Хсг(извештај) Хормони (fsh,lh,tsh,e2,prl) Микробиолошки Брисеви Пап 2 спермограма Инфективен скрининг за двајцата 4д на матка и јајници со опис-извештај Крвна слика-моја,со плус седиментација и гликоза на неа. Венчаница Копии од лични к. Книшки Обрасците од страната на фзо Мене не ми требаа инсеминации пошто сум со непроодни јајцеводи ама нели исто 4 инсеминации се задолжителни (освен ако не е исто тежок машки фактор во прашање ). Сите испитувања треба да се не постари од 6 месеца, освен папот кој може да е и една година (ако бил во ред).
Фала имам се,само папот ми истекува...собирам се одам кај матичната и после носам документите на ул Македонија,позади Мајка Тереза?Сега прв пат и ти ќе аплицираш?
Да , одиш кај матичен нели да ја прегледа документацијата и едниот образец треба да го потпише и завери. Па после кај мајка тереза и јас прашав пред два дена, така ми кажаа членките. Иначе да, прв пат ќе аплицирам. Ако ти се брза направи си го папот приватно, не е мн скап , ако идеш преку матичен гинеколог ќе се изначекаш минимум 3,4 недели...
Да да закажав приватно ќе го направам...а спермокултура имате?Ајде ти штом пред мене ќе одиш со лесно...и ќе кажеш како си поминала
Па имаме сперокултура ама не ја бараат. Така да нема да ја пратам. Или нека каже некој со искуство дали треба? Среќно и на тебе
Nie prviot pat ne prativme spermokultuRa ni inseminacii,a dobivme vaucer.nemavme nikakva dijagnoza.srekno na site
Девојки заврши мојата пункција од два фолекули извадени две јк. Возбудена сум премногу утре ке ми кажат како е ситуацијата со нив и како ке оди текот, е сега шема ми дадоа овие естрофемот на 8 ч по две така нели малку ми е нејасно некако многу ми дојде
Браво бе Лунчи Дај боже двете да се оплодат и развијат. Естофемот по 2 таблети наутро и 2 таб навечер
Фала Бубче дајбоже се да биде во ред а денеска плус и празник е Св Василиј, му се молам да ми помогне
Внимавај на утрогестанот. Пишува 2*400. Тоа значи два пати дневно да ставаш по 2 вагиналети во исто време. Значи дневно по 4 ти идат. Каков Св Васил денес? Нели е тоа у јануари?
http://www.mpc.org.mk/Kalendar/mesec.asp https://bigorski.org.mk/kalendar/maj/sv-9-machenici-vo-kizik/ Св. Василиј Oстрoшки Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски е во Јануари
Случајно на интернет видов 12 мај денес празник св Василиј Острошки и кога си идев накај дома во црква си се помолив и беше ставена иконата на Св Василиј острошки и си се помолив
Ич да не се секираш ќе си се развиваат и за некој ден назад во меше... естрофемот ќе пиеш 2таблетки сабајле 2таблетки навечер ...
И јас бев како тебе со иста терапија и на првото инвитро на кое извадија 9 јајциња, и на второво само 2. Шок! Мислев се отоде јабана, се молев по цел ден само бар една да се оплоди, за да утре дента ембриолот кога ме побара рече и двете се оплоденииии, незнаеш скокав по дома. Релакс верувај и двете ќе се оплодат, слишај ми го зборот!
Леле срцка ме изнасмеа се замислив и јас утре како скокам по собите а како ме болат јајниците и со таква болка би скокала само дајбоже да се оплодат ве гушкам сите фала ви што ме охрабрувате
Девојки еве и јас да се пријавам. Пред некое време почнав повторно со терапија. Овој пат се одлучивме за што би рекла др “ селска “ терапија само кломифен без боцки. Денеска бев на преглед , како и минатиот пат повторно два фоликули од 16 мм. Утре наутро повторно на преглед и ако се биде во ред петок,сабота пункција. А да,и ова,покрај другите испитувања морално е и за мене и за мм тест за ковид. Без тоа не може понатаму. Па сега со господ напред, дај боже да му се придружи уште некое ембрионче на осаменото мое што стрпливо си чека замрзнато. Јас така, полека ама сигурно