И јас би сакала да знам согласно кој закон работи ФЗО како беше тоа...ако е управна постапка рок им е 2 недели....мора да има некаков рок и за нив за разгледување.
Девојки јас пак со нов проблем.Почнав да се спремам за второ инвитро и почнав со нови испитувања. На микробиолошките тестови сега имам нова бактерија Стрептокока.За првото инвитро се измачив со ентерококус.Колку што земав антибиотици така ми се појавуваа и други бактерии.Многу време ми одзема тогаш.Сега ми е страв дека пак нема да ја излечам брзо. Др.Трајковски ми даде да пијам ампицилин 500 мг, 10 дена.Пијам плус лактогин, брусницин и капсули од оригано.Ве молам ако имате искуство со оваа бактерија, споделете.
Фала Оли, јас пијам веќе мултивитамини со метил фолат и други б витамини. Дали мислиш да земам и плус Б-комплекс кога ќе почнам со антибиотикот?
Ако еднаш пиеш Б-комплекс, јас би зела уште еднаш во денот. Меѓу антибиотикот и другите витамини гледам два часа пред и потоа да има временско растојание.
Мила јас пред еден месец споделив баш едно мое искуство иако беше за ешерихија коли ми рекоа и за други бактерии дека е корисно.Покрај антибиотик,пробиотик и оли што ти препорача јас искрено спас видов од следниов рецепт:Топлев ракија скроз малку и во него рендав малку жив корен од ѓумбир,оставав малку една минута да постои поклопено,го процедував и на влошка ставав секоја вечер пред спиење и да стои до сабајле и во текот на денот понекогаш кога си идев од работа.Пробај мислам дека ништо нема да изгубиш,јас еве лично и мои пријателки многу помогна овој рецепт,се надевам и тебе ќе ти помогне
Другаркички, дали знаете Плодност со која банка соработува за кредит? Иначе, го најдов ембриологот прееска, рече 5000е за 8-9 ј. к. Советуваат на два пати да се делат по 4 за да има поголем успех. Спомна и хистероскопија, дали ќе има ефект за со донор не знам, ама можно е да одиме на консултација. Само со кредитов проблем, сега кој ќе одобри најмногу чекаме. Поз и убави вести да слушаме
Јас ја имав стрептокока агалактае. Не знам дали е истата како кај тебе, бидејки стрептокока бактеријата ја има во повеке видови. Кај мене беше присутна и во цервикс и во вагина. Според мое искуство, можам да кажам дека оваа бактерија најмногу се појавува кога организмот е под стрес. Барем кај мене беше така, ми се појави после двата спонтани, или кога сум била во ин витро постапка, кога ке се пореметеше нешто па ми ја одложуваа постапката. Последен пат ми се појави после второт спонтан летото 2018, и ја лечев скоро година дена. Но морам да напоменам дека поради спонтанот бев толку психички падната што се будев и легнував со плачење. Затоа, пробај да го контролираш стресот. Инаку пиев разни видови на антибиотици, со нив обавезно вагиналети како полигинекес, макмирор, тие со јод не знам како се викаа итн. Исто ставав и вагинален пробиотик вагисан. Последно пиев амоциклав и прскав еден вагинален раствор октиносепт мислам дека се викаше. После оваа терапија нема ми се појавено фала му на бога. Не знам дали беше од терапијата или од тоа што психички се смирив и си реков "што сака веке нека биде".
Devojki, denes zemav upat za homonalen status za3 den od ciklus, a seuste nemamdobieno, ke dobijam za dva dena, dali vazi do kraj na mesec ovoj upat iako pisuva deka e izdaden denes na 25.02