Ми рекоа ниска од шокот во моментот не ни прашав нешто освен што останав затекната и со прашалници Зошто... кога се е ко што треба Зошто ... но тоа е... така Господ сакал Незнам ни што да кажам ни пишам искрено
Оф душичке, а баш очекував убави вести од тебе Стварно не знам како е можно, дијагностичка ти покажа дека се' е чисто, ендометриумот одличен, примаш и клексани.... немам зборови, некогаш природата си поигрува со нашето трпение.Многу ми е жал мила, исплачи се најгласно што можеш, те гушкам силнооо Мила, таман си е бетата, ќе крвариш уште и ќе се исчисти се' постепено, не се секирај.Јас пиев циклопрогинова на бета повисока од твојата,ама тоа по препорака од доктор.Во секој случај исвести го доктортот колку ти е бетата и види што ќе ти каже, место за паника нема
Сите очекувавме дури мислам док.највеќе но ете ...Се испитано се стокмено и хормони и прогестерон и ендометриум па дури и ембриони и не се развива...ти благодарам мила... ова ќе биде Тежок период но ќе помине Се надевам...
Баш очекував убави вести... Се случува и покрај сè да биде неуспешен трансферот. За жал... Одмори некое време колку што ти е потребно и собери сила за напред. Но нема откажување! Ќе се склопат коцките и следниот трансфер ќе биде успешен
Ti blagodaram na odgovorot segabmi se javi doktorot vo red e se ke se iscisti samo po sebe mi rece inace prasav za sleden transfer koga i mi kaza deka ke bide zdravje za eden mesec da se smiri situacijava so virusov i mi potencirse deka slobodno mozee da si probuvame so mm za spontana bremenost zosto sum bila uste pod vlijnie na hormonskta terapija sto ja primav za podgotovka na invitroto...vo sekoj slucaj sto treba da bide ke bide a nie site zaedno so golema megusebna podrshka ke stigneme do nasata cel ve guskam site i samo napred so pozitiva do pobeda
Здраво. Вака во недела имав пункција и 9 јајце клетки од кои денес ми кажаа дека се оплодиле 3. Е сега ме интересира дали и оние кои се со помал квалитет има можност да се оплодат? Така ми кажаа дека биле со помал квалитет . Ви благодарам
Најверојатно преостанатите 6 не биле зрели и обично кај нив шансата за оплодување е многу мала. Мене успеаа да ми пунктираат 20 јајце клетки, од нив 17 беа зрели, од тие пак се оплодија 10 и од тие 10 на третиот ден добро се делеа и развиваа само 6. Во секоја фаза губитокот беше околу 45%, но со оглед на тоа што имам ендометриоза и сомнеж за ниска оваријална резерва (високо ФСХ, АМХ немам испитано), не ни очекувавме преголема бројка добри јајце клетки, иако на терапијата реагирав добро. Кога на третиот ден го прашав ембриологот што е со тие 4 што останале и дали постои некаква шанса да се развијат понатаму и да стигнат до бластоцисти рече дека шансата е скоро нула, иако ќе ги остават, па ако стигнат до петти ден ќе ги замрзнат и нив (имав ризик за хиперстимулација и ги замрзнавме сите, не направивме трансфер кој и додатно се одложи заради ситуацијава). И три да останат не е лошо, на трансфер со две, една можеш да ја замрзнеш за понатаму.
Во последниве четири години се движи меѓу 15 и 17. Ама докторот смета дека кај мене тој не е доволен показател за целата ситуација со јајниците бидејќи е најверојатно предизвикан од ендометриоза (имам ендометријална циста на едниот јајник), ендометриозата не ми е лапароскопски потврдена па не знаеме во кој стадиум е, ама од тоа што имам читано, доколку постои таква циста (чоколадна), станува збор за поразвиена фаза на болеста. Од друга страна секогаш имам голем број фоликули на ултразвук, што некако и не соодвествува баш со вредноста на ФСХ, така што не знам реално каква е целата ситуација, дали кај мене е само прашање на квалитет на ј.к., а не квантитет. Се спремам да направам и АМХ тест, само чекам организмов да си дојде во нормала од хормоналната терапија.
Дали некој од вас мерел температура после трансфер? И дали е можно знак за неуспешно инвитро ако имаш благо покачена температура неколку дена и накај 10 ти ден од ет да ја снема? Дали мора да имаш температура за да е успешно ? Фала
Јас сеуште немам успешно инвитро, но како што знам дека немора да имаш температура за да биде успешно, нема никакви правила. Само позитивно и за некој ден да се израдуваш со висока бета
А зошто не си направиш лапаро и да ја отстраниш цистата? Колкава е? И јас имав иста,2.5 цм беше и си ја чував години,години... и во септември ја извадив,докторот што ме оперираше рече дека е можно да сметала бидејќи тие може да предизвикуваат воспаленија и инфекти,моето АМХ пред 3 години беше супер 4.5 така нешто,ФСХ ми е околу 5 и 6. И воопшто не е точно дека ако имаш циста дека болеста е во поразвиена фаза,јас цистата ја имав скоро 10 години и никаде не беше раширена ендометриозата надвор од јајникот,ни лузни,ни атхезии,сраслини...ништо.
За цистата сум била на прегледи и консултации кај тројца гинеколози и ниту еден од нив (вклучувајќи го и докторот што ми го води сега ин витрото) не препорачувал да се вади бидејќи е мала (2.5 - 2.7 цм зависно во кој дел од циклусот ја гледаат на ехо) и сега за сега не ми прави никаков проблем (ја имам 2 и пол години). Исто така постои ризик со нејзино отстранување да се отстрани и здраво ткиво од јајникот и уште повеќе да се намалат резервите, па затоа за вакви цисти помали од 3 цм обично се препорачува само следење. Препорака беше да забременам и дека во бременост самата ќе ја снема. Но, мене ова ми е прво ин витро и не ни стигнав до трансфер така што не знаеме дали може понатаму да прави проблем при имплантација. Од тоа се плашам и затоа сега размислувам пред FET да направам лапароскопија и скречинг. Ќе разговарам со докторот, па ќе видиме што ќе каже. Знам за многу девојки што имале успех после лапароскопско отстранување на ендометриоза, но сум читала и за многу примери каде операцијата им ги уништила и последните оваријални резерви што ги имале. Така што сега сум на два ума што да правам, а секако ќе постапам така како што ќе каже докторот.
Многу е битно кој доктор ќе те оперира,колку е способен да не го оштети јајникот. Мене ми рекоа дека е можно да прави инфламација цистата,а претходно исто како тебе,мала е,остави ја,забремени па ќе ја снема... ама јас решив да ја извадам и да ја елиминирам како последна пречка. Консултирај се пак со повеќе доктори и одлучи си,можеш и да си собираш ембриончиња па за трансфер да си ја отстраниш. Добар бр на јк си извадила,не верувам дека имаш мн слаби резерви,е сега квалитетот е дискутабилен ама тоа кај никоја не може да се знае.
Имам другарка што се оперираше од ендометриоза, и после година дена и се поврати, за жал. Така да и лапараскопијата не е крајно и најсигурно решение за тој проблем. Најубаво е да се забремени и сама ќе ја снема... ама па со нашево иди па забремени така лесно и едноставно Прочитав дека ивф било неуспешно.. баш ми е жал, мислев ќе се поклопат коцките... без стресови и многу мисли, следниот пат ќе биде со успех, пуштам среќа