И мене не ми се верува кога помина, за една недела влегувам во осми Уште малку и ќе си го запознам човечето што го чекав со години и за коешто се борев. Многу измешани чувства: најголема љубов, среќа, страв, радост, паника... Ви ја посакувам што побрзо оваа состојба на сите и сите да си гушкаме барем по едно најслатко човече Знам дека ти се собра многу, но мораш малку да се опуштиш и да си попозитивна, ќе те изедат секирации вака. Ајде боцкај и секоја боцка со радост да ја чекаш, со секоја си чекор поблиску до она што го сакаш. Остави настрана сега други грижи, ова е најважно. Сè друго е споредно, а ова ќе помине како што треба, ќе си речеш џабе се јадев. Ајде позитивно, ќе биде добро, ќе видиш!
Благодарам на споделеното искуство, најважно од се е што си ја решила.И баш е за пофалба што во Систина ти излегле во пресрет за цената. Како што гледав во ценовникот на Њуборн, пункција на циста кошта 15000 денари. Како ќе биде кај мене, сеуште незнам. Ти посакувам побрзо опоравување и само со успех понатаму.
Девојки има некој број од Даниела Донева ендокринолог во 8 ми септември.Требаше да одам на преглед и ме вратија.Вие трудниците како завршувате работа и кај кого?Знам дека е ситуација,ама ако е хитно
Се јавив во клиниката ми рекоа дека пациенти како нас во постапка ќе си ги терале и немало шанси да не остават барем без пункција,ми олесна малку,Е2 на втор ден ми е 12,ок е тоа? Докторот одеше на трансфер,ќе му пренесат па чекам да ми јави.
Ете, ти реков. Какво оставање Супер е Е2. Ајде со лесно, ќе почнеш со боцки и убаво да си растат фоликулите
Во која болница си ако не е тајна? И дали праша после за трансфер или само за пункција не одлагаат? Фала
Другарки, утре 11 ден не рачунајки го денот на трансфер. Трансферот беше на 2 ден. Утре сакам да направам тест, само незнам дали да испитам бета или првин еден домашен. Не сум сигурна домашниот дали ке ми покаже уште како рано да е, ај жива нестрплива
Девојки јас пак 2 фоликули. Сега се 14 мм. Среда повторно контрола,ако се дај боже пораснати 17,18 мм ќе правиме пункција за два дена. Др сака да правиме без анестезија Има некој правено да сподели?? Минатиот пат со анестезија супер си поминав
Здраво на сите.. Јас денес требав да одам на контрола и деновиве да имам трансфер со замрзнати на спонтан циклус, но докторот рече да не доаѓам, да почекаме да видиме како ќе се развива ситуацијата со вирусов, така да ништо од трансфер месецов.
Во Њуборн сум,не прашав тоа,најбитна ми е пункцијата посекако планирам и да замрзнувам ембриончиња,се надевам ќе имаме за толку.
Мила, ти посакувам да се развијат фоликулите во убави ј.к, дали беше стимулирана овој пат? Без анестезија немам правено пункција ама за две ј.к ако се на еден јајник мислам дека не е многу болно.Со лесно!
Кај кој доктор си? Значи различни мислења.. некој, тераат некој не.. не сум паметна незнае човек што да реши..
Овој пат само со кломифен 5 дена. Боцки немав. Ама добро изреагирав. Сега уште да извадиме барем две Незнам,страшно ми делува ова без анестезија