Многу фала на брзиот одговор! Кај кој доктор правеше? Треба да правам трансфер со замрзнати ембриони, па сакам сама да му предложам на докторот да направиме претходно и тоа.
Dr.petanovski...I toj mi go predlozi skrecingot...davalo mn pozitivni rezultati.ti preporacuvam da napravis
Зависи каква хистеро. Дијагностичка или оперативна? Колку што имам запаметено од овде дијагностичка со скречинг околу 20.000 ден. Оперативна околу 40.000. Ама јави се и прашај. Да не имаат нови цени. Нешто нон стоп ги менуваат цените
Ќе се јавам да, на интернет најдов различни ценовници од различни години Во мојов случај мислам дека треба да биде нешто као лапаро/хистероскопија со скречинг поради ендометриозата. Други индикации немам, знам дека скречингот го зголемува успехот и сакав да ја поставам идејата пред докторот, да видам што ќе ми каже, инаку он кажа само да следиме циклуси 2-3 месеци и после да идеме со трансфер на природен циклус. Фала ти!
Честиткии дај боже сите да се оплодат како не е добро јас со две јк се радувам само чекам уште да ми јават дали се оплодиле
Здраво. Молам за искуство во new born clinic. Дали е реално што и покрај тоа што имаме одобрение од фонд да се плаќа се. Инекции 16.000 ден. Замрзнување јајце клетки 30.000 ден. Вадење јајце клетки, и си мислиш ОК готово вчера уште 6.000 ден замрзнување сперматозоиди... досега 60.000 имаме дадено. Ве молам за искуства ваши и дали е секаде така. Ништо од ова не беше кажано однапред за да ги планираме средствата како одиш така Све нешто ново искача плаќање. Имаме ли право на поврат од фонд барем. Фала
Мила од ваучерот имаш листа колку ти е вклучено се друго се доплака...замрзнување надминати инекциии за хормони ако повеќе од 3 испиташ ...секаде е така не само во Борн
Зошто замрзнување јајце клетки и посебно замрзнување сперматозоиди а не оплодување и замрзнување ембриони кое им е 400,500 еур?
Не верувам дека е секаде така... моето мислење е дека постапката ја почнаа така да може да ги изнудат парите.. прв показател беше проблем со сперматозоиди наместо од таму да се почне се почна со јајце клетки. И нормално плаќаш после за замрзнување. Фала за листата ... ваши искуства дека секаде се доплаќа над 1000 еур? Фала однапред
Се е така изведено за да ти наплатат. На истото прашање одговорот беше па 90.000 е замрзнување за вас со попуст 30.000
@Alishan30 мислам има доплаќано повеќе, нека сподели мислење кога ќе види. Ама замрзнување никако не може да биде дел од ваучерот. Ти си можела да кажеш не сакам да ми ги замрзнете, тоа е твој избор. Тоа ти е опција ако не ти успее ин витрото (или ако сакаш за друга бременост) и ако сакаш да правиш пак , да не мора пак да ти даваат толку стимулации и да ти прават пункција. Ќе си одиш одма на трансфер. Тоа е мн голема поволност. Без ваучерот може и 200 000 кошта процесот.
Чекај Многу конфузно имаш напишано. Зошто замрзнувавте јк , а Не ембриони? Инаку во Систина замрзнување на јк е над 90.000 ден. Без разлика дал си со ваучер или не. Њу борн ептен поефтини