Првиот пат кога поднесував е2 ми беше под граница, ми одобрија ваучер. Кога поднесував за втор, пролактинот ми беше малку повисок, го средив и поднесов. Еве уште чекам известување од фонд. Мое мислење, најдобро е да се во граници на нормалата, за да не те вратат. Од сите приватни болници кои можат да вршат такво испитување. Систина, Њу борн, Плодност...
Здраво на сите. На 9ти ден стимулации, естрадиолот ми е над 3000, а веќе 2-3 дена имам болки во јајниците (и тапи и остри) кои се засилуваат од ден на ден, особено ме боли кога одам во вц. Утре вечер примам стоп инјекција, пункција во понеделник. Имала ли некоја од вас болки за време на стимулации и доста висок естрадиол пред стоп инјекција? Инаку сум по краток протокол и се плашам од хиперстимулација. Не знам колку фоликули имам, не го ни прашав докторот, ама рече дека не е лошо.
Здраво девојки имаме закажано за спермограм на ГАК,но со ситуацијава претпоставувам нема да вршат испитувања дали има некој број да кажи да прашам што со упатот дали да презакуваме или по приватниве да одиме уште тоа ни остана од документи за ваучер поздрав
Не прават ни во приватниве спермограм сега. Вчера звонев во систина за истото, ми рекоа не може сега, јавете се за три недели...
Така знам и јас, ама мислев да не се сменило нешто. Ќе пробам во понеделник да ги добијам да видам што ќе кажат.
Дечки дали за непроодни јајцеводи бараат два спермограма или доволен е и еден? Зошто и така сме без инсеминации, два мислам дека се непотребни,според некоја логика...
Јас бев ист случај, не ни прашав, поднесувов два. Најдобро е да си прашаш во фондот, можеби и со еден ке завршиш работи.
Девојки како се достапни докторите сега за време на вирусов? Јас треба да почнам со ИВФ и ми е страв дека ке ме остават на пола
Во Њуборн е ок,по другите нз,не би те оставиле на пола никако,можеби би сугерирале само да одложиш ако можеш.