Јас со амх 0.01 и фсх 84 , со само една јајце клетка извадена успеав еве терам 15та недела . Консултирај се со специјалист за ин витро.
Девојки, дали некоја од вас е комбиниран хетерозигот (MTHFR C677T и MTHFR A1298C)? Каква терапија со Б витамини земате и во кои дози ги пиете? Фала ви!
Даа со Поповиќ е баш така а кај Лазаревски го нема тоа... јас да ти кажам од како почнав сама да одам и некакошшто на ум тоа на друм и по ок ми е, да ти кажам последно што му кажав на др. нели оти сама, велам готово докторе уште овој пат и после кажувај како е процедурата со донирани а секако со маж ми да бев тоа не би го рекла и оп еве извадивме јк хаха ме врати во живот..
Да да И јас пред мм не можам што на ум тоа на друм. Па и ако поставам некое мед. прашање на кое пример мм го знае одговорот одма обрќа очи, као ти кажав и јас. Вака сама. Прашај си све што ти душа сака Да спремам тефтерот со прашања сега
Мила кога ја извадивме јајце клетката не примав ништо. Ја замрзнавме зашто тогаш матката не ми беше спремна за трансфер и се надевавме на повеќе јајце клетки. Кога ја извадивме правев пауза од лекарствата некако мн се здебелив, притисокот до 170 и му реков на докторот дека ќе правам пауза од 2 месеци. После 2 месеци отидов кај матичната и бев со намера да ја прашам за со донирани како иде постапката пошто ни едни стимулации не даваа резултат. ( Циклопрогинова, микрогинон, кломифен, бемфола, мерионали )И така бев кај матичната за донирани и реков успат да ме види на ехо и тогаш она ми рече имаш 3 фоликули одма јави му се на Трајковски. Од 3 фоликули имаше само една јајце клетка таа се оплоди и успеа. Др витамини и суплименти не пиев. Едноставно имавме среќа. Инаку во рок од 2 год мислам дека вкупно помалку од 10 фоликули извадивме. Секогаш беше по една и празна .
Да ќе правам циклусот пред и ако има потреба и уште еднаш кога ќе биде ивф. Се прави за да се згомени рецептивноста на ендометриумот, кај жени што имале повеќе неуспешни трансфери, а и за да се зголеми дебелината. Ќе пишам како ќе поминам
Еве доказ кога мислиме дека е крај, доага почетокот големо браво и среќно понатаму... Можам да ја замислам среќата во тебе...
Здраво девојки сакам да прашам колки ќе ме чини од прилика ин витро ама не преку фондот приватно цела процедура не дека би штедела пари за бебе само да имам во предвид од прилика и каде е најдобро да се направи истото ви благодарам
Една груба проценА од две/ три илјади евра, се зависи каква терапија и колку ќе треба да примиш За најдобро, нема правило, важно е да му веруваш на докторот за кој ќе се одлучиш. Ти посакувам успех
Здраво мила, вака пред се зависи од протоколот со кој ке одете јас правев во Систина приватно два обиди од кој не стигнав до пункција и третиот пат ме чинеше најефтино околу 2 000 и стигнав до трансфер имав помалки инекции почнав со таблети и неколку инекции. Зависи докторот со која шема ке оди доколку ти е прво инвитро рачунај дека некаде 3 000 е фиксно, а за доктор! Најдобар нема, сите на свој начин се добри...
Јас имам хетерозигот МТХФР. Матичната ми препорача метилирана фола (methyl folate), наместо обична фолна киселина зашто со оваа мутација не може да се апсорбора обичната фолна...Пијам methyl folete од 1000mcg/60 tbl, околу 1400 ден .Дополнително имаме зголемен ризик за тромбоза и ќе треба да правиме контрола за дидимери...
3500 евра сигурно дадовме ако не и повеќе. Зависи колку пункции ќе правиш, дали ќе се оплоди, замрзне итн. Др испитувања дали треба да правиш. За кај да правиш е индивидуално имаме добри доктори сегде. Направи повеќе консултации.
Јас правев ин витро на приватно во Ремедика пред месец и пол. Бев со краток протокол. Терапијата е cca. 60.000 ден (зависи од бројот на инјекциите што треба да ги примиш)., пункција + трансфер е cca. 90.000 ден., доколку имаш за замрзнување е додатни 44.000 ден. за 5 години (ова во Ремедика). Отприлика во сите клиники е така како што ти пишале другите девојки од 2500 до 3000 еур.
Буквално кренавме раце и ние и докторите дури и Трајковски пред таа пункција ми рече одмори неколку месеци, ќе пробаме уште еднаш и ако нема фоликули јас нејќам да ти губам време.. и си рековме одиме со донирани или посвојување. И баш тогаш се појави јунакот. Тестот кога го направив ако ми веруваш и плачев и се смеев во исто време . И сега си плачам од среќа . Се надевам и ти и сите таа среќа да ја дочекаат
 немам зборови... само едно научив кога ке се откажеш и кренеш раце од се, тогаш бог не крева раце од тебе, тогаш тој ти ги подава... Баш како што кажа сите да ја дочекаме оваа среќа.
Ова замрзнувањето скапо бе, Не сум замрзнувала ембриони и незнам, Значи без разлика на бројот на ембриони, цената е иста за замрзнување? А како се цените во систина?
Тука некаде е и во Систина цената за замрзнување на ембриони. Иста е , и за еден и за пет. Ама замрзнување на јк е изгор. Над 90 илјадарки