Епа си ги поднесов и јас документите за ваучер, сега ќе чекаме Им ги подадов од надвор преку прозор, тој ги ѕирна само и ми мавна печат со дата на копиите ваљда така треба? За 2мин завршив. Јас па отидов во кошула се спремив ко за на интервју, мислев ќе ме испрашуваат Смешки сум.
Ајде среќно, што побрзо да ти одобрат и со успех да ти биде. И јас се чувствував така денот кога ги поднесовСепак не е обичен ден, се ближиш до најголемата среќа
Мила, кај Мајка Тереза ги поднесе? Јас не стигнав денеска, сестрата не можеше да ме внесе во систем па затоа утре од сабајле ќе одам... Да ти го одобрат за најбрзо време и да вроди со плод!
Лавици сите што имавте трансфер да не израдувате за 2недели и сите што почнавте со постапката очекувам да не израдувате што поскоро со 2цртки... Туку да ве прашам дали е можно по неуспешното ифв добив па следниот циклус малку подрани на 24ден... но и беше не мн обилен... бев на контрола имав и фоликул од 20мм и докторот ми кажа дека ќе имам болки и сл за овулацијата ...но на 12ден од циклус имав малку ко засирена крв и на бришење темна крв Можно ли е од пукање на фоликулот?? Зар е можно при овулација да се прокрвари ??
Еее ме изнасмеа си се стокмила а јас иста секогаш си се дотерувам и кога одев на косултации кај докторот и маж ми ми вели добро од дома до кола од кола до систина ти се средува?! А нели нема шетање по Скопјево се беше затворено нели корона де.. Ама ај Среќно мила...
Јас кога одам Систина , претходната вечер обавезно одам на фризер. И скоро па секогаш одам дотерана во нешто црвенко на мене. И мислам само за таму се шминкам Уште 5 таблети имам од Јасмин-от. Ме пукнаа!!! Полошо, понервозно никад не сум се чувствувала! Што контрацепција ќе беше ова Живи луѓе јадам веќе