Да Е да, така е. Подобро земи си тогаш 2 недели за да земеш 90 % плата, ако земеш 7 дена (минимумот) 70% ќе ти дадат. А не е малце.
Мила а каква е таа сметкопотврда од аптека,вајда ќе треба да реќам да ми направат.Потврдата од матичен на крај да ми направи пред да поднесам за рефундација.Оф ич не ми е јасно ама ќе се снајдам Јас мила од утре почнувам и др ми рече здравје ако е успешно инвитрото до 12 недела обавезно ќе се боцкам
Заедно со фискалната речи им во аптеката да ти дадат и сметкопотврда, да ја пополнат таму. А потврда од матичен ќе земеш кога ќе ги примиш инекциите, на крај пред да поднесеш документи за рефундирање.
Мила јас правев во октомври во Чаир лапаро и хистеро заедно кај др Зоран Илиевски, ти го препорачувам нема грешка кај него премногу внимателен пред се професионален... Лежев 4 дена и платив 2700 денари... Јас двапати правев и секогаш ми отвараа боледување од самиот старт од почеток на терапијата и тоа првиот пат беше без препорака од ивф доктор а вториот со препорака дека е потребно боледување и мирување и потоа на комисија од како ке поминат 15 дена од матичен И јас така мислев дека следниот циклус дека овие се за да се смират јајниците но ми дојде чудно дека докторот ми рече ние ке израчунаме кога да прекинеш со микрогинонот ке се јавиш како ке ти дојде и на втор ден почнуваш со нив али не ги пиеш 21 ден порано ке ги прекинеш и ке ти кажеме кога ке почнеш..
Во ред, боледувања си отварала, а не ти следуваат слободни денови во време на постапката. Затоа и пишав погоре, ако сака може да си отвори порано боледување со друга дијагноза од матичен лекар
Јас го слушав докторот од ин витро и затоа околу 60 не ми беа рефундирани.Ако сакаш да ти се рефундираат со резултатот од трансфузиологија ќе зенеш упат од матичен гинеколог за во гинекологија државна соба бр.36 и со извештај од др.од ин витро ќе отидеш и ќе им кажеш терапија да ти препишат.
Кога одиш за мерење естрадиол докторот ти прави ехо, ги гледа и мери фоликулите, па одлучува дали евентуално ќе ти смени терапија, така што обично сите доктори сакаат да си таму, тешко дека ќе можеш со телефонско јавување да завршиш работа. Ако успееш вака со боледување да си покриеш деновите, најубаво, само што ќе ти задржат од платата.
значи од извештајот утре купуваш зависи колку ќе ти пише (немора сите од еднаш)во аптека бараш и сметкопотврда И КАЈ МАТИЧНАТА ДА СЕ ЈАВИШ ДЕКА ЌЕ ГИ ПРИМАШ ЗА ДА ТЕ ВНЕСЕ ВО СИСТЕМ ЗА ДА МОЖЕ на крај да ти даде потврда дека си ги примала. Со известајот сметките и сметкопотврди Потврдата и барање си поднесуваш на крајот (поднесуваш кога ќе ги избоцкаш тие од извештајот колку што се)
Сиггурен одговор немам но ако е се во ред на следниот циклус по неа...така ми рекоа кога прашав кога ќе почнеме (правев на 24ти...чекам циклус за контрола кај идф докторот и да започнам со инвитро)
Јас правев на клиника кај Тофоски, презадоволна сум од докторот, операцијата помина супер, ништо страшно. 3 дена бев во болница и платив 2.200ден.
Да само хистеро... затоа и реков незнам но циклус два не би било повеќе мислам... Колку и да е Ќе помине па ќе галиме мешиња негрижисе
Никогаш не сум се најавувала дека ќе примам и никогаш не ме внесувале во систем. Кога ќе помине боцкањето, одам по потврда и толку. Редовно ми рефундираат, проблем сум немала. Кај матичен гинеколог или кај општ лекар одиш за вакво нешто?
За кај опш матичен ми нагласија дека мора да ме внеле во новни "систем" за да можат на крај да ми ја издадат потврдата може кај гинеколог не е така нз... но јас од општата земав...затоа напоменав (штом земав извештај им се јавив и кажав дека од тој ден ќе се боцкам и така беше )