Амин кај сите па и кај Мене Мене денес ме боцнаа мила за 2ден и почнувам да боцкам од денес (резултати ќе имаат тие јас не ни знам мислам ќе си почнеш од 2ден безразлика на резултатот ) Сепак земи јави им се ич нека не ти е незгодно и види може и тебе исто ко мене ќе ти кажат...и ајде заедно до високи бетиии
Факт е дека во недела никаде и никако не можам да дознаам резултат,можат само крв да ми земат и толку,завршена приказна,ако случајно успеам да дознаам резултат ќе му пишам на докторот,ама тешко.
Јави се во лабораторија и прашај за резултат истиот ден,ќе им кажеш дека се работи за инвитро не би требало да те одбијат,мене ми падна 2ри ден во сабота па ми завршија работа
Мила јас им кажав на дека ми е хитно треба да боцнам инекција за инвитромми е и резултатот го имав истиот ден ги замолив не прават проблем
Здраво девојки, повторно јас. Проблеми со пролактинот повторно. 15 дена бев на терапија со добростон и после завршувањето на терапијата денес испитав хормон пролактин и резултатите беа катастрофални, пролактинот ми се покачил на 50. Пред терапијата ми бесе 33 а сега после терапија 50 како е можно ? Го исконтактирав матичниот и ми рече да пробам со достинех 1 апче неделно во текот на 4 недели. Дали мислите дека е многу ? Некој искуство со овој пролактин? Да сменам исхрана или на што да обрнам внимание ? Убав ден на сите
Пролактинот ти е стрес хормон... да бидеш среќна опуштена и да немаш стрес најдобро би било и слушај си ги препораките на докторот
Поздрав Поздрав матилда има во Берна Фарм се за инвитро инекции,лекови и се друго што треба улица Цветан Димов бб 1000 Скопје Контакт тел: 02/2614-502 Работи секој ден од 08-22
Денес правев пункција на циста во Систина и ме чинесе 6550,цистата беше голема полна со крв тоа е било причина за доцнење на циклус и ми беше слаб.....имав и болка не е баш без болки и лежев 2 часа....
Ivanovski kaj nego sum i za ivf Sabale koga prasav na recepcija mi kaza deka pukanje na cista e 12 000 ama posto tuka pravam ivf toa e so druga cena.....
Здраво, Сакам да прашам колку време чекавте одговор од фондот за ваучер? Јас подадов документи на 17.02 но сеуште немам никаков одговор.
Дабростонот е прогестерон, и не е терапија за висок пролактин. Јас пиев 6 месеци достинекс по пола апче неделно бидејќи ми беше 40 пролактинот, и слезе на 5.. ама после еден месец пауза сега пак ми се качил на 20.. изгледа ќе треба редовно да ги пијам..
Во систина измерен естрадиол на 2 ден низок 20 и нешто, сестрата рече ок е пренесе на докторот и без тој и да ме види рече почнуваме на 4от ден ако нешто ти е за утеха ете има и на 4от ден а беа и работни денови плус, бев со долг протокол - мигронинон, супрефакт...
Со среќа ...подобро е да е низок,мене ми беше 30 и нешто и кога и реков на Тања таа рече подобро да е понизок
Аха,мене ми бил околу 50 Е2 досега ама уствари сум го мерела на трет ден секогаш. Инаку добив сабајлево,среќливката јас,од 7дена мене во недела ми се падна,ако успеам утре да дојдам до резултат ќе му пишам на докторот ако не понеделник,тоа е.