1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    347 глас(а)
    20,7%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    217 глас(а)
    12,9%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    62 глас(а)
    3,7%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    34 глас(а)
    2,0%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    21 глас(а)
    1,3%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    92 глас(а)
    5,5%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    71 глас(а)
    4,2%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    100 глас(а)
    6,0%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    94 глас(а)
    5,6%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    276 глас(а)
    16,4%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    7 глас(а)
    0,4%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    224 глас(а)
    13,3%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    27 глас(а)
    1,6%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    42 глас(а)
    2,5%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    8 глас(а)
    0,5%
  1. Kris80

    Kris80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    4.716
    Допаѓања:
    78.675
    Пол:
    Женски
    Здраво женски
    Сега се слушнав со др и само да ве информирам дека во ремедика им забраниле водење на инвитро постапка. Така да кој сака да почне со постапка или трансфер, чисто да знаете.
    Јас одложив
    Ќе чекаме подобри времиња :( :*
     
    На biba818, Маја Т, NNA и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Luni

    Luni Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2018
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.334
    Пол:
    Женски
    Офф бее значи полека и во другите болници ке забранат ке чекаме подобри времиња белки ке дочекаме :wasntme::hug:
     
    На NNA, eta, NoraMK и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Spiritus

    Spiritus Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2017
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    433
    Пол:
    Женски
    Ти нели почна?:wasntme:
     
  4. Elena_N

    Elena_N Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2018
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да прашам дали знаете колкава треба да биде дебелината на ендометриумот на денот на трансферот и дали е добро 16 мм и дали имавте некакви симптоми до позитивен тест. Седми ден од трансфер никакви симптоми немам, читам дека некои феминки имале имплатациско крварење. Направен ми е трансфер на две бластоцисти и немам храброст да правам предвреме тест. На кој ден имавте позитивен резултат.
     
    На tina2018, Moce19 и Juni1985 им се допаѓа ова.
  5. Izzy_0504

    Izzy_0504 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.602
    Пол:
    Женски
    Јас не знам колку ми беше ендометриумот и за тоа не можам да одговорам. Трансфер имав на 3 ден исто така со 2 ембриончиња. Од ‘симптоми’ имав само нередовна столица (отпосле прочитав дека тоа може да биде знак). Инаку не се оптоварувај со симптоми, стварно мислам дека сите симптоми се на психичка база.
    Во однос на тестот, и јас не можев да издржам 14 дена, па направив на 9ти ден и ми беше со вредност 22. Го повторив на 11ти ден и беше 86,1. Растеше и тоа е добро. На 14ти ден веќе беше 641,5. Фатено е 1 ембрионче и сега сме 14 недели :D
    Со лесно и информирај за рез кога ќе знаеш! Ти пуштам среќа :hug:
     
    На Martka, Daisy 44, Milce89 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Elena_N

    Elena_N Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2018
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Фала многу срце, со лесно да си ја тераш бременоста
     
    На Luni и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  7. Luni

    Luni Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2018
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.334
    Пол:
    Женски
    Јас као демек ке почувам ама не почнав висок естрадиол имав над 1000 на втор ден ми рече докторот Циклопрогиновадда пијам па пак на втор ден да одам неможам да дојдам до јк како се нервирам
     
  8. Melek 36

    Melek 36 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Девојчиња може ли некој да ми каже дали ми се во ред хормоните, посебно ме интересира за андрогените хормони
     

    Прикачени фајлови:

    На Sienna_MK и Lavica 344 им се допаѓа ова.
  9. Sienna_MK

    Sienna_MK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Мила, дали на ГАК ги направи и дали има некоја посебна процедура за земање на крв?
     
