Јас се осеќам ко најголем малер. Конечно дознав на што сум, дека треба да правам ивф, грото од документите ги имам, докторот ми вика супер фолекули, се ти е супер, праќај документи, и ова се задеси. Човек не може да здивне. Кој знае кога ќе одобруваат ваучери, па уште кога ќе се натрупаат сеа, ќе чекаме по три месеца за одговор.
Јас би сакала да ни дадат некаков одговор од фзо...ќе се состануваат ли онлајн можеби...или нема да разгледуваат воопшто. Да им пишеме маил? Или гледам министерот го прашуваат свашта па да му текнеше на некој да праша и за бпо
Пишете му на mail на министерот,или во некој од медиумите да му го постават прашањето,сигурно ќе одговори.
Не креваат. По 100 пати во денот звонам веке 2 денели . Барем да кренат и да речат не се надевајте и не чекајте.
И јас чекам. Значи ги пуштиле дома. Ќе си почекаме, со вирусов запре све. Се надевам само дека брзо ќе пројде па ќе продужиме со процесот.
Mojata punkcija zavrsi 22 j.k....primiv i edna inekcija za da ne dojde do hiperstimulacija koja me cinese1900 den....pa so gospot napred ocekuvame utre da mi se javat za da vidime kolku se oplodeni....
Девојки случајно да не знаете во мк каде може да ги најдеме овие инекции на моја блиска пријателка докторот и ги дал и рекол во косово дека ги има ама неможе да оди до таму затворени се границите.иначе се викат ехtencillin. Побаравме во мојот град ги нема.
Епа не и кажал докторот што може да земе како замена ако ги нема овде? Знае докторот дека границите се затворени. Ова не е антибиотик, нешто као пеницилин? Нека си го праша докторот што би можела да земе како замена. Нема начин како да ги набави од Косово или Србија.
Незнам искрено само ме замоли да прашам тука.праша во косово за два /три дена ќе и кажат дали ќе може да ги пратат.
Што бројка беше тоа 22 јк, бреееј, алал да ти е. Машала, сите да ти се оплодат, еден куп деца да си изродиш.
Само нека пројде и дури си мислам на приватно да идам. Не можам и со фзо да се фрустрирам. Сега ќе помине важноста на документите...па ќе бараат нови па со натрупаните барања ќе чекаме со месеци...
Ги нема во Македонија, јас земав од Грција пред околу месец дена и имам три од 1200000 единици, ако ги сакате, пиши адреса.
Пошто има некои во групава што правеле ИВФ, ме интересира колку чини со фонд во систина (со се комплет) и колку чини приватно без фонд. Да заврши вирусот, па треба да аплицирам. Па ако нема голема разлика, да не чекам. Како што читам, хаос ќе биде додека се дочека. Не ми се чека више. И ако не е успешно од прва, аплицираш за втор, и за трет ваучер можеш? И дали со еден ваучер, ако е неуспешно, може да ти чуваат замрзнати ембриони па само да ги внесат некој нареден циклус? Може глупости прашувам, ама не ми е јасно.
Од фзом имаш право на користење на 3 ваучери до прво живородено бебе. Ивф преку фондот е бесплатно. Цела терапија е покриена, пункција, трансфер и 2 или 3 лабаратории за проверка хормони. Можно е да теба да докупиш само неколку инекции приватно ( во ретки случаи доколку има потреба од тоа ) и тоа би било некоја сума одприлика 7-10.000 мкд. За ивф на приватно незнам, да не ширам дезинформации, но од прилика 2.500 евра. Нека појасни членка со лично искуство.