Еленче, не ти се присторува, убаво се гледа втората цртка, со лесно мила, радувај се и повлечи нога за сите тука што очекуваат позитивни тестови
Се надевам дека ќе имам лесна нога, проверив и бета на 11 ден од трансфер ми е 307. Немав никаков симптом, се до денес кога ги видов двете цртки, ве гушкам сите и да читаме тука само вакви убави работо
Друшки мои верни,моето прво инвитро најверојатно заврши со биохемиска,вчера на 9ти ден бетата ми беше 15,од завчера секој ден имам тест со втора бледа линија,која за жал од ден во ден не беше поинтензивна како што би требало да биде,понеделник пак ќе ја повторам бетата чисто да имам црно на бело за неуспешноста. Од ова горко искуство научив само дека никогаш повеќе нема да направам тест пред 14ти ден,стресот е преголем и непотребен. Неизмерно им благодарам на друшките од инбокс,преголема поддршка ми бевте На сите што очекувате деновиве резултати од срце ви посакувам високи бети.