Мила јас имав хидросалпингс на десниот јајцевод,правев лапаро и хистеро и ми го извадија,направив една инсеминација неуспешна ама кога се консултирав за да пратам документи ми рекоа дека требало да направам уште три инсеминации бидејќи левиот канал ми бил прооден и затоа јас си одбрав да правам инвитро на приватно не ми се чекаше толку време.Ама ти за секок случај пак прашај си па ако нешто се сменило те молам сподели тука .Со лесно мила♥️ Мила јас зимам вигантол 8 капки ама за дозата треба да се косултираш со доктор бидејќи мене оваа доза ми ја препиша др Лазаревски оти рез од вит д ми беше силен недостиг
Со кој се консултираше? Со тие каде што вртиме на тел да прашаме дали е одобрен ваучерот? И јас ги имав прашано нив , ми рекоа мора 4 иуи. Ама јас си пратив со една иуи и добив ваучер. Инаку јас имам уредно хсг , ама имам ектопични бремености
Да мила со тие и тоа неколку пати ..Ах мене па ич не ми текна да пратам документи да пробам ..уф се истуфкав сега
Така е мила во право сиЕве искуство за сите со сличен проблем да си се обидат оти очигледно тие кај што звониме за консултација само истиот одговор на сите го даваат
Размисли си убаво пред да решиш, утре кога ќе сакаш постспка сигурно не би се решила на некој доктор од Санте, сепак во Систина се најдобрите доктори.
Мила ти препишал 2000 единици јас на пример поради силен недостиг на витамин д зимам 8 капки вигантол а тоа е 4000 единици
Како еден од основачите на здружението сакам да Ви појаснам. И да прашам конкретно од каде дојдовте до оваа информација? Официјално немаме потврда колкав попуст ќе се има, а во текот на наредната недела ќе знаеме како Здружение! Кога ќе знаеме ќе се објави јавно склучениот договор и Меморандум. Како со Њуборн така и со секоја институција ќе биде јавно објавено за се што Здружението прави, склучува соработки итн. Во однос на попуст : Здружението ќе направи све што може да издејствува да повеќе институции кој се инволвирани во ИВФ да склучи соработка! Здружението е невозможно и не може да влијае на одлуките на институциите колкав попуст ќе даваат и конкретно на што ќе даваат попуст!!!! Попуст си одредува самата институција и самата институција си одредува на што ќе дава попуст на членовите на Здружението!!! Попустите и поволностите ќе може да ги уважуваат само членови на Здружението со редовна уплата на чланарина!!! Чланарината месечна е 100ден, а по избор може и за неколку месеци однапред да си се уплати! Чланарината која е уплатена за 1мес на самата потврда издадена од по самиот Статут на Здружението ќе се добие потврда на која ќе има од-до кога е платена чланарината и за тој временски период членот може да го користи попустот. Пример е уплатена месечна чланарина за 1мес на 01.03.2020г. На потврдата ќе стои дека од 01.03.2020г до 01.04.2020г со таа потврда може да се користат поволностите на институциите со кој Здружението има потпишано Меморандум. За начинот на уплаќање имате на официјалната јавна страна на фб на Здружението! Додека се изработи веб страната начинот на уплаќање ќе е како тој објаснет на самата страна! Кога ќе се изработи веб страната ќе биде поедноставен начинит на уплата! Сепак да имаме разбирање дека не баш е ефтина изработка на веб страна, а Здружението од пред основање па и сеуште финансира све ид свој џеб без никаков надоместок и покритие! За подетални информации можете да ни пишете во порака на самата фб страна или на мејлот официјален на Здружението. Сепак Здружението се основаше само со една и единствена цел - да пациентите со ИВФ имаат полесен пат до Бебе, да за прво дете се има повеќе ваучери, да ИВФ со дониран матерјал е финансиски подостапна процедура, да потребната терапија е на позитивна листа итн. Да може секој оној кој е по овој пат се оствари како родител! Па затоа не само за попустот дека треба да сте членови! Туку да сте членови за да се поддржи Здружението и да сите заедно ги оствариме нашите цели и нашата заедничка борба! Со самото членство и Вие допринесувате да се направат промени! Колку сме повеќе толку сме по јаки и толку сме по моќни да успееме во нашите цели! Треба Државата да увиди дека сме многу со таков проблем со кој се соочуваме и дека сме гласни и соремни да дејствуваме! Затоа Ве повикуваме да ни помогнете! https://www.facebook.com/humanareprodukcijaibiopotpomognatooploduvanje/ Еве повелете и линк од нашата официјална фб страна каде ќе можете да ги следите сите промени и информации.
Другарки некој да не го има број на др Лазаревски? Ја барав сестра Анита не се јавува. Треба да почнам со боцки од втор ден а денес добив. Ми порани.
Немам број од Лазаревски, ама мислам со него само на меил комуницираат пациентките, или преку сестрата ( која викенд тешко да ја добиеш). Со какви инекции треба да почнеш од втор ден?
Мила јас го немам бројот на др Лазаревски ама еве ти маил slobodan.lazarevski@acibademsistina.mk пиши му на докторот и ќе ти врати сигурно.