@Bubce38 аиии, е стврно изгор. Што е многу многу е. А пологично ми е да се поскапо замрзнување на ембриони, ама ај да не се разгобувам нешто што не ми е познато. ТнХ
И мене ми беше пологично така, па си прашав Многу 'нежни' биле јк и барале посебен и различен начин на чување , за разлика од ембрионите кои биле 'поиздржливи'.
Да, без разлика на бројот на ембрионите, цената е 44.000 ден. за 5 години чување. Замрзнување на јајце клетки е како што напишала @Bubce38 уште поскапо, околу 1500 еур. Луда работа.
Јас сум комбиниран хетерозигот со истите мутации, Пијам веќе подолго време витамини во чиј состав има метил фолат од 1000 мг и метилкобаламин б12. Најважно ти е да ги земаш во метилирана форма и во комбинација. Исто пијам аспирин 100. За после трансфер исто пиев аспирин 100 и боцкав фраксапарин. Девојки јас денес почнувам со триптофем од 21 ден. Дали некоја од вас се боцкала со триптофем и колку време.Искуство со овие инекции?
Реално подготви 4.000 евра. Освен трошоците на клиника, дополнителните суплементи и лекарства исто така влечат пари.
Не сум знаела дека се исти Имам слушнато за супрефакт иако не сум ги примала. А колку долго се примаат? Претпоставувам овие се за да го стопираат лачењето на хормони?
Обично не се прекинуваат. Со долг протокол почнуваш од 21 ден нели , и тераш све до 2-3 дена пред пункција. Т.е ги боцкаш и нив кога од 2 ден ќе почнеш со стимулации. Инаку , да. Триптофемот прави супресија на природниот процес се со цел докторот да може да команда и да ја има контролата над работата на јајниците
Супер, многу убаво објаснување, сега ми е појасно. Јас ќе одам со трансфер со замрзнати, ама во суштина тоа е со триптофемот значи. Фала многу Bubce
Ааа, јас мислев дека ќе имаш и пункција. Епа во твојот случај ќе ти каже докторот до кога, ама мислам дека до пред сам трансфер би боцкала. Ајде Мајче , со среќа. Многу ве има во постапка бре месецов Ќе се пие јуни, а
Јас се боцкам периодов, но се спремам за тфансфер со замрзнати, нус појави немам, не болат, може да запечат малку но ништо страшно. Со лесно
Фала ти ептен за одговорот. Немав појма дека се толку чести мутацииве. А ја со години пијам обична фолна киселина, без да бидам свесна дека ги имам и дека треба метил фолат да пијам. Аспирин цело време пиеш или само пред и после трансфер? Мене ми најдоа висок шеќер во крвта и сега ме праќаат и на испитување на ОГТТ и инсулинска резистенција, а сама сакам да испитам и хемостаза, д-димери, лупус, АФА, PC и PS. Па после тоа правец на трансфузиолог да ми одреди терапија. Ама читав дека се тие дозите на витамините, некаде викаат и Б6 да се зема во таа комбинација со метил фолат и Б12. И уште едно прашање пошто знам дека се спремаш за трансфер со замрзнати ембриони и си почнала со триптофен - ќе одиш по долг протокол, со стимулации, не на природен циклус или? Јас се спремам за трансфер при крајот на летото и мене докторот ми рече дека ќе идеме на природен циклус, а не ми е ич јасно зашто во некои случаи се одлучуваат за стимулиран.
Фала многу на одговорот, и јас се спремам за трансфер со замрзнати.Сама ги боцкаш или одиш да те боцкаат?
Маж ми ме боцка, во 21ч. ги примам, од денес трет ден од циклус треба по пола да примам, другата половина нареден ден.
Кај нас обичната фолна може само штета да направи. Најдобро е во комбинација со сите б витамини. Јас пијам многу добри витамини ама ми ги праќаат од Америка, можам да ти ги сликнам ако сакаш, ако можеш да ги нарачаш преку интернет.И јас кога дознав за овие мутации бев малку во паника зашто не знаев дека се толку чести.Доста истражував за тоа. Постои хетерозигот, хомозигот и комбинаран хетерозигот. Ние сме во последната група, наједноставно речено не сме најтешката но не сме ниту најлесната форма јас ги правев сите испитувања освен инсулинска резистенција. Се друго ми беше во ред. Аспиринот ми го препорача докторот веднаш откако ги направив испитувањата за мутации. Најубаво е да си го пиеш цело време односно и кога не си во постапка. За трансферот прво почнавме со постапка за на природен циклус, но кај мене се јави проблем со прогестеронот, ептен ми се качува уште пред овулација и затоа не може да се оди на природен циклус. Како што ми објасни докторот мора да ја стопираме работата на јајниците и затоа ќе одиме со стимулиран. Не верувам дека би имала таков проблем со прогестеронот како мене (затоа што е исклучително ретка појава) затоа мислам дека би оделе на природен циклус што секако ти е подобра опција, но верувам дека за тоа докторот ќе одлучи како би било најдобро. Мене ми рекоа во период од 15 до 17 часот. Ќе идам прво да ме боцнат па ќе пробам и сама послеСо лесно и тебе и со успех кај двете
feminki ,inekcii prolutex osven vo stomak,vo noga gi ima li nekoja bockano? I kade potocno ,vo predniot del na butot ili?falaaa
Супер, фала ти! Можеш да ги сликнеш витамините и да ми ги испратиш, ќе пробам да ги нарачам или да ми ги испратат од Америка, знам дека таму имаат многу добри суплементи. Ти стискам палци за трансферот
Фала ти најмногу, Дај Боже да успее и кај мене и кај сите Навистина многу се добри овие што ги пијам, содржат се што е потребно и ги пијам година и нешто. До 16 часот сум на работа, кога ќе се вратам дома, ќе ти ги сликнам и ќе ти ги пратам обавезно