Isto i jas na 11.02. Kje ti pisam vo sreda, togas mi rekoa kje go razgleduvale mojot predmet, pa kaza nekoja od devojkite da se javam okolu 14-15h i naredniot den ako e pozitivno odgovoreno da si go zemam. Javi se ti ako ne utre, prasaj. Neizvesnosta ne ubiva..
@Маја Т , немаш пишано која стрептокока ти ја нашле на брисеви, јас имав streptococcus agalactiae, односно истата за која пиша и @eta дека ја имала и потпишувам се што кажала. И кај мене долго време се јавуваше и тоа секогаш при пад на имунитет, со години ја лечев и ја немаше извесен период, ама ми се појави после последниот неуспешен трансфер пак. Овој пат од стрес. Немај гајле, осетлива е на пеницилин и би требало лесно да се решиш од неа, особено ако ти се појавува прв пат. Последниот пат освен вагинално ја имав и на цервикс, а и во мокрача ми се појави и матичната ми препиша 10 дена алмацин + 10 дена вагинален антибиотик + 10 дена вагинален пробиотик. Јас, да бидам искрена, не ја послушав матичната, туку се сетив на еден разговор со ивф докторот кога му кажував за бактеријата и послушав тоа што тој ми кажа тогаш. Само 5 дена пиев антибиотик и 10 дена ставав вагинален пробиотик кој мислам многу ми помогна, од Грција го земав EcoVag Balance се викаше, и на наредните брисеви за чудо ја немаше. Што убави вести за ембриончето . Kолку време го чекаа да порасне до бластоциста, оти како што прочитав, пункцијата ти беше пред една недела? Со среќа на трансферот
Да,пред една недела беше. Денеска го замрзнаа,на 6 ти ден. Се развиваше многу споро ама како што ми јавуваше ембриологот многу квалитетно Ќе имам уште една блага стимулација од наредна недела,чекам циклус,а и така одлучив со надеж да имаме уште едно вакво јуначе па трансфер здравје потоа
Стварно јуначе твоево штом така долго се борело, не знаев дека повеќе од 5 дена ги чекаат за да се развијат до бластоцисти, ама еве Штом си одлучила така, терај си, па може и уште некое ембрионче ќе се развие . Пиши со каква стимулација ќе одите кога ќе одлучите. Со среќа!
Ги гледам гласовите на анкетата... Добро, навистина ли сите доктори на ГАК, вредат помалку од еден доктор во приватна здравствена установа?
откако поминав анестезиолог, прв ден на добиен циклус се јавив, меѓутоа ме ставиле за операција касно некој ден пред следен циклус(претпоставувам многу пациенти имаа) па пак одложивме за понаредниот и конечно ми закажаа на 10 ден од следен циклус, во деновите кога било најдобро да се прави.
Ретко некој има искуство од ГАК за да сподели и гласа, затоа се толку гласовите. Најголем дел не одат таму поради лош тим и лоши услови. При стимулација и оплодување да немаш опрема за крио презервација (замрзнување) е скоро катастрофа. Да добиеш 4-5 ембриони и да не можеш да ги искористиш е страшно. Плус тоа, гинеколог е само еден дел од ивф тим.. Ембриологот некогаш има поголема улога. Тоа на Гак е слабата карика.
Дај Боже да ја снема што побрзо, пред првото неуспешно инвитро се борев со две други и едвај ги решив, сега само што сакав да почнеме со друго инвитро, нова. Никогаш порано не сум имала, сега од каде почнаа да се јавуваат, навистина незнам.Незнам која стрептокока ја имам, резултатите ми ги кажаа преку телефон, сестрите од Њуборн, сега кога ќе одам на преглед, ќе прашам. Фала ти многу за споделеното искуство, баш ќе си го запишам вагиналниот пробиотик од Грција за ако имам прилика да си го земам.
Девојки, Здраво и од мене Почнавме постапка за ИВФ (прво) кај Др.Ивановски во Систина. На 3 ден од циклус почнав со Микрогинон, и од вчера почнав со Супрефакт 0,5.Тоа што ме мачи е дали Супрефактот го примам постојано 0,5 или намалувам на доза, поради тоа што во шемата што ми ја даде Ивановски вчера, пишува Супрефакт 0,5, 0,5, 0,3, 0,3, 0,3, 0,3, 0,3, а сестрата ми кажа буцкаш 0,5. И сега дилема
Здраво феминки,денес ми е 13-ти ден од трансфер,не чувствувам никакви болки,никакви симптоми.Бев во вц и кога се избришав приметив бледа крв.Значи не тече,само на бришење,ептен бледа,розеникава боја. Дали тоа значи дека не успеало инвитрото и дека ќе добијам? Чудно ми е бидејќи немам ниеден симптом дека ќе добијам.
Пролактинот повторно ми беше висок но не како до сега.Овој пат беше 30, па матичниот ми даде бромергон повторно. Па после терапија се надевам ќе ми биде добар и да можам да ги подадам документите во фондот.