Девојки, ако може ваше мислење. На брисевите ми излезе бактерија ешерихија, а ги правев за да поднесам документи за ваучер. Дали да ги пратам така или да почекам да добијам чист резултат па тогаш да поднесам документи во фонд? Инаку собрани ми се сите други потребни документи.
Платила 95.000? Јас лани вадев полип во Ремедика, платив 29.000. Не знам зошто толку астрономска сума...
Знам, ама со чекањево проблем. Прво рекоа дека треба упат, сега мислам да одам следнава нед или за две. Не се плаќа, ама прашувам кој направил интервенција скоро. Мислев негде да не е поефтино на приватно. Поз
Треба и копии од личните документи обавезно бараат... Чист документ обавезно, зошто не си им кажала дека ти е за ваучер да ти дадат чисти брисеви да не чекаш додека ја средиш бактеријава мене ме прашуваа кога земав дали ми треба како документ ми кажуваа дали има бактерија или не.. Наредниот пат потенцирај им дека ти е за ваучер..
Пиеш вода пред аспиринот? Јас кога го пиев, пиев скоро цела чаша вода пред да пијам, така пишуваше во упатството мислам...
За вториот не се сеќавам баш. Ама за третиот сигурно не носев лк зошто ми беа изгубени тогаш. Значи ни венчаница не сум извадила тогаш зошто без лк не може нели Ги имаат они во досие од првиот ваучер
Пијам да прво дека јадам 5, 6 зрна аронија и вода чаша обавезно и пијам аспирин, но мислам и да си јаден би имало ефект незнам
Јас го пиев на почеток после јадење, па сменив и сега го пијам на гладно заедно со апче за тироидна, без пред тоа да пијам вода. Разликата што ја приметив е во д-димерите - откако пијам на гладно значително ми се намалија - од 2.000, на 1.700, на 1.200. Не се боцкам клексан.