Заборавив да прашам таму па да ве прашам декапептилот во фрижидер го чувате или во соба кај што не е вклучено греење? Па пред боцкање на собна? Ич не ми текнува како идеа работиве...
Во фрижидер. Го вадев од фрижидер и одма се боцкав. Без чекање да се приспособи на собната тт.Така ми кажаа.
Фала ти мила... срга станував да ги преместам јас во ладна соба ги оставив... а не прашав некако не очекував дека ќе почнам со боцки
Го има ценовникот онлајн http://plodnost.com.mk/plodnost-cenovnik-ivf.pdf Веројатно ти дал цена со икси (67650 пишува овде).
Другарки се стабилизирав па сега да почнам да замарам 1. Дали ви се случило од Микрогинон продолжено крварење,денес 11ти ден од циклус јас уште се мафтам со кафеави исцедоци и секојдневни влошки 2.Трајковски ми рече да одам на 21виот ден од циклус таман тој ден го пијам последното апче микрогинон,рече долг протокол па сигурно Супрефакт ќе ми даде ама спомна и за Клексан,прашањето ми е,одма би почнала со Клексани,па кога би зела јас извештај од трансфузиолог за рефундирање ако е така,или да го средам тоа сега со повреме и на кој основ би барала таков извештај? 3. Колку дена после завршување со Микрогинонот добивте,фактички колку дена се боцкам со супрефакт зошто нели од втор ден на циклус се почнуваат стимулации. Ќе замарам многу,осеќам...
Мила со клексани може ќе почнрш штом добиеш во меѓувреме закажи си на трансфузиолпгија и препрашај во борн од кога би ги почнала јас денес со декапептил на 2ден ке одам за стимулации... а со клексаните ми рече од прв ден кога ми кажав дека 5 дена пред циклус имам закажано кај Јани спомна штом ќе одам да почнам уште пред циклусот( но јас сум со високи ддимери) затоа прашај лани боцкав од 4ден од циклус (15дена пред трансфер)така и пиша др Јани во извештајот А за по микрогинонот околу 5до 7 дена ќе добиеш по завршувањето Пс. Ќе се дружиме периодов
Ок вака,Трајковски ми пиша за клексани од денот кога ќе почнам со супрефакт(21ви),не беше нешто дециден а и сигурна сум дека и да би почнала подоцна не би било проблем,21виот ден е е 9ти март,тогаш ми рече Трајковски да одам,е сега дали е паметно да си направам хемостаза претходно и да му пишам на Јани да ме прими на 9ти истиот ден да каже мислење и да пише извештај? Што мислите? За да не би одела пак СК само за трансфузиолог. Упат од матичен и ваучерот треба да ги однесам сега кога ќе почниме со протоколот така? Живи збунки сум.
За збунки исти сме јас мислев се ќе ми е јасно а напротив ко ништо да не ми е... такво чуство добив вчера Прашај го јани ако може најдобро во исти ден се да средиш... е за упатот и ваучерот мене ми рекоа на 2ден да однесам кога ќе почнам и со стимулации
Не... колку што разбрав со долг... пиев микрогинон од 21ден почнувам со декапептил па на 2ден со стимулации
Феминки само да ве известам дека не сум бремена.Сабајлево направив тест преку крв и дур да биднат резултатите,мене ми дојде .Како и да е,ќе одмориме,па со нови сили одиме на втор обид.Фала ви за поддршката
Јас пред некое време ги пишав цените за ивф на спонтан циклус во најголем дел од болниците низ државава врз основа на тоа што пишаа членки што правеле, пребарај низ темава и спореди си ги. Да знаеш само дека голема разлика во цени има низ болнициве. Исто така низ темава има искуства на членки што правеле, пребарај, прочитај си или прашај што те интересира. При ивф на спонтан циклус докторот го следи природниот циклус, од одреден ден од циклусот дава блага стимулација (тој одлучува дали ќе бидат таблети, инекции... индивидуално е) и ако има убави фоликули (1 до 2 најчесто) ги пунктира. Секако дека користат ICSI, спонтано ивф не значи и спонтано оплодување, откако ќе се извади ј.к се користат истите методи како и при класичното ивф. Ако се одлучиш за Плодност цените таму беа: 36000д пункција + ICSI, а ако не извадат ј.к пункцијата ја плаќаш 18500д со анестезија и 15000д без анестезија. Ако стигнеш до трансфер тој чини плус 67650д. Дали и тебе ти ги кажаа овие цени? Да не има некоја промена во меѓувреме.
1000 evra mi kaza doktorot se vkupno. I bidejki ke odime na spontan ciklus ako izvadime jk i se oplodi da ja cekame do blastocista i da napravime hatcing. Ako ne stigne do blastocista samo punkcija i oploduvanje plakas. E sigurno hatcingot se priplatuva. Gore dolu pak 2000 evra ke letnat, hormoni, folikulometrija tableti.
Не може да биде 1000еур вкупно, не знам зошто така ти рекол докторот, не верувам дека ги намалиле цените, истиот ценовник си стои на веб страната. Само трансферот е 1100еур, да не мислел на трансфер само? Или ти даде некаков попуст? Пункцијата се доплаќа плус околу 600еур ако има ј.к. Ако правите хечинг е 150еур плус. Терапии и се останато и повеќе од 2000еур доаѓа ако го истераш ивф-то до крај. И да, ако не стигне ембрионот до бластоциста ќе платиш само пункција и оплодување, околу 600еур.
Друшки ви се има ли случено кога ќе ставате утрогестан да имате и кафено да излегува.Јас ставам по две сабајле и две навечер и еве два дена веќе како кафено со бело протечува.Се јавив во Систина ми рекоа ако нема болки да не се секирам може капилар да е уф
Здраво феминки ☺ Дали некоја од вас сега брзо правела трансвер на замрзнати ембриони? Ме интерсира колку кошта целата постапка?