Така ми рече Трајковски, чисто да се види каква е ситуацијата, дека сум само со еден канал, а операцијата ми е правена пред 3 години. Првото инвитро ми е неуспешно, па да се исклучи можноста за хидросалпинг, дека каналот ми е слепен.
Ja pravev transfer vo vtornik....iako imav sovet za odlozuvanje sepak napravivme transfer a imav i za zamrznuvanje....se pridrzuvam na merkite...
Истото и на мене ми кажал, сега за сега трансферот го одложивме за мај, а ако не се смири ситуацијава и за покасно ке одложиме. Искрено, јас не ни сакав секако сега, додека е ово лудило и ми олесни кога и он ми го кажа истото. Чувајте се женички мили, ке дојде време и за трансфери само да сме сите живи и здрави
Ние направивме трансфер во вторникот,јас решив да одам до крај,не ми препорачаа одлагање,одев максимално заштитена. Така решив зошто на крајот на краиштата се е во Господови раце,така ми кажуваше интуицијата,така правев. Најбитно е како вие се осеќате,се ќе биде тогаш кога требало да биде .
Не се секирај, баш исто ми беше и мене после неуспешно инвитро. Кога прекинав со терапија следниот ден ми се појави кафеав исцедок и траеше некои 5-6 дена. Добив нормално дури после 7 дена. Кога го прашав докторот ми рече дека е нормално и дека во рок од 10 дена по престанување на терапијата би требало да се добие циклус. Ако и после 10 дена не добиеш како што треба, јави му се на докторот, ама мислам дека ќе биде како што треба.
Кај д-р Лазаревски си така? Како е кај него сега, имаше други пациентки денес? Претходната недела мислам дека беше на одмор и сега дека не прима пациентки, ти може дека си почнала од 16.03. Со инекции почна од тогаш? Иначе иксовите се фоликулите што ги видел.
Луѓе во врска со мојот предмет бев вчера во фондот во мојпт град, таму добив само грчење рамења и ми рекоа да се јавам на 016 каде што и го добив одговорот да пуштам само рез од хсг.. 100пати ѕвонев на 016 на 011 на 010 022 ниту еднаш не ми дигнаа слушалка.. На сајтот на фзо најдов број 080033222 зс права на осигурениците, но е непостоечки број, се јавував и на 076339180 на тој ми исклучуваат... Знаете ли некок друг број или мејл адреса конкретно за инвитро постапки бодејќо незнам веќе кој пат да го фатам..
Затоа ти пишав прошлиот пат мејл да напишеш, ти ја напишав и адресата. Во правилникот пишува треба да се достави приговор до Директорот на фондот. Не можеш како и да е приговор да кажеш усно на телефон,мора да е во пишана форма за да се архивира. Сигурно се ослободени голем број од работниците од работа затоа не креваат. Склопи еден детален мејл за твојата ситуација и прати го на адресата за ивф bpo@fzo.org.mk Искуцај на word најубаво и атачирај го. А еве и броеви
Конечно ми дојде уфффф умало господ се издишив колку нервозно било да ти касни цела недела.. Утре одам втор ден од циклус нема откажување додека не биде работава, се слушнав со др. Лазаревски ми кажа прво да испитам естрадиол и прогрестерон па ке видеме дали ке почнеме пуштајте среќа мили мои...
Уште не ти пишаа? Каде да се обратиме тогаш? Ова е тортура веќе, се иживуваат со нас.. Како ние многу да сакаме да одиме по овој трнлив пат.. Никакво право не можеме да искористиме од државата, а болниците и фондот само нека лапаат пари од државата. Катастрофа..
Оффф зошто да е просто кога може да биде сложено Кафеав исцедок! Аман бе аман више! Бев у систина дежурна беше мислам дека др драгана и беше името. Покрај утогестанот ми даде добростон и метилирана фолна. И не еден ами ДВА сакуса има. У извештајот ризик од спонтан. А сега тапи болки како за добивање. Градите престанаа да болат. Абе ке си умрам од нервоза