Другите хормони ми се супер. Матичниот цело време ми дава бромергон. Јас настојував да ми даде и нешто појако како достинекс или други таблети,тој ми вика нема потреба тие таблети се за кога пролактинот ќе ти е над 100.
Дали некој има правено иуи во последователни циклуси? Дали за во фонд секогаш бараат да се исклучиво преку еден циклус?
Па мојата хемостаза и димерите се ок,ни за лапарото не ме боцнаа клексан,уште кога ми ја открија мутацијата Јани ми рече не мислам дека си за клексани,сега Трајковски ми вели да примам превентивно,зошто да примам ако не морам,му го реков тоа и на Трајковски па ми рече да се консултирам со трансфузиолог пред да одам на 21ви ден,со долг протокол сум. Имам чувство дека како бомбони почнаа да ги даваат клексаниве.
Фала многу. Тоа сакав да знам дали некој лично има такво искуство. Ако не постои шанса да ги прифатат, да не се мачам џабе.
Ако ти е се ок превентивно можеби фраксипарини би ти дале... инаку во право си скоро сите ги примаме... еве на пр Јани вели 15дена пред трансвер а др Трајковски вели штом добијам освен ден пред пункција мислам беше кога ќе одам следен пат ќе ми кажат сигг... јас за дијагностичката не очекував но Јани рече ај да ги провериме и по резултатот одма од денот на интервенцијата 7дена се боцкав... Пак ќе кажаам не сум стручна но ако се е ок можеби и немора клексани ... ќе видиш како ќе е... и како ќе одлучат
Девојки, ај некоја што правела ХЛА типизација и крос мечинг на имунологија нека сподели цена, на трансфузиологија денес ми рекоа дека е над 6000?
Кај мене мутациите се во ред, а димерите варираа, и примам Фраксипарини од 31.12.19 до денес, заради скратени времиња на крварење, а моментално нормални димери. Трансфер имав на 16.01.20, од тогаш немам прекинато со боцкање
Хла типизација ако пополните формулари за донатори е бесплатно а ако не се плаќа за 1 над 6 7000 нз која беше цената... но е релативно скапо
Да, читав нешто низ темава дека има такво нешто, ќе прашам утре. Само мислам дека на имунологија не прават крос мечинг, и дали може само тоа да се направи на трансфузиологија без типизација..
Моите беа правени јули па август 2018 па 2 месеци пауза па потоа ноември па декември 2018.Јас така ги направив и ми одобрија ваучер.Со лесно мила
И јас имав такво чувство дека како бонбони ги даваат и предходно коментирав пред да знам што значат дека и да ми ги препишат нема да ги аплицирам, но не е така. Веќе си се одлучила за ивф специјалист и терај според негови правила и насоки, доктор е знае зашто ги дава. Јас барем така си реков кога си го избрав докторот се што ќе ми каже ќе го послушам, ќе му верувам и не се противречам..само така може да дојде до успех Така и беше, дај боже и кај тебе што би рекла Бубче од прва да ги збрцаш, не едно две Не се оптоварувај дали треба или не треба, ифв правиш и хормоните што ги примаме не треба да ги примаме или може и со помалку да поминеме па ги примаме од повеќе и сл...ама тоа е. Со толку хормони ќе бидеш набуфкана, ти за фраксипариниве се фати ... ма ќе ти бидат из шале ... Со лесно во постапка другарке, стискам палци
За трансфер 450 евра? Грешка да не си? Да не ти рекле 45.000 ден случајно? Не верувам толку да ја намалиле цената. Или пак и во Систина почнале да наплаќаат посебно за оплодувањето. Друга логика ми нема
Остај се,си викам да избегнам боцки уште и стресови со рефундирања,тешко ми дојде некако ова,стресно,си имав анксиозност и таман бев ок,осеќам почна да ме дрмат пак. Вие како го поднесовте првиот пат сето ова?
Девојки, Имам да подарам неколку работи кои не ми требаат слободно доколку има некој потреба нека пише. Пролутекс - 1 Елова - 18 кесички Метформин - Сиофор - 3 ленти Естрофен - 39 таблетки Фолна Jamieson - искрено не знам колку има ама 100 таблетки сигуно има.
Првиот пат најтешко пројдов. Сите тие боцкања по швајцарски саат, исчекувањето, таблети вакви онакви, прегледи , давање крв за хормони... Све ми беше тешко. Како теле бев, ништо не разбирав. Сега све ми изгледа толку лесно и едноставно. Држи се