Да, прочитав убаво сега , јасно ми е за обрасците. Само уште каде се носи да ми каже некој. Фонд кај олимписки?
Мене една феминка ми кажа дека ги однела кај Мајка Тереза. Со лесно мила, побрзо да ти одобрат!!! Јас проверував во февруари, ќе мора да си го контактираш твојот матичен гинеколог, ако можат да издадат упат до ГАК, тогаш нека те пратат прво во амбуланта број 29 на ГАК и од таму доктор ќе те прати на Клиничка Биохемија и ќе испиташ АМХ таму, бидејќи немаат реагенси во лабораторија на ГАК. Значи прво упат до асистирана амбуланта на ГАК, на упат ќе ти стои шифра за стерилитет а после од таму ќе те пратат, ти само ќе објасниш на докторот таму за што си пратена
Што е тоа - улица? Или спомен куќата на мајка тереза на улица македонија? Јас знам само за ФЗОМ кај олимписки базен.
Мила, каде точно влегуваш, во која просторија, и кој ти ги прима документите?Ако може да ми објасниш бидејќи јас од таму само ваучер имам зимано
Pozadi majka tereza e zgradata portokalova,vednas na prv sprat levo vrata,tuka jas gi ostaviv kaj edni gospogji
Буквално карши мајка тереза спомен куќата се наоѓа влезот на фзом, има реклама ( позади автобуската на рекорд му доаѓа ). Таму однеси ги во архивата, за побрзо да ги проследат. Со среќа
Ако имаш можност, најдобро да си закажеш консултации кај 2-3 доктори од различни клиники (Систина, Ремедика, Њуборн...), да ги запознаеш докторите ако не ги знаеш до сега и да видиш што ќе ти предложат и кој ќе ти остави најдобар впечаток. Нека ти помогне и анкетата погоре на страницата. Овде мислењата се поделени - различни пациенти имаат различни искуства кај различни доктори, нема еден најдобар. Па среќно!
Едниот гинеколог др ти образец можеш да ги однесеш и кај олимписки во фондот што е а може и кај мајка тереза што ти пишале членките
Фала! Претпоставувам дека истото важи и за 8 септември, обично таму ги испитувам сите други хормони на 3 ден од циклус.
Триптофем е нешто како супрефакт? Ако е така, јас ги имам примано навечер 20.30-21.00 без никаков проблем, заедно со хормонските стимулации. Со тоа што како што ти имаа напишано, се примаат секој ден во отприлика исто време +- 10тина 15 минути.
Здраво жени сакав да прашам дали имате инфо дали со оглед на моменталната ситуација може да се аплицира за ваучер,и дали тест за хив....може да се прави на клиника бидејќи нели само со итни случаеви работеа?Поздрав
Тест за ХИВ и хепатити можеш да направиш во Железничар кај Беко, 300 ден без упат, само со лична карта, се завршува работа за 5 мин.
Нигде не сум видела објава дека не може да се аплицира. Може ќе се чека повеќе за одговор ако работат редуцирано ама тоа не значи дека не може да си поднесеш барање. Јас наредна недела планирам да аплицирам.