Немаш потреба пред да правиш да се напиеш нешто против болка, а б6 испиј си да се опуштиш. Моето искуство не е беше страшно.
Воопшто да не се плашиш.Јас правев пред една година и бев страшно исплашена, за на крај воопшто да не почувствувам болка.Толку беше кратко што мислев дека допрва треба да почне За јадење и пиење мислам дека немаш некоја преопрака што треба а што не.После постапката, гиникологот што беше таму ми препиша само антибиотик да пијам неколку дена и толку.Со лесно и воопшто не мисли на страв, премногу е кратко, па дури и да почувствуваш болка ќе биде ептен кратка.
Јас не пиев ништо, никаква претходна подготовка. Одиш, легнуваш, и за 5 мин си готова. Јас болка не осетив никаква. Имав мало крварење после тоа, ама нормално е. Откако ќе помине ќе ти биде смешно за што си се плашела.
Мила, ти посакувам висока бета и трите душички да си останат во меше.Во исчекување сме на уште мешиња и ти да бидеш една од нив Мила, знам колку многу се надеваше, не тагувај премногу, биохемиска некогаш е добар знак, следното ќе биде позитивно до крајот После прекината терапија треба да добиеш најкасно до 7 дена, кај некои одма пробива независно од терапијата, биди спокојна и мисли позитивно за следниот обид Мила, јас после трансферот 2 дена лежев интензивно, после на четвртиот ден отидов пешки да примам прогестерон депо и пешачев 30 мин во еден правец, нема правила, само опушти се, можеш да правиш и кратки прошетки, сепак е добро за циркулација.Ти посакувам позитивна бета! Мила, јас пред ХСГ немав некоја посебна исхрана, бидејќи беше од сабајле правено отидов на гладно и претходно не пиев ништо за болки, не размислував многу, заврши кратко и следниот ден имав малку кафеав исцедок.Никакви болки после тоа,само смирено навистина брзо ќе помине
Falaaa edvaj se odluciv ama sega odam kako kako neka bide,mene vo 11 mi zakazaa,ke vidam moze ke se napijam a moze i nisto.
Јас дијазепам од 2 се напив по препорака на др. И супер поминав. Не се плаши многу кратко трае и подносливо е, ништо спектакуларно за да се плашиме и креваме паники. Кога ќе го поминеш истиве муабети ќе ги правиш и советуваш други што се плашат, ќе видиш.
Здраво идни мајки. Ако на некоја и треба клексани додека сте во постапка а не можете да ги рефундирате пишете ми порака имам 10 клексани ги подарувам.
За втор ваучер за прво дете дали треба да се прати и документот од трансферот и негативната бета или нема потреба? Инаку има поминато од тогаш една година.
Мене за вториот ваучер, ми го бараа и тој документ од негативната бета, од пункција и од трансферот од првиот пат
Кога бев во фонд во мојот град да прашам што треба за втор ваучер, ми кажаа нови брисеви, пап, 1 спермограм, крвни слики, (хсг и хистероскопија не, зошто ги имале во архива), и последниот извештај од негативното инвитро и бетата, јас така поднесов.
Ти си прашала и така ти кажале, а јас што имав спонтан, дали треба да поднесам таков документ,дали знаеш?Јас немам извештај од негативна бета
Од трансферот оригиналниот документ, мене тоа ми побараа за втор ваучер кога се јавив да прашам, бидејќи кај нас бетата беше позитивна првиот пат имаше бременост.
Девојки,среда пункција Фоликулите пораснале 18 мм и се спремни Дајте искуства, што би требала да знам
Јас само еднаш поднесов документ од негативна бета. Другите 2 пати Не поднесов, а не ми ни побараа. 4Д ехото е посекако направено после неуспешното ивф ( нели треба да е Не постаро од 6 мес) па се гледа дека нема бебе во матката
Во твојот случај валда само документ од трансфер претходен би ти требал, како што спомнаа членките. Најдобро прашај во фонд, јас биохемиска бев и иако имав ниска бета, која за 2 испитувања опаѓаше, и тоа го доставував (демек требало)
Така е мила, сега направив 3д/4д ехо, така да мислам дека тоа е доволно Значи треба и докумнетот од трансфер, ова не сум знаела, фала ти многу, на ехо се гледа дека нема бременост
Документ од последен трансфер и јас секогаш сум поднесувала. Тоа мора мислам. Само негативна бета не е неопходна. А ти ако имаш некој документ од спонтаниот можеш да го приложиш и него