ ја носев влошката и еве конечно ја нема.Еве еден совет од мене се надевам на некој ќе му помогне.Јас не знам што не пробав ама никако не биваше и еве ова ми беше спасот
Devojcinja, da ve prasam, gi kompletiram site dokumenti za in vitro da apliciram. Ama ne sum mazena, za vonbracna zaednica treba nekakva izjava da potpiseme, pa dali nekoja ima takvo iskustvo?
Да, јас На нотар ќе потпишете изјава за вонбрачна заедница едноставно да пишува колку време сте во вонбрачна заедница и за што Ви треба во овој случај за ваучер. Носи го документот од фондот каде што пишува кои потребни документи требаат за точно да наведат ваучер за биомедицинско потпомогнато... Нас прво не пратија кај адвокат да ја состави изјавата, па назад кај нотар да ја заверат, ќе кажете единствено за ова Ви треба да не Ве замараат и сведоци да барате