Во која клиника ќе правиш, јас колку што знам нема дали ние сакаме(дури и на приватно да е) или како се осеќаме него како ќе одлучи клиниката. Еве Плодност не работат само помалите како Органџиски или Њу борн работат,за Ремедика кажаа не примаат и Систина исто. Тука читам дека некои ќе прават во Систина ама не знам како се примени кога самите кажуваат дека не примаат.
Девојки само да ви кажам верувале или не, и покрај хистеро и лапаро и 3 д што поднесов од фондот ми бараат дополнително да доставам и 2д со опис. Боље да ми речеа не разгледуваме. Си играат со нашата мака и чувства. Се изнаплакав денес. Не дека одма ќе го искоростев ваучерот но чувството е мизерно. Среќно на сите нека ни е мн трпение и сила и во оваа сресна ситуација уште повеќе.
Не ми беше со опис. Пишуваше само: состојба после лапаро-хистеро уредна. И тоа не мораше. Ама ајде викам да не им текне нешто да пратам и 3д.
Па јас кога правев 4д неодамна, докторот ми напиша опис, каква ми е матката , дали е правилна форма и големина, дали е кавумот добар,какви ми се јајниците,димензии, колку фоликули гледа на нив моментално итн. Комисијата веројатно сака да прочита што мисли специјалист за сликата. Они што ако ја гледаат сликата, може не се разбираат. Според некоја моја логика е ова, не значи дека сум во право.
Е се прекршиле. Јас и кога идам на редовен преглед па гинекологот не ме пушта без напишан извештај за се што видела. Барајте да ви пишуваат све, не си одете од нигде без лист доказ за било што. Им треба веројатно по детален опис за состојбата на матката и јајниците.
Ми се допаѓа вашето мислење. Во оваа борба треба да мислиме на све...кој што напишал, како напишал, колку време ќе изгубиме со тоа, дали ќе го бараат во фонд иако не пишува на правилникот...Јас мислев сите си ја вршат работата. Само треба сила, а јас се повеќе ја снемувам.
Мила многу ми е жал што вака те враќаат за ситница, може ли да ми кажеш кога ги поднесе документите и дали сега откако ќе им однесеш 2 Д ехо со опис ќе ти одобрат по автоматизам. Многу ме буни ова со разгледување да некои документи што се поднесени на крај на февруари, дали комисијата од претходно ги разгледала и донела одлука а сега веќе не разгледуваат, дури не се ни јавуваат на телефон, голем застој се прави ако не разгледуваат, барем тоа да тече редовно или со благ застој...
За жал во нашава земја мора така, мора да си бараме се сами и да замараме. Ама реално подобро да им доставиме и повеќе од тоа што бараат, за да нема за што да се фатат. Јас два пати правев хсг и имам две мислење од двајца доктори дека ми се непроодни јајцеводите, и едниот ми рече - нема потреба двете мислења да ги пратиш едно бараат, ама јас сепак и двете ќе ги пратам. Искрено јас сум мн благодарна што имаме можност за државен ваучер за ивф, не знам која друга земја го има тој луксуз, во повеќето земји ин витрото исклучиво иде на приватно и кошта ѓавол ипол. Не се обесхрабрувај, биди силна
Точно, се согласувам. Секој треба да постапи според сопствените убедувања. Моето мислење го искажав без намера да навредам или да уплашам некого, само ги срочив во една мисла неколку страни уназад што се пишува зошто фондот споро разгледуваат предмети, дека не може да се најде дел од терапијата што ја набавуваме од преку граница, дека сите термини за кариотип и трансфузиологија и хумана генетика и што ли уште не се откажани на неопределено.. Дури и болниците веќе не почнуваат со постапки за инвитро освен помалите што немаат оддел за хоспитализација. Сепак, како што кажав и во првиот пост, искрено ви посакувам среќа и со лесно на сите што имате храброст сега да го одите овој пат. Поздрав до некои помирни времиња.
Не знам и јас дали ќе одобрат, ни дали ќе ме примат за преглед за 2д...се е хаос. А и самите не знаат. Пред една недела ми рекоа не е разгледано и нема да разгледуваме, јавете се по 2 месеци. Денес ми кажуваат ова. Изгледа тој што дига слушалка не е информиран за ништо.
Ќе правам во Њу Борн. Секако, освен што зависи од тоа дали сакаме, прво прашавме и дали прават во овој период. Јас лично се подготвив и на можноста во овие околности дека може да се случи и да се прекине процесот, ама еве тераме.
Оф леле, си играме глув телефон, некои добиваат одговори а некои чекаат и се без одговор. Ќе треба дирекно да се отиде таму и да се праша. Мила ти посакувам да завршиш поскоро работа и да ти одобрат веднаш!
Јас колку што сум читала на темава низ Европа инвитрата се колку и кај нас на приватно горе долу,негде дури читав инекциите биле поефтини,нека ме поправи некој ако грешам а стандардот е многу различен,реално овде освен ваучерот имаш уште +/-500 евра трошоци. Голем бенефит се ваучерите точно ама не е за споредување.
Dali bi mozelo umesto inseminacija da se dostavi dokument za neuspesno invitro koe e praveno na privaten budzet? Dali ima nekoj iskustvo?
Па исто се колку кај нас на приватно да, ама немаат можност за државно. Како не е за споредби, не секој може да си дозволи во странство ин витро. Вчера баш гледав една позната блогерка во Usa , што е во процес , како кажува колку и е жал што не се сите “blessed “ како неа што може да си го дозволи тоа. Сите земји имаат економски слоеви како нас.