  10. Melek 36

    Melek 36 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    На ГАК ги правев ама пред месец дена. Заборавив за резултатот па дури денес ми ги прати сестрата
     
    На Sienna_MK му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mi LeNa ^^^

    Mi LeNa ^^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2018
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Девојки, Здраво :f:
    Денес направив бета хцг на 13 ден од трансфер (не вклучувајки го самиот ден на трасферот). Вредноста е 113.Толкава збунка ми е во главата, не знам дали да се радувам, читајќи дека на некој на 13 ден бетата е многу поголема.Ве молам за мислење, во ред е вака, треба да ја повторам пак, за колку дена да се повтори...??Илјада прашања имам...:?:
    Иначе, направен трансфер на 3 ден, на два ембриона (C8G1;C8G1)
     
    На Martka, Hannah$$$, Daisy 44 и 26 други им се допаѓа ова.
  12. Izzy_0504

    Izzy_0504 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.602
    Пол:
    Женски
    Радувај се девојче! Тестот е позитивен :)
    Секако повтори го за 2 дена или уште утре. Треба да расте. Не мора да се дуплира - се смета дека зголемување >35% е добар чекор на растење и е позитивно. Рано е за на ехо - за 2 недели од позитивно бхцг може да се види мала точка :)
    Радувај се и извести нѐ како ќе биде следниот резултат
     
    На Luni, Маја Т и Mi LeNa ^^^ им се допаѓа ова.
  13. Mi LeNa ^^^

    Mi LeNa ^^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2018
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Значи може да врескааамм :dance::dance::dance:
    Фала ти @Izzy_0504 за супер брзиот одговор :l:
     
    На natasam, Luni, Stara и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Lilijan7

    Lilijan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Здраво. На 13ти ден од трансфер тестот преку крв ми е негативен. Што мислите, дали да го повторам уште еднаш во четврток или тоа е тоа? Инаку трансферот ми беше на втор ден.
     
  15. Izzy_0504

    Izzy_0504 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.602
    Пол:
    Женски
    За жал ако на 13ти ден тестот е негативен, тоа е тоа ;(
    Разговарај со докторот како понатаму и што е најбитно, мораш да останеш позитивна колку и да е тешко..
    Битката можеби е изгубена, но војната не е! Не се предавај! :muscle::muscle::muscle:
     
    На Luni му/ѝ се допаѓа ова.
  16. monka_bonbonka

    monka_bonbonka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2017
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.011
    Пол:
    Женски
    Честиткии тоа е тоа... повтори бета за 2 дена за секој случај:f:
     
    На Luni, Mi LeNa ^^^ и Lavica 344 им се допаѓа ова.
  17. parisian chic

    parisian chic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Честиткии!!! Со лесно да си ја истераш бременоста!
     
    На Luni и Mi LeNa ^^^ им се допаѓа ова.
  18. I1987

    I1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Zdravo jas sum nov clen pa prvo cestitki na site idni majki...epa vaka i jas pocnav so ivf i pred 3 nedeli mi bese napraven transfer a posle 2 ned napraviv beta megutoa bese mala 64 sto sepak pokazuva pozitiven test ama vcera povtorno napraviv beta i povtorno raste megutoa povtorno mala 75 mi rekoa da miruvam ama mnogu se plasam deka nema da izleze nisto dobro...inace ova mi e prvo invitro...pozz
     
    На Stara му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NoraMK

    NoraMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2020
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    2.373
    Пол:
    Женски
    Devojki, konecno pristigna objavata i za BPO od FZOM, za prodolzuvanjeto na vaucerite, za site onie koi gi imaat :)
    Na nivnata fb stranica mozete da si vidite.
     
    На Luni, Stara, Sienna_MK и 3 други им се допаѓа ова.
  20. NoraMK

    NoraMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2020
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    2.373
    Пол:
    Женски
    7 април 2020 година

    СООПШТЕНИЕ

    Времени мерки за осигурени лица за остварување права од здравствено осигурување во услови на пандемија на Коронавирус Covid19

    Фондот за здравствено осигурување презема низа мерки во интерес на безбедноста на граѓаните на целата државата, како и на здравствените работници за да се минимизира непотребниот контакт меѓу матичните лекари и пациентите, кои треба да се обраќаат на лекар само кога тоа е навистина неопходно.

    Право на здравствена заштита за дијагностицирање и лекување од Коронавирус-COVOD 19

    Владата донесе Уредба со законска сила (Службен Весник 92/2020), со која се утврдува дека, до совладување на епидемијата на Коронавирусот, се овозможува да користат здравствена заштита- дијагностицирање и лекување од Коронавирус односно COVID -19:
     осигурените лица на Фондот на кои правата од задолжителното здравствено осигурување им се ускратени, поради тоа што обврзникот кој за нив го плаќа придонесот, придонесот не го плаќа редовно, односно има долг за неплатен придонес; и
     лицата кои не се здравствено осигурени по ниеден основ

    Право на боледување:
     За отворање на ново боледување, или за продолжување на боледувањето, пациентите треба да се јават телефонски кај матичниот лекар. Нема потреба да доаѓаат кај матичниот лекар, лекарската комисија на Фондот ниту во подрачните служби на Фондот.
     Матичниот лекар може да издаде боледување до 15 дена (наместо до 7 дена).
     Кога матичниот лекар поради болест или изолација не е на работното место, здравствените услуги ги пружа лекарот замена. Во случај кога во изолација се наоѓа и лекарот замена, Фондот ќе овозможи без ограничување назначување на втор лекар, а по потреба и друга замена.
     За било кои други прашања, осигурениците не треба да доаѓаат во подрачните служби на Фондот, туку да се обратат по маил на info@fzo.org.mk

    Продолжување на завршено породилното боледување

     Владата донесе Уредба со законска сила, со што, од датумот на прогласување на вонредната состојба, односно од 18 март 2020 година, се продолжи правото на породилно боледување на родителите на деца кои се во работен однос и во периодот на важење на времените мерки поради настаната вонредна состојба, по завршување на истото не можат започнат со работа.
     Избраниот гинеколог не треба да отвори ново породилно боледување, а Фондот по службена должност ќе продолжи со исплатата на надоместокот, за што ќе издаде ново решение.

    Издавање рецепти за лекови на товар на Фондот
     Матичниот лекар може да издаде рецепт за хронична терапија и во случај кога препораката од специјалистот/отпусното писмо е постара од една година. Сите специјалистички извештаи, конзилијарни мислења и отпусни писма издадени во 2019 година ќе важат до завршување на важење на времените мерки.
     Рецепти за хроничната терапија матичниот лекар може да издава за 6 месеци.
     За прашања поврзани со лекови, осигурениците не треба да доаѓаат во подрачните служби на Фондот, тука да се обратат по маил на farmacija@fzo.org.mk

    Здравствени услуги од специјалистичко – консултативна здравствена заштита и општа стоматологија
    Специјалистите и матичните стоматолози треба да работат во предвиденото работно време и да пружаат здравствени услуги само во итни случаи, со исклучок на протетика и ортодонција.

    Заверка на ортопедски помагала

     Доколку осигуреното лице има специјалистички извештај и наод оценка и мислење постари од 1 година, важењето на истите се продолжува до 31.05.2020 година. При тоа избраниот лекар може да пропише потврди за потреба од ортопедско помагало само за наведениот период.
     Избраниот лекар потврда за потреба од ортопедско помагало ја пропишува врз основа на телефонско јавување на осигуреното лице. Потврдите за ортопедски помагала задолжително се пропишуваат најмалку за 3 месеци, но не повеќе од 6 месеци. Избраниот лекар потврдите ги издава врз основа на податокот за последно издадена потврда евидентиран во медицинската евиденција на осигуреното лице, согласно Правилникот за индикации за издавање на ортопедски и други помагала.

    Избраниот лекар на потврдата за потреба од ортопедско помагало, задолжително треба да го евидентира телефонскиот број за контакт на лицето кое ќе ја подига заверената потврда од подрачната служба, или за да биде испратена смс порака со бројот на заверените потврди.

     Потврдите за потребата од ортопедско помагало скенирани, избраниот лекар ги доставува електронски на посебна е-маил адреса кај одговорно лице во подрачната служба на Фондот.
     Доколку осигуреното лице за прв пат остварува правото на отропедско помагало, или има нов специјалистички извештај, избраниот лекар треба истиот да го достави скениран заедно со пропишаните потврди.

    Прилог: Список на лица за контакт за ортопедски помагала во подрачните служби на Фондот
     Одговорното лице од Фондот потврдите за потребата од ортопедско помагало пристигната електронски од избраниот лекар ги заверува во системот на Фондот.
     За заверената потврда Фондот го известува осигуреното лице на оставениот контакт телефон. Известувањето може да биде со смс порака за бројот на заверката на потврдата, или со телефонско јавување за денот кога треба да се подигнат заверените потврди.
     Осигуреното лице без оглед на начинот на кој е известен за заверената потврда, потребното помагало може со доказ за идентификација на лицето на кое му е потребно помагало и бројот на заверката , да го подигне истото во ортопедската куќа по сопствен избор.

    Остварување на право на рехабилитација како продолжено болничко лекување

     Природните лекувалишта за време на важење на вонредната состојба нема да работат.
     Остварувањето на правото на специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, осигурените лица ќе го остварат по завршување на времените мерки.
     Oсигурениците кои треба да ги реализираат решенијата (кои се со важност од два месеци) за остварување на правото на специјализирана медицинска рехабилитација, ќе може да ја продолжат и по престанок на времената мерка.
     Осигурените лица кои се веќе на рехабилитација, доколку имаат потреба да ја прекинат, истата може да се продолжи за толку денови колку што преостанале согласно деновите одобрени во решението.
     Ако осигуреното лице ја прекине специјализираната медицинска рехабилитација ќе има право, по завршувањето на времената мерка, да ја продолжи истата за онолку денови колку што преостанале согласно решението.

    Остварување на право на БПО
    Oсигурените лица кои треба да ги реализираат издадените ваучери за остварување на право на БПО (кои се со важност од 6 месеци), ќе може истите да ги продолжат и да ги реализираат по престанок на времената мерка. Тоа значи ако осигуреното лице не ја започне БПО постапката во рокот од 6 месеци, ќе има право, по завршувањето на времената мерка, да ја продолжи важноста на ваучерот за онолку денови/месеци колку што преостанале согласно издаденото одобрение (ваучер) за БПО постапка.

    Права од здравствено осигурување
     Правата од здравственото осигурување не застаруваат за 5 години. Поради тоа, осигурените лица, за време на важење на мерките, не треба да го загрозуваат своето здравје како и здравјето на другите граѓани, со доаѓање во просториите на подрачните служби и централната служба на Фондот. Исклучок претставува регулирање на здравственото осигурување, доколку истото не може да се заврши по електронски пат, или кога се работи за итни и неодложни потреби како што е поведување на постапка за лекување во странство.
     Се препорачува осигурениците за да не доаѓаат во просториите Подрачна Служба на Фондот, имаат можност да пратат скенирани/фотографирани барања со пропратна документација за остварување на правата од здравствено осигурување (барањата да ги праќаат на е- маил.
    Сите инфо броеви и е-маил адреси од подрачните единици од ФЗОРСМ по градови, се објавени на насловната страница на Фондот.
    Линк на барања/обрасци за осигурени лица:
    http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=AFCEBD1C4148A34EA9769F757FF69E7F

    Начин на плаќање на придонес за здравствено осигурување
    За лицата кои треба да се осигураат или веќе се осигурани по следниве основи: лица со повисок приход, корисници на пензија од земји со кои РСМ нема склучено договор за социјално осигурување, верски лица и индивидуални земјоделци, Фондот по службена должност генерира МПИН декларација и ја доставува до УЈП на обработка. По добивање на МПИН декларациите, истите Фондот ќе се достави на е-маил доколку осигуреникот има оставено маил адреса, или по пошта.

    Напомена
     Сите информации и контакт телефони поврзани со новонастанатата состојба во врска со Коронавирусот се објавени на веб страницата на Фондот fzo.org.mk
     Препорака на Фондот за сите осигуреници, е наместо да дојдат во подрачните или централната служба на Фондот да се обратат по маил на info@fzo.org.mk
     Препорака на Фондот за сите здравствени установи, е наместо да дојдат во подрачните или централната служба на Фондот да се обратат по маил на zuinfo@fzo.org.mk
     
    На JanaDarling, Kris80, Alishan30 и 5 други им се допаѓа ова.