Примаат пациенти кои веќе се во постапка не нови... барем така некни кажаа на тел кога сакаа да закажат... пс. Јас сум таму но веќе бев почната со стимулации пред мерките
@Gocim во оваа ситуација незнам како е за поднесување документи, јас пред 5 недели ги однесов во фонд во нашата општина тие ги праќаат во Ск и немам сеуште одговор. А и да имав нема шанси да почнам додека не заврши оваа состојба
Во постот не пишува ништо за нови или пациенти во процес. Работното време им е намалено. Ќе ги побарам утре и ке ви соопштам што ми кажале. Ќе прашам и за приватно дали може..
Jas denes zakazav pregled za vo cetvrtok.seuste ne sum vo faza na invitro, no imav edno neuspesno vekje.mislam deka nema problem za zakazuvanje.
Da togs podnesov ama mi pobaraa dopolnitelno histeroskopija i uste eden spermogram, gi odnesov i tie pri kraj na februari i uste nemam nikakov odgovor
Јас сакав да почнам ивф на спонтан циклус пред десетина дена, така бевме договорени со докторот. Уште тогаш имав голема дилема дали воопшто да одам до болница. Пред 10тина дена поинаква беше ситуацијата во државава и отидов. Нормално дека болниците ги преземаат сите мерки за заштита во ваква ситуација. Детална анкета за сите патувања надвор од државава и контакти на пациентот. Влегување без придружба, носење заштитни маски, дезинфицирање обувки, раце. Јас и цела облека пред влез си ја испрскав и со спреј за дезинфекција, за секој случај. Редуцирани прегледи, мал број на пациенти. Се дезинфицира нон стоп. Јас не почнав постапка и само на овој преглед останав. И да почнев, ако стигнев до трансфер немаше да правам. Ама сега, десет дена подоцна поинаква е ситуацијата. Расте број на заболени и починати. Ситуацијава во државава се влошува од ден на ден, ако ескалира и не се знае кој кому го пренесува вирусов не знам колку е оправдано да се оди по болници и тамошните пациенти, а и ние самите да се изложуваме на ризик. Јас не би одела. Не спаѓам во ризична група, принудно сум на одмор од работа и немам контакти со други луѓе, ама во најблиска фамилија имам здравствени работници кои секојдневно се во контакт со пациенти. Може да ми донесат дома вирус. Можеби сум носител без симптоми па можам да го пренесам некому, на докторот кој ме прегледува на пример, тој да и го пренесе на наредната пациентка итн., и ланецот на заболени да почне. И обратното важи. Затоа постојано се апелира да седиме дома за побрзо да заврши ситуацијава и да си продолжиме со животот. Секој сам нека одлучи како треба да постапи. Ако некој сепак сака да отпочне постапка, најмалку што може да направи е да одговори искрено на прашањата од анкетата за нашите патувања и контакти со заболени лица. Оти болниците сметаат на наша искреност и свест за општото здравје. Знам и такви што излажале. Доцна разбрав, инаку ќе ги пријавев во болницата. И најнајнајмал сомнеж да имаме дека сме носители на вирусот, да не одиме! Ако пак некој спаѓа во ризична група и е со хронични заболувања, самиот е свесен дека не треба ни да помисли да оди. Знам дека ивф постапките ни се една од најважните работи во нашите животи. Еве јас сум со истрошена резерва и секој циклус сакам да го искористам, ич немам време за чекање. Ама тоа е што е, сега сите сме во истата ситуација.
Друшки јас да ви кажам искрено во фрвруари имав неуспешно инвитро и требаше март да одмарам и од април да почнеме инвитро на природен циклус ама со оглед на ситуацијата дефинитивно бе почнувам додека не се среди се со коронава пред се поради моето здравје и здравјето на моето семејство ама сепак ова е мое мислење секој треба да се води според своите убедување.Дури и некако ми годи овој период фс речам одмор од се бидејќи мислите ми се на друго место и после 4 години за прв пат не размислувам за оваа тема.Еве ќе одморам додека се среди ситуацијата,па што сака нека биде
Девојки. Значи јас за мене лично си зборам. Мене ако ми требаа информации за тоа колку е опасен и контаген вирусов ке си побарав помош на друго место. Значи јас едноставно прашав како оди процесот за поддавање документи,и дали се примаат пациенти за нови процеси? Нема потреба од индивидуално објаснување. Секој си знае најдобро за себе..
Никој не рече дека сакаме да разубедиме некој или да солиме памет во врска со вирусот, секој си даде свое мислење. Не примаат нови пациенти, само тие што се во постапка. А и процедурата додека се стигне до почнување со постапката е малку долга(додека одобрат од комисија) па и со вирусов, којзнае до кога ќе се чека за разгледување на документите.
Девојка пиша дека закажала денес за во четврток. Како не примаат нови пациенти? Значи пред да се пише нешто треба добро да се размисли. Јас поставив прашање. Ако можам да добијам одговор добро, ако не пак добро. Овде сме сите да си помогнеме за информации така? Поздрав !
Девојката што пиша дека закажала е веќе пациентка во Борн секако дека ќе закаже бидејки ако добро се сеќавам требаше да прави трансфер со замрзнати Не е Нов пациент за клиниката позз
Девојката закажала за преглед, значи си пишува дека не е во процес? Каде прочита дека е пред трансфер?
@Маја Т ај просветли не дека веќе си пациент на Борн а не нов пациент... Пс .не реков дека е во процес туку дека е веќе пациент и требаше да прави трансфер но нешто се одложи ... А најдобро е да се јавиш па прашај може ќе ти закажат иако пред мене видов како им одложија со ваучер за месец дена а сеуште не беа меркиве вакви