Девојки имам едно глупаво прашање Од вчера почнав да се боцкам со триптофем. Бав да ме боцнат но сестрата наместо три прста под папок ми ја стави повисоко. Од вчера сум во мисли да не направив грешка, да не не делува, може претерувам ама од што мислите ми се испомешани периодов неможам да не мислам.Вие како се боцкате? има ли врска местото точно кај треба да се боцне?
Јајникот ти го извадија поради ендометриом? Пролактинот ти е висок и најверојатно ќе ти ја вратат терапијата, естрадиолот е исто висок за втор ден и најверојатно ја маскира вредноста на ФСХ. АМХ е доста низок, упатува на намалена резерва на јајце клетките, ама со оглед на тоа дека си само со еден јајник и другиот ти бил опериран ваљда таков резултат и се очекува. Може да ми кажеш каде ги испитуваше хормоните, дали на државно? Обавезно консултација со доктор, според резултатите ќе ти одредат и терапија и протокол.
Па според цените што ги пишаа погоре за Њу Борн, во Систина излегува дека е поефтино. Плус тоа, ако од некоја причина не дојде до трансфер, се плаќа само пункцијата. Меѓутоа, независно од клиниката, сметај дека има и плус трошоци за терапија пред и после трансфер, така што крајната цена за ивф на природен циклус е поголема од овие бројки што се напишани.
[/QUOTE] Мила јас сум во Систина кај др Лазаревски и во јуни ќе ми враќаат замрзнати што значи мислам околу 30-40 000 илјади односно само трансфер.А во февруари кога правев инвитро на приватно ама стимулиран циклус 101 000 ден за пункција, 30 000 трнасфер и околу 49 000 за замрзнување платив плус секако нели од цената инекциите и другите апчиња
Девојки абе никако да се