Сакам да ве прашам после хсг каков циклус имавте? Обично немам болки некои јаки. Саат два ме боли и ми доаѓа, овој пат умрев 2 дена од болки а само по неколку капки кафеаво ми тече денес..
Јас мислам дека ми течеше нормално како и пред хсг само болеше тапо два дена. Инаку ме боли додека да добијам тој ден исто како тебе 2 3 саати и толку. Мислам дека е нормално првиот циклус да биде малку пореметен
Здраво.Направивме инвитро за првпат по лонг протокол,трансфер на 14 февруари.Од 6 фоликули извадија само две јајце клетки (др ми биле празни) а имаме и тежок машки фактор.Се јавија и рекоа имаме одлични резултати, двете јк се оплодени,па двете и ми ги ставија.За тест ми рекоа да направам по 15 дена. На извештајот пишува дека се ставени два ембриони бластомери C4G1 и C4G2. Што значи тоа? Бидејќи ни е првпат и немаме појма од ништо,колкави ни се шансите за успех? Дали може и порано да направам тест? Морам ли цело време да лежам,ми пишаа 15 дена bed rest,скали никако и без физичка работа и напрегање.Ама цело време да лежам,се здрвив.Не чувствувам ништо,освен подуеност и гасови во стомак,од денес и слаба мигрена,ама јас тоа и онака си го имам со промена на времето.
Бластомер е баш добар ембрион. Никој не би можел да ти каже колкави се шансите за успех со сигурност. Што е до тебе и до докторот вие сте си ја завршиле работата. Сега веќе понатаму е Божја работа или среќа, кој како ќе го сфати е негова работа Не мора да лежиш по цел ден. Т.е слушај си го телото, како ќе ти каже тоа така прави. Само не се напрегај и наведнувај многу, скали избегавај и без тешка физичка активност и кревање тешко. Доволно е . Тест преку крв би покажал и на 8-ми ден од трансфер. Со среќа
Така е,се е во Божји раце сега,супер се чувствувам,позитивна сум и решени сме да одиме до крај,дури и да не успее.Фала ти многу и дај боже сите да имаме успешни приказни.
Леле, колку ми е жал.Сега уште посилна, нов предизвик пред тебе и ќе успее.Важно годинава мора да биде наша Порано или покасно мора да успее.
Јас и онака имам болна менструација цел живот,ама после ХСГ то умирав два месеци,невидена работа,пиев 400 мг бруфен и не ми поминуваше,глава од ѕид си мавав ама кај мене каналите беа запушени и пробија со контрастот па добив уреден наод најверојатно од ендометриозата ми биле запушени па претпоставувам од ендометриозата ми биле и прејаките болки после хсг и сумљам дека пак ми се запушиле а на лапарото докторот не ги проверил се водел по уредното хсг што можда ни е најголемата грешка. Кај тебе што излезе на хсг то? Се сеќавам дека и тебе многу те болеше и имаше нешто проблем со каналите така?
Така е, само не требало да биде сега, ќе биде следниот пат.Нема депресија, нема разочарување, нашето доправа доаѓа.Не прашував јас за трансфер, ама не е важно, членката што прашуваше може секако ќе го види одговорот.
Истите препораки ги дваат секаде, исто и мене ми беше кажано по скали, не.Од дома не излегов до 10-ти ден, најголем дел од времето го поминував во лежење.Иако мислам дека нема правила. Кај мене за жал беше неуспешно.Знам доста жени што од прв ден се во движење па пак имале успех. Најважно прави како ти се чувствуваш дека треба да правиш.Од болницата мене покрај другото ми беше кажано и да се движам заради подобра циркулација(ако ништо друго, барем од соба до соба). Најважно во се да бидеш умерена.Ти посакувам среќа и успех
Втор обид со замрзнати ембриони, 14 дена после трансфер позитивна beta ама многу ниска, сепак на среќата и немаше крај, прв позитивен резултат воопшто. Два дена покасно beta пониска од 1.Прекинав со терапија денес веќе трет ден, а крварење немам никакво, зошто циклусов не доаѓа, обично сум крварела и за време на терапија .
Да барем низ собите да се движам,чисто заради циркулацијата и да не се осеќам здрвена.Си реков ај првите 2,3 дена повеќе ќе лежам бидејќи и пат имаме до дома долг,во кола се тресев дур стигнеме по трансферот,мислам заби стискав дури .Ама за се др си внимавам.Фала ти
Сега уживај си, гледај филмчиња и читај добри книги.Ако ти е досадно, слободно пиши ни овде за симптоми какви имаш (и така за месец дена се надевам ќе одам и јас на трансфер пак, па добро ќе ми дојде плус искуство)Во секој случај, за две недели овде, задолжително да ни ја споделиш најубавата вест и да ни дадеш надеж на сите
Баш ми е жал, можам само да замислам како се чувствуваш Не грижи се за циклусот, ќе дојде, јас кога прекинав со терапија добив после три дена, а кога прашав во клиниката ми рекоа дека е нормално циклусот да се појави до најкасно 10 дена по прекинување на терапијата. Ако после 10 дена од прекинувањето на терапијата не добиеш тогаш може ќе треба да се види дали има некаков проблем.
Девојки утре ќе правам хсг,нешто да ми кажете плус ,што сте пиеле? Што сте јаделе претходниот ден ? Ми рекоа чај од нане неколку чаши.Малку ми е страв(премногу) а сакам да правам без аналгезија.
Ic ne se sekiraj, ne e strasno i kratko trae. Jas pred edna godina pravev, blaga bolka kako koga imas ciklus. Blockmax se napiv, naredniot den vekje vezbav. Moeto iskustvo e takvo, so lesno neka ti e
Јади си што ти се јаде само немој многу доцна. Чај пиј ако ти се пие Не е безболно ама е тотално издржливо. Мене после хсг-то тој ден и наредниот ме болеше како кога добивам, а самата процедура не ми беше нешто многу болна, се осеќа ама не е страшно, не се секирај. После ке ти даде докторот антибиоток да пиеш 5 дена.