Не е болно воопшто јас правев без анастезија трае многу кратко нема ни една минута како убод и ја правев во систина
Девојки, дали мислите дека треба да се консултирам со трансфузиолог? Ги виде Др. Попович ми рече дека нема потреба од ништо друго, ни да испитам ни ништо.
Ова е навистина многу добар резултат, јас имам повеќе мутации од тебе, ми рекоа метил фолат од 1000 и аспирин 100.Ако не пиеш веќе, можеш само да си земеш метилирана фолна.Убаво ти кажал докторот.
Пијам имприл, без престан веќе цела година. После трансфер ми дава аспирин. Фала ти многу на одговорот
Вака,во Њуборн ми ги дадоа стимулациите и чекаме само да добијам да измерам естрадиол на 2 ден и да им јавам,е сега,еве денес уште не сум добила,што ако добијам утре? И да се снајдам да испитам во недела на втор ден нив ќе им го кажам резултатот дури понеделник и ќе ми е трет ден,проблем е тоа?
Здраво на сите! Долго време сум во оваа тема, и ве пратам. Многу работи од тука научив од споделеното искуство, па сега имам неколку прашања - може некоја веќе има искуство: Дали има некој правено ивф со донирана сперма (а е во брачна заедница)? Ако може малку помош околу процедурата? Ситуацијата ни е следна - 2 ивф преку фонд, 4 трансфери со замрзнати (заради хиперстимулација), 2 бремености - и двете завршени со абортус заради трисомија 21 и 16. Кариотипите ни се ОК на двајцата. Поради тоа што сме со лош спермограм (намален број, лоша морфологија и средно ниво на ДНК фрагментација), а не сакаме да пролонгираме уште многу - сакаме следен обид со донор на сперма да одиме. Дали може да се аплицира за ваучер но со дониран материјал? Некој искуство од некоја клиника за ова? поздрав
Мила ако добиеш по 16 часот утре ќе го рачунаш за прв ден а ако е порано најдобро да се консултираш со сестрите Пс. Само да споделам инфо како за петок 13ти почнав со стимулации (после доцнењето на циклусот конечно убава вест од и за мене )
Принцезичке ајде со лесно Не ме разбра,проблемот е ако добијам денес после 16 часот или утре,бидејќи вториот ден ќе ми биде во недела,и да се снајдам да го испитам во недела во Њуборн не работат,ќе мора во понеделник да им кажам резултат и ако е ок би почнала во понеделник,но тоа ќе ми е веќе трет ден,дали тое а е проблем ме интересираше? Не ми замерувајте,се плашам да не ја утниме работата.
Дали ти ги дадоа инекциите? Ако излезе да ти е втор ден во недела, ако успееш да провериш Е2, ќе му пишеш на докторот, ќе ти каже дали да почнеш со боцкање ако ти дале инекции.
Да Оли ги имам,убаво велиш незгодно или не ќе морам така,ама чисто сумњам дека би проверила естрадиол,приватните не работат,на државно ќе ме боцнат ама резултатите нема шанси истиот ден да ми дадат толку ли ќе е проблем ако имам баш вакво сценарио да почнам со стимулации на третиот ден?
Не е смак света и од 3 ден да почнеш со стимулации. Сум почнувала и од 2 и од 3 ден. Разлика скоро и да немало воопшто. Има многу кои почнуваат од трет ден. Не се коси
Зошто не им се јавиш денес? Прашај дали е проблем да се почне на трет ден или не. Само докторот може дилемава да ти ја реши, ќе ти рече може и ќе ти олесни, зошто ти е незгодно? Ич да не ти е, да си се јавиш и да се информираш за сè во врска со процедурата.
Најважно од се ти е да успееш да испиташ естрадиол, откако ќе ја знаеш вредноста, немаш проблем за Њуборн, докторот можеш да го добиеш во секое време, а и една од сестрите ми има кажано дека еден од броевите секогаш е кај некоја од сестрите и можеш да ги добиеш во секое време.Разговарај уште денес со докторот за ситуацијата, и дали би можела да почнеш со стимулации од трети ден (доколку така се случи).Од секогаш сум се секирала за овие викенди кога се паѓа, ама тоа е.Најважно што докторот е достапен во секое време.
Ѕвониш на бројот на Њу Борн ако го немаш од докторот некоја од сестрите се јавува и му пренесува на докторот па ќе ти преѕвонат,а естрадиол каде ќе испитуваш ,на државно?