Здраво девојки денес бев кај др Лазаревски ке почнам со микрогинон од втор ден на циклус ми рекоа како ке ми дојди така да и јавам на сестрата за да израчуна до кога да ги пијам.. Искуство дали се почнува истиот циклус или ке мора да чекам следен циклус пошто ми рече да се одморат јајниците малку...
Мила јас кога требаше да правам инсеминација естрадиолот ми беше висок и др ми даде милрогинон да пијам тој циклус за да се смират јајниците и нареден циклус ја правев инсеминацијата што значи од нареден ќе почнеш само здравје.Јас од утре почнувам со гонал ф па дај боже оваа 2020 да ни биде плодна и на сите полна рака бебчиња да има
Бев на консултација кај Трајковски и ми рече дека мора да се прави хистероскопија и лапароскопија. Каде е подобро да се прави, на државна или во Чаир? Кој доктор е подобар? Искуства? Колку би ме чинело тоа од прилика?
Каде и да правиш нема да згрешиш... во чаир го фалат др.Илиевски а на Гак јас правев само дијагностичка кај Др.Калчовски... ( читни во темата Хистероскопја и одлучи си сама)
Друштво од утре почнувам до клексани па ќе одам утре кај трансфузиологот да ми пише извештај ама не е ми е јасно колку да си купам инекции,вие по колку купувате и на колку време пуштате за рефундација.Треба ли уште нешто зс рефундација освен извештај од трансфузиолог и фискална?
Зависи колку ќе ти напише. Не мораш сите наеднаш да ги земаш, но мора последователно таа бројка да ја земеш, да нема прекин во датумите. Покрај извештај и фискална, треба сметкопотврда од аптеката, потврда од матичен доктор дека си ги примила толку и толку од тогаш до тогаш, копија од трансакциска сметка и Барање за рефундирање.
Мислиш нешто законски дали ни следува? Не, после трансфер само си отвараш боледување нели мора да одмараш инаку предходно не. Евентуално од матичен да земеш предходно со друга дијагноза, додека трае процедурата пошто за тоа ти е прашањето, ама мислам немаш потреба. На ден на пункција си земав ден од работа од год.одмор, од ден на трансфер си отворив боледување 2 недели од матичен и потоа од специјалист со комисија и.т.н.
Девојки, До кога сте примале клексани? Јас сум 10+5 и пред 2 недели бев на трансфузиологија и резултатите беа во ред колку можам да разберам и немав мислење од трансфузиолог, но докторот каде што правев ин витро рече уште 2 недели као превентивно. И сега матичната ми даде упат пак да проверам за некој ден. Дали до тогаш да си продолжам со клеканиве? Матичната ништо не ми кажа, а сестрата од ин витро рече да продолжам. Да не имал некој слична ситуација или барем да ми каже што е подобро.
3 пати бев од сабајле естрадиол кога ми проверуваа, тие денови каснев на работа, а останатите средби ги договаравме после 16ч со сестрите или докторот.
Јас сум 14та недела и сеуште примам фраксипарин. Кога го прашав др до кога ми рече еееее ќе видиме може и до крај. Сега треба да проверувам и јас на трансфузиологија па ќе видиме. Така да штом ти рекле да примаш ништо не прекинувај.
вас што сте од Скопје ви е многу полесно,јас планирам да извадам едно боледување од 5 дена да си ги покријам сите поединечни денови што ќе одам,среќа газдата ми е разбран па се договоривме така,ми се смачи цел одмор за по болници да го користам. Едит: валда можам да се договорам за естрадиол да си мерам кај нас па само да ги информирам телефонски,лудо ми е толку пат за едно боцкање,сериозно.