Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    259 глас(а)
    15,2%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    197 глас(а)
    11,6%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    58 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    35 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    19 глас(а)
    1,1%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    98 глас(а)
    5,8%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    79 глас(а)
    4,6%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    111 глас(а)
    6,5%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    106 глас(а)
    6,2%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    310 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    278 глас(а)
    16,3%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    32 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    48 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    9 глас(а)
    0,5%
  1. guardian

    guardian Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Јас не чувствувам ништо,никакви промени или болки,не ни знам од кога го имам,отидов лани на преглед кај матичниот гинеколог и ми кажа дека имам циста до десен јајник.Правев и тумор маркери се беше во ред,а кога отидов во систина рекоа не е циста хидросалпингс е.И двајцата рекоа нема да е пречка да останам бремена.Затоа прашав за лични искуства.На левиот јајник и левата туба немам ништо и се е во ред,тие фоликули ми се подобри. А каде ги вадеше и каква е процедурата?
     
  2. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Мила јас имав хидросалпингс ама на десен канал и др Лазаревски од Систина ми го виде и одма ме правеше операција лапаро и хистеро бидејќи од хидросалпингот излегува течност која е токсична за ембрионите и може да дојде до оплодување ама течноста да ги уништи и мене ми рекоа дека мора да се прави и дека инвитро без тоа средено нема шанси да се прави.Сега не знам за хидросалпингс на јајник ама сепак мислам дека треба да се консултираш и со други доктори.Според мене најдобро е да си го средиш тоа па после за инвитро да почнеш
     
    На Luni и guardian им се допаѓа ова.
  3. marijamarkoska

    marijamarkoska Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Девојчиња, во кои од приватниле лаб може да се провери bHCG со упат?
     
  4. MPR

    MPR Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2019
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Синлаб - за цена воопшто не сум сигурна, мислам дека беше 100 ден.
     
    На marijamarkoska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. guardian

    guardian Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Може ли ако не ти е проблем да ми објасниш каква е процедурата,колку време чекаше за после неа да правиш ивф и што се да очекувам? Фала ти за одговорот.
     
  6. Maya12

    Maya12 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2017
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Мила лапароскопија и хистероњкопија правев во Систина,еден ден остануваш и те пуштаат дома,јас реално за две недели бев како нова и верувај не е страшно ич,јас пред да правам бев многу исплашена ама верувај не е страшно.Јас не знам после колку време дозволуваат инвитро да се прави бидејќи мене ме советуваа 6 месеци после операцијата да пробуваме природно бидејќи јас само немам десен канал а др е супер и генски мутации имам,пробавме 6 месеци не останав бремена во ноември правев инсеминација ама беше неуспешна и еве сега во февруари почнав со инвитро по краток протокол
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  7. parisian chic

    parisian chic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    762
    Пол:
    Женски
    Најдобро да си побараш и друго мислење, ете јас ја однесов снимката од хсг кај двајца доктори, едниот ми рече нема потреба од лапароскопија и хистероскопија, другиот ми рече дека без тоа не би правел инвитро. Сепак најдобро е да се направи за да се види моменталната состојба и да се извади каналот ако е оштетен. Толку работи сме издржале, ќе го издржиме и тоа. :) Ти спомна дека веќе си во постапка, па не знам колку ќе ти користи ова. Ти посакувам да немаш никаков проблем и постапката да вроди со плод.
     
  8. guardian

    guardian Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Да,јас веќе имам закажано пункција,бидејќи цело време ме убедуваа дека нема да биде проблем,па ќе видиме.Правев и јас хсг уште лани.Ти благодарам
     
    На parisian chic му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Не можам никако во фонд да ги добијам
    :( ни на 016 ни на 068
     
  10. Lilijan7

    Lilijan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Ја исчитав темата на назад меѓутоа нема споделено многу искуства за ивф на спонтан циклус, особено не со понов датум. Дали некој може да сподели поново искуство на оваа тема или не мора искуство еве какво е вашето размислување или став на оваа тема - дали вреди да се троши време на ивф на спонтан циклус? Исто така доколку има некој и инфо за цени, ве молам споделете.
    Јас имам редовен циклус и немаме некој конкретен проблем, па некако мислам дека треба да пробам најпрво на спонтан циклус. Инаку правев и 4 инсеминации, но беа неуспешни.
     
    На Seda12 и Маја Т им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.646
    Допаѓања:
    175.056
    Пол:
    Женски
    Цени за на природен циклус во Систина од пред 2-3 месеци ( исти се сеуште)
    -Пункција 16.500 ден без анестезија ( 3000 ден плус ако сакаш анес)
    - Трансфер 43.500 ден.
    - Хормони ( не знам колку би мерела, еднаш минимум ќе мериш е2 и Лх) . 850 -900 ден е еден хормон.
    - Стоп инекција 2000 ден.
    Ова е за цените.
    За успех не знам што да ти кажам.
    Сум добивала јас јк на природен циклус, еднаш и две јк добив, а само една се оплоди. Е не сум дошла до бременост , но тоа е друга работа, важното е што и на спонтан циклус може да се дојде до ембриони ( макс два).
    Ама мое мислење е , штом имаш 4 иуи поднеси си за ваучер и пробај на стимулиран циклус, сепак не се малку пари да ги дадеш за на спонтан а ќе дојдеш до еден најмногу два ембриона. Ама можеби ќе добиеш , зошто нели не се знае дал ќе трефнете ановулаторен циклус
     
    На Лаура82, Kris80, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.698
    Пол:
    Женски
    Јас сакав да правам инвитро на спонтан циклус, после третата инсеминација.Ми здосади од инсеминациите и сакав да пробам со инвитро на спонтан.Во Ремедика кога прашав (во август месец) ми рекоа дека се вкупно кошта околу 66-67000 денари.(не ме фаќај збор, не се сеќавам на точната сума, ама тука некаде)Ми дадоа некоја минимална терапија и после прегнилот требаше да имам пункција ама фоликулот веќе имаше прснато, па откажавме.Направивме инсеминација па поднесов за ваучер. Мој совет кога веќе имаш 4 инсеминации, поднеси си за ваучер.Одлуката сепак е твоја. Знам и за позитивни искуства, колешка од работа има три дечиња со инвитро на спонатн.Првото едно детенце а второто близначиња:)

    Честитки :inlove::hug:

    Многу те мислев периодов, и ептен ептен се радувам :DНова надеж тука, само убави работи да се случуваат и убави вести да се шират:inlove::hug:

    Бубе и тебе те мислев периодов, те снема на кратко:) Па ми фалеше тука.Јас почнав со цетротиде околу 6 ден од стимулации (се надевам не грешам, ама тука некаде беше).Примив вкупно 4 цетротида до крај на стимулации.Заедно ги примав со бемфолата, една по друга и секогаш околу 16:30 часот. Јас бев кај др.Трајковски.
     
    Последна измена од модератор: 10 февруари 2020
    На LadyC, tina2018, Kris80 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Lilijan7

    Lilijan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам @Bubce38 и @Маја Т на споделеното искуство и мислење. Документи за ваучер секако ќе поднесам, ама најверојатно пред тоа ќе пробам и на спонтан циклус. Се разбира ќе видам какво мислење ќе има и докторот.
    Ви благодарам уште еднаш.
     
    На Sienna_MK му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sienna_MK

    Sienna_MK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    6.350
    Пол:
    Женски
    Мила еве јас што примав на спонтан циклус и колку ме чинеше, ова е за април 2019 во Њу Борн, само уште да допишам дека примав и кломифен 5 таблети од 50 мг, имав една јајце клетка ама ембрионот не се развиваше добро и не дојде до трансфер.Од лично искуство на др.Трајковски ми рече дека ретко успеваат ама сепак постои шанса зависно од состојбата на јајниците, не гледам причина зошто не би успеало ако се има предиспозиции, секако дека тоа ќе ти го потврди докторот.Со среќа и со лесно, па да ни се пофалиш за брзо време:)(fingers) IMG_2636.JPG
     
    На Lilijan7, Kris80 и BlackHole им се допаѓа ова.
  15. BlackHole

    BlackHole Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Женски
    Здраво @Lilijan7 , јас имам правено 5 ивф на спонтан циклус и имам пишувано за тоа, последното пред 3-4 месеци. Јас правам на спонтан циклус по препорака на доктор оти сум со истрошени резерви и ниско амх, а и јас не сакам и таа мала резерва што ја имам да ја трошам со јаки стимулации.
    За тоа дали е залудно трошење време не можам да кажам, кај мене конкретно не е оти речиси секоја пункција вадиме ј.к (што е навистина дури неверојатно за мојава ситуација), ама факт е дека процентот на успешност е помал кај спонтаното ивф заради бројот на ембриони што евентуално би се добиле (кај мене 1 или максимум 2) и нивниот квалитет во споредба со класичното ивф.

    Искрено, да имам избор би одела на класично ивф оти и ова спонтаново исто те троши, и психички и нешто помалку финансиски, а успешноста е помала. Јас немам успешно ивф на спонтан циклус, ама имам читано успешни приказни на форумов.

    Можам да ги споделам цените во Плодност, а од она што @Bubce38, @Маја Т и @Sienna_MK го споделија, Плодност се доста поскапи за спонтан циклус, таму вака одат цените:
    Пункција - 36000д. ако има ј.к, ако нема ј.к плаќаш 18500д. со анестезија и 15000 без анестезија.
    Трансфер - 67650д.
    Освен ова си ја плаќам стоп инекцијата, максимум 2000д. Мерење хормони не ми наплатиле, а и ембриоскопот не ми го наплатиле (а тој е 28000д.), не знам дали тоа им е пракса или мене не ми го наплаќаат како редовен пациент.
    Ако веќе ги имаш направено инсеминациите, поднеси си за ваучер па во консултација со докторот одлучи како ќе го искористиш.
    Со среќа!
     
    На Lilijan7 и marijamarkoska им се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.646
    Допаѓања:
    175.056
    Пол:
    Женски
    @BlackHole сакаш да кажеш дека при спонтан циклус се добива поНеквалитетен ембрион или јк, од колку при стимулиран? Како така да те разбрав, или грешка сум?
    Зш јас обратно мислам.

    @Sienna_MK и тебе не те сконтав баш. Што рекол Трајковски?
    ШТО ретко успева при спонтан ц?
    Бременост , или?
     
    На Kris80 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sienna_MK

    Sienna_MK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    6.350
    Пол:
    Женски
    Мила од тоа што Трајковски ми го рече, дека може да се извади ј.к ама оплодувањето не секогаш успева.Јас не дојдов до трансфер, сега дали тука зависи и од квалитетот на ј.к не ми го кажа тоа, само дека ретко успева
     
    На BlackHole и Bubce38 им се допаѓа ова.
  18. BlackHole

    BlackHole Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Женски
    @Bubce38 Не, не дека се добива понеквалитетен ембрион, туку дека најчесто потребно е повеќе од 1 циклус ивф за да се добие квалитетен ембрион и ретко кој стасува до трансфер од 1 спонтан ивф циклус и затоа пишав (според статистички податоци) процентот на успешност е помал, за разлика од класично ивф каде пак ретко кој не стигнал до трансфер и се добиваат повеќе ембриони од само 1 ивф циклус и голема е веројатноста од добиените ембриони некој/некои да се квалитетни. Мислам дека нешто слично и @Sienna_MK пиша од тоа што и кажал докторот.

    Ова во разговор ми го посочиле двајца ивф доктори, знаеш дека докторите се држат до статистики ама секогаш има исклучоци, зошто ние да не бидеме исклучок од мнозинството. Мислам дека и ти имаш добра бројка на ј.к баш од спонтани ивф циклуси.

    Едит: @Sienna_MK На тој листот што го имаш сликнато, на крајот пишува ЕТ 12300, тоа е цената за трансфер на спонтан циклус во Њу Борн? Поевтино е од пункција?
     
    Последна измена: 10 февруари 2020
    На Capricorn Taurus, Lilijan7, Sienna_MK и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.646
    Допаѓања:
    175.056
    Пол:
    Женски
    Сега те сконтав.
    Јас прво помислив дека во случај ако добиеме една јк и еден ембрион при стимулиран циклус, а исто добиеме една јк е еден Е при спонтан , оној од стимулираниот би бил поквалитетен и поуспешен.
    Затоа и реков дека го мислам спротивното.

    Инаку кај мене од 9 пункции до сега ( 5 пати стимулурани) само еднаш добив бластоциста. И тоа од чисто спонтан циклус, без грам хормони.
    Од 4- те пункции на природен ц два пати немаше јк, еднаш имаше а не се оплоди, еднаш имаше 2 јк од кои само едната се оплоди.
    И да, и кај мене статистички е подобар бројот на ембриони при стимулуран циклус.

    Да видам сега што ќе биде.
    Со модифицираниов:)
    Трети ден од боцкање ми е.
    ЛХ -то мирно е за сега:inlove::inlove:
     
    На Daisy 44, Anetaoh, ZvezdicaLea и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Sienna_MK

    Sienna_MK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    6.350
    Пол:
    Женски
    @BlackHole

    Едит: @Sienna_MK На тој листот што го имаш сликнато, на крајот пишува ЕТ 12300, тоа е цената за трансфер на спонтан циклус во Њу Борн? Поевтино е од пункција?[/QUOTE]

    Да мила, сестрата ми ја пиша и таа цена ако дојдам до трансфер, ама ова е цена од април 2019, сега можеби е поскапо.Само не напишав дека доколку нема ј.к да се пунктира тогаш и цената на пункција е половина од таа што стои на листот, значи околу 12 000 ден.
     
    На Lilijan7 и BlackHole им се допаѓа ова.