Мене ми рече без донирани јајце клетки нема да имаш деца никогаш.Солзи ми дојдоа во канцеларијата/ординацијата.После 1год. природно сум бремена.
Ембрионот се делел до 8 клеточен потоа бил морула па бластоциста.Со консултација на докторите Трајковски,Тања, Таше, сите ми кажаја дека не можи 16 клеточен ембрион (не постои) ми побараја слика од ембрионот никој не ми даде.На денот на трансферот ми мереа прогестерон само мене од 6 пациентки, прогестеронот ми беше 1 бил многу низок требало над 2.5 да биди,примав на секој 4 дена прегнил инекција за позитивен резултат.4 ивф имам направено сите на приватно бидејќи АМХ ми е 0.08.Сега сум во постапка во Солун со донирани јајце клетки.
Лошо искуство , незаинтересиран максимално , но јас би ти препорачала да си отидеш , секој е приказна за себе , не се базирај само на искуства
ДА девојче , за позитивно да завршела работата.А кога му се јавив тие знаеја дека негативен е резултатот.Многу згрешив што пробував со мој јајце клетки, иако се знаеше од почеток дека нема да се успее.Јас на 32 години одам со донирани.Солун воопшто не се нафатија да се проба со мој.Сите доктори ми кажуваа само една предност имаш што си премлада за оваа работа.
Првпат слушам дека даваат прегнил после трансфер. Си реков у брзање да не си помешала со прогестерон депо или пролутекс. Инаку вредност од 1 прогестерон на ден на трансфер не е 'слаб и лош'резултат. Како и да е . Ти посакувам среќа во Солун
Фала многу исто и вас.Господ еден ден ке не дарува со деца сите само верба во него да имаме. Инаку примав јас секој ден пролутекс, кринон гел.
So uspeh I Plod da vrodi postapkata vo Solun. I Jas sum so donirani I odime za transfer krajot na Mart vo Ceska. Pozdrav
Ajde i kaj tebe so plod da se vrodi postapkata,da završat što poskoro makite što gi imame.Jas vo juni ke odam za transfer,vo maj mesec histeroskopija i sckerhing na Gak kaj Trajanova.
Целиот процес е многу стресен. Премногу исчекување има. Секое одење кај докторот е стресно, има/нема фоликули, има/нема ј.к, се оплодиле или не, има/нема трансфер... Боцките најмал проблем ќе ти бидат, ќе се навикнеш. А ако не си од градот кај што правиш ивф, тоа пак плус стрес создава. Јас првото ивф најлесно го поминав, немав премногу информации, со леснотија правев се што ќе ми кажеа сестрите и докторот и мислев ќе биде од прва. Планина ќе поместев тогаш, толку сила имав. Затоа пак неуспехот многу тешко го поднесов, мене тогаш ме „удри“ целиот стрес од постапката. Кај секого е различно. Пробај да се справиш со анксиозноста, најди начин како што си се справувала порано, не и дозволувај да ти се врати, оти нема да стане полесно. Никој, ама никој не знае како се чувствуваш ако не поминал низ овој процес. Голем дел од луѓето околу мене мислат дека ивф е 100% успешен процес, одиш на болница и оп, бебе. Ако им раскажам низ што поминувам, добивам сожалување. Само од човек што поминал низ ова добивам сочувство и поддршка, со поглед се разбираме. Затоа разговарај со некого кој ќе ти даде поддршка, пиши тука ако се чувствуваш нервозно, секако оваа тема е за поддршка, ќе се најде некој да ти одговори, супер се девојките тука и секогаш излегуваат во пресрет. Само позитивно и ќе биде. Ти посакувам од прва да ти успее
https://www.facebook.com/humanareprodukcijaibiopotpomognatooploduvanje/ Devojki sega ova go vidov na fb, pa mislam deka site treba da dademe podrska
Формирано е здружение "до бебе по патот на ин витро". Прецедателката на здружението вчера беше гостинка во утринската програма на Алфа телевизија, а зад вчера во утринската на Канал 5. Жената е одлична, ептен сликовито го објасни процесот, бидејки и самата ја водела истата битка, и успеала. Зборуваше и за проблемите што го имаме со државните институции, рефундирањето на клексаните, немањето на реагенси по лабараториите, терапијата што треба приватно да ја купуваме, а е многу скапа. Исто така покрената е и иницијатива од нивна страна да се зголеми бројот на ваучерите што ги покрива фондот барем на 5. Исто така во преговори биле и со приватните болници, да се има попусти за членовите на здружението.
Другарки,ве молам некоја да сподели дали била на антидепресиви во постапка и што мислите за ова,може да ми пишете и во инбокс.
Зависи што се пие и колкави дози. Обично ги намалуваат. Знам еден случај , и тоа со позитивен рез од ивф. Некои си 8 мес пред постапката беше на асентра и хелекс. Ги пиеше и за време на постапката. После позитивен тест почнаа да намалуваат доза , некаде во 14-15 та недела скроз ги укинаа. Пред пораѓај е женава веќе. нормално со психијатар се одредуваа дозите. Инаку за пред постапка да се почне со антидепресиви психијатрите се против. Или препорачуваат лунерба, б6, мелатонин..
Верувам. Појди си на психијатар со време. Иако мораш најпрво самата максимално да се потрудиш да си 'помогнеш'. Најпрво да сфатиш дека ивф-то не е воопшто страшен, болен и тежок процес. Знам дека си исплашена, милион прашања те мачат, те фаќа паника... Но мораш самата себе да се убедиш дека тоа е пат кој едноставно мора да го пројдеш, за еден ден да те огрее среќичката.