Zdravo zenski mnogu me interesira imav poveke embrioni i gi zamrznavme i posle zdravje za vrakanje se ide preku fondot ili mora privatno
Здраво девојки јас сум стара членка поради пасвортот мораше да отварам ново..иначе денес е многу радосен ден во нашето семејство золвами послем 9 години борба остана природно бремена со еден прооден канал затоа е заслужен еден доктор од скопје работи и приватно и со книшка за 2 месеца остана трудна примаше едни инекции секои 2 недели и на крај докторот и вети дека ќе остане трудна за само 4 месеца верувајте или не она на 1виот месец остана бремена тоа за нас е голем шок неа послем ова ја чекаше ифв немаше друго решение ама ете голем е господ..затоа би го препорачала на секого да проба зошто да не..иначе сум старата мелек2018.ако некој сака број од докторот нека пише порака..пријатен ден и се најубаво.
Кој доктор е ? Зошто по порака да се каже, а не јавно? Како да се крие нешто. Чудно ми дојде ова- Докторот и ветил дека ќе остане трудна за 4 месеци! Има ли "право" вакво нешто да се ветува? Немој да ме сфатиш погрешно. Но некако ме "вознемири" постов.. Со среќа на золва ти. Нека и е лесно до крај. Се радувам кога ќе прочитам дека некој успеал по толку долга борба.
Тоа што и ветил не згрешил плус нее тајна и не се крие ништо таа 9години се мачеше и тоа што го напишав и не се плашам од ништо ова е чиста вистина еве ќе објавам кој сака нека верува кој сака не јас навистина сакав да помогнам на некој кој има потреба ако треба и сама ќе.ја однесам до таму дај боже на сите да им помогне вреди да се проба пред ифв еве јас чекам да помине вирусов и ќе му се нацртам таму
Од старт напишав дека не сакам да ме сфатиш погрешно. Повеќе од свесна сум дека ова го споделуваш исклучиво со најдобра намера. Сум била кај докторов..
Во неговите намери не сумљам. Впрочем не сумљам дека било кој доктор има лоши намери. Сумљам во тоа - да ми вети дека ќе забременам тогаш и тогаш. Мене Не ми вети такво нешто. А и да ми ветеше... Шо знам како ќе 'гледав на тоа'. Дека е позитивен докторот , да, тоа тврдам. Дека детално прегледува и разгледува документи и извештаи , и тоа да. Друго за жал не може да стори. Поготово Не кај парови со идиопатски стерилитет. Има еден куп жени кои како од шала забременуваат со еден прооден канал. За среќа тоа и не е така "страшен проблем". Се надевам ме разбра што сакам да кажам. Ајде , за брзо и ти да ни се пофалиш Мелекче
Намерно пишувам нов пост. Дали го прекинавте процесот поради состојбава? Јас да. Редовната терапија ја пијам ама ми е страв да почнам пак стимулации. Вашите ставови за ситуацијава кои се?
Процес не се рачуна за почнат доколку веќе се стимулираш? Ти не си почната нели? Каква терапија примаш? Јас го терам процесот петок веројатно и пункција,планирам ако е се ок да одам до крај и со трансфер.
Мила релативно е за ставови... јас сум веќе пред пункција И веќе бев почната со стимулации и сум пред крај на целиот процес... ако ништо друго ова не држи присебни и со надеж дека се ќе биде добро
Последната стимулација ми беше во Јануари, конечно извадив јк ама не се оплоди. Планот ми беше сега Март да почнам нов процес, ради ситуацијава го откажав.
Јас ти пуштам среќа за успех. Јас не бев започната со процесот кога излезе ова. Плус и сум склона на бронхијална асма. Па ќе си седам мирно периодов. Така и јас мислев, Мај, Јуни ама ќе видам како ќе се одвиваат работиве. Може ќе чекам и некој месец плус.