Не знам зошто толку многу се разликуваат цените низ клиникиве. Замрзнување до 6 ј.к во Плодност е 28000, а важи/важеше за една од поскапите клиники. Огромна разлика. Го гледав и ценовникот од Њу Борн, замрзнување ј.к 90000. Како тргнаа Њу Борн со некои цени, вклучувајќи ја и онаа за ивф на спонтан циклус, ги претркаа другиве. Убаво би било и Систина и Ремедика да објават ценовник, па да не мораме да се јавуваме таму или вака по форуми да се распрашуваме. Или пак до мене е, ама навистина не можам да најдам нивни ценовници. @Luni @Mira1980 со среќа трансферите. @Mira1980 не успеав да најдам низ темава каде правеше ивф? Одличен број на ј.к сте извадиле. Колку ембриони добивте? @Luni читав низ темава дека естрадиолот ти беше околу 100 на 12ти ден. Го меревте потоа уште еднаш, порасна? Или директно отидовте на пункција? Мене втор пат ми се случува при примање на Летрoзол да не мрда естрадиолот, одевме на спонтан циклус само со Летрoзол, имав 2 фоликули, растеа, а естрадиолот не мрдаше. Сомнителни му беа фоликулите на докторот и одлучи да не правиме пункција. Девојки, да ве прашам, вие што пиете ДХЕА, а последниве страници некои имате пишано дека пиете, врз основа на што ви ги препишал докторот? Претпоставувам сте мереле ДХЕА, колку ви е вредноста? Ме интересира на која вредност ги даваат докториве, оти референтните вредности за она што е нормално се многу широки и обично ДХЕА се мери заедно со тестостерон.
@BlackHole само Летрозол примаше ти? Можеш да се сетиш колку дена точно и по колку таблети пиеше дневно?
Пред се ти благодарам се надевам на успех.. Не меривме понатаму беше низок кај мене спрема деновите но докторот на ехо кога ме гледаше растеа и беше задоволен, на 11 ден беше 59.9 естрадиолот а утре дента 100 и одлучи да има пункција потоа не меревме, бевме изненадени што излегоа две јк и сега ембриончиња во меше..Само едно запамтив рече значи не секогаш е во право медицината и си се прекрсти на почеток од трансфер
По 1 таблета од 7ми ден на циклус. На 12ти ден имав 2 фоликули и беа некаде 15мм и 17мм, ама естрадиолот не растеше. Продолжив со летрозол до 14ти ден, пораснаа до кај 17мм и 20мм, а естрадиолов не мрдна. Докторот не сакаше да прави пункција на низок естрадиол, рече мали се шансите за ј.к, ме викна на ехо на 15ти ден сабајлето и веќе беа прснати, немаше фоликули.
Мене докторот ми рече дека не смета, јас за пиво прашав. Дури и ми препорача ракија на ручек после трансфер
Мила ај ако ги знаеш цените за спонтан циклус во њуборн пиши ми ги..сестрата ми спомна дека има промени ама не ми ги кажа
Хаха Па дури и ракија бе Ај пивце , винце или некое слабо ликерче по едно чавче, ама ракија за после трансфер да е препорачливо ми е ту мач. Иако јас сум мераклика на узенце или некое коктелче, али дур сум во постапка ништо алкохолно Не чепкам
Јас го знам она што последно беше пишано во темава за корекција на цени, а и во нивниот ценовник сеуште стои истата цена, односно 73800д за спонтан циклус. Тогаш вака кажаа членките: Њу Борн – пункција + ICSI 61500д (1000еур) + трансфер 12300д (200еур) = 73800д (1200еур) Не знам дали во меѓувреме има нова промена, си велам ако имаше ќе корегираа во ценовникот.
Да, баш така ми рече, уште на првото инвитро, прашав за пиво, а он самиот спомна ракија можеш на ручек по една.. Не сум се напила и јас ниту една, за пиво знам да се напијам една чаша, само да не е блиску до инекцииве временски
Леле кога ве прочитав тебе и @Luni исто јас како да се читам за дотерувањево,а особено пред да бидне короништево обавезно ставав црвен кармин Туку јас одвај чекам да дојде наредна среда за скречингот и нареден месец да си ги земам замрзнатите јуначиња,некако сум возбудена
Ако пишува, значи може Што е со цениве во Њуборн, ауууу, Скапотијаа. Си бапнале 1000 евра, пункција и оплодување,...а ако не дојде до оплодување?...срамота, Зар враќаат пари..
Јас правев кај Трајковски за мене он е нашиот херој Оди на повеќе места консултирај се со доктори, сама ќе осетиш кој доктор тебе ти одговара. ❤❤❤
Здраво феминки, редовно ве читам откако се оперирав во февруари(ми беше изваден десниот јајник поради ризична циста). Имам 30 години и сум со еден јајник. Примам циклопрогинова бидејќи немав добиено после операцијата и прекинав со терапија за пролактинот(со бромергон беше околу 20). Инаку јајникот што е останат е опериран пред 2 години од ендометриоза циста и е намален. Имам хормони од 2 ден циклус ќе може мислење? Се извинувам на долгиот пост