Една информација да побарам од поискусните какви треба да се вредностите на тхс хормонот(тироидна)? Прават проблем ако е 4 вредноста?
Да, и јас го правев на 21 ден на ГАК Чудно ептен, да се труе за џабе со антибиотик. Кога му кажав на маж ми, ми вика нема шанси
Така е, се согласувам со monka, мене естрадиолот ми беше 900 и нешто два дена пред пункција па имав исто 13 јајце клетки.Баш бев загрижена тогаш за естрадиолот, ама не е секогаш правило за тоа колку јајце клетки ќе има.Се до пункција неможе да се знае точно. Ако мислиш за Фондот, не прават проблем, но за инвитро би било добро да биде под 2,5.
За естрадиолот имав јас пишувано после стимулација откако консултирав ендокринолог, и ставот беше дека во идеални услови со стимулацијата што ја примаме треба секојдневно да се дуплира. Арно ама не секогаш е така, кај некоја се зголемува под 50% дневно, кај некоја и над 70%. Со еден зрел фоликул би требало да има 150-200 Е2, што било просек а не правило. Јас два дена пред пункција имав 3300 естрадиол, и имав 17јк од кои 14 зрели, другиот ден созреала уште една.
Со фонд завршив работа, сега од четврток треба да почнам и прашањето ми беше дали даваст терапија за тоа?
Јас пред почетокот на стимулации направи маж ми спермокултура и наод уреден др Лазаревски ни даде цитерал да пие 5 дена и јас се зачудив, зошто не прашав есноставно овој пат молчев не прашував зада не утнам работа..
За 4 би требало да ти дадат.А и зависи од докторот.Јас кога одев во Ремедика со три и нешто, не ми дадоа терапија.Ја симнав со храна до 2,40.Во Њуборн сега пред следното инвитро побарав да ми дадат терпаија.Пијам Еуторикс од 25мг.
Da I jas bev dva pati taka so.klomifen ednas nemase transfer vtor pat neuspesno.sea doktorot mi.vika so priroden ciklus bez stimulacii nesto drugo e sigurno toa.
Ete koj bil,, krivecot,, znam deka nekoj pisuvase ama slabo pamtam iminja. Eve kaj e nedela, ama nekako mn nervozno ova ivf.
Колку што знам, да, прави, сите доктори советуваат да се намали пред инвитро, иако имало доста примери кои успеале и со повисока вредност.Сепак тсх, сам по себе не е толку значаен, важно е да испиташ и антитироидни тела.докторите кога го гледаат тсх обавезно гледаат и антитироидни тела.
Мама и малото јуначе Димитар сакаме да ви посакаме добро утро и многу среќа успешни постапки и многу другарчиња. Јас моето патување во ивф постапката го започнав лани овој месец ви посакувам на сите многу среќа полни мешиња па полни раце и темава да се испразни што побрзо П.с. ве поздравуваме со не исечени ноктиња
Знам дека е веќе излишно да се каже, ама пробај да најдеш нешто што те релаксира, тоа најмногу ти треба сега. Ако форумов ти прави било каков стрес пробај да го избегнеш. Овде сите си кажуваме искуства, а твоето може нема да е такво па џабе ќе се потресуваш. Само верувај дека се ќе биде добро. Ти посакувам многу среќа
Здраво на сите. Дали може да ми каже некој дали е ниска вредност бета хцг 15 ден од теансфер. Докторот ми рече дека е добро, и за 7 дена ехо. Имал ли некој ваква вредност, а сепак со уредна бременост? Бета 25.
Му реков да повторам во понеделник, рече нема потреба од тоа, за 7 до 10 дена на ехо. Јас сепак ќе одам во понеделник да ја проверам пак. Фала ти на одговорот
Девојќи треба да почнам со микрогинон на 2 ден циклус.. се спремам за хистероскопија.. имам мака да го одредам помош.. вчера од сабајле почнаа капки онака слабо ( поминав со дневна улошка), а денес веќе нормално крварам.. дали да рачунам од вчера или денес прв ден? Совет? Фала..