Jas imav silni bolki da,ama mi kazaa bidejki imav hiperstimulacija...I jas piev da isosport po 2l dnevno...ali javi se na dr.da ne ti e na misla
Вчера немав болки ниту денот кога ја правев пункцијата само онака благи болки ама денес силни беа се напив кетонал пијам течности ама изгледа е тоа што одсабајле се раздвижив повеке дека бев ок и си реков да подсредам низ куќава а е со скали внатрешни и се качив повеке пати нагоре надоле белки е до тоа а сега за сега немам силни болки одмарам од кетоналот стивнаа но секако ке се консултирам со докторот.. Фала мила
Имам искуство и со др.Петаноски и др.Трајковски. Можам да кажам дека и двајцата се одлични доктори иако позадоволна сум од др.Трајковски. Докторот е максимално посветен на своите пациенти, најмногу време ми има посветено токму др.Трајквоски.Со разговорите во ходник имам искуство и со двајцата, кај Петаноски посебно и со сестра Данче.Јас не гледам на тоа како нешто негативно со оглед на фактот дека докторите се презафатени со толку многу пациентки а сакаат да посветат колку што можат повеќе внимание на сите и затоа се случува тоа.За др.Лазаревски неможам да споделам искуство.
Одмарај и пиј мнооогу течности. Знам супа од петел по цело тенџере пиев дневно и изоспорт од големите шишиња по 2 на ден пиев. Компоти исто.
@ladystardust @DELFINA81 @Bubce38 порано го купував по 340 денари парче, после нарачував од бг и грција ама залихите се потрошија сега А имаше период пред година дена кога достинкс беше дефицитарен, Ај може го поефтиниле
Земи бускопан. Напиј се сега едно, вечер пак. Све до трансфер слободно пиј го. Немаш ти хипер. Баш за бускопан си. Не знам зашоНе ти го препишал др. Слободно пиј го 2*1 Баш е добар за пред трансфер
Кога ја имав првата пункција исто бев како тебе, јас на денот на трансфер не можев да станам од грчеви, тогаш кај лазаревски бев, но ништо не ми дадоа за грчевите,...бидна трансферот, си завршија работа...но бев со класично ивф, со стимулација. Колку што те читнав тебе блиц, ти си само со хормонски таблетки ...не е хиператимулација... Лапни нешто за болка
И јас мислам исто за бускопан,мене докторот ми го препиша за после пункција, го пиев два пати во денот и баш добро ми делуваше.Мислам дека треба да помогне и кај Luni.
Ке го земам еве сега го испратив маж ми фала ви.. А не ми е јасно и антибиотик не ми даде по пункција сега еве се мислам минатиот пат ми дадоа сега ништо ... Почетокот ми беше само со таблетки летризол првите 5 дена потоа примив 12 фостимона и цетротиде инекции
Девојки се јавувам во фондот веќе 3 дена на бројот 023289016 не јавува никој без престан ги барам едно 10 пати ме интересира дали ќе бидат прегледани моите документи овој месец и да не треба нешто плус да се испита за да се спремам. Дали знаете дали работат се јавила некоја овие денови
Денеска добив информација од гинекологот дека примаат апликации ама не ги разгледувале моментално. Јас ќе одам во понеделник или вторник во фзо и ќе ги прашам, па ќе пишам тука што сум дознала
Како Не ги разгледувале? Пишуваа членки овде дека имаат одобрени ваучери Мислам @LivingGlam доби одговор при крај на април
Не знам, така и кажала некоја пациентка. И јас мислам ги разгледуваат. Како и да е, ќе ги распрашам таму па ќе пренесам инфо @LivingGlam ти го одобрија?
Јас се јавив во понеделникот 023289068 на вој број се јавија кажаа дека разгледуваат документи ама се собираат еднаш во неделата ради вирусот..
Девојчиња, дали некоја била на Ендокринологија да проверува тироидна, дали примаат пациенти и со каков упат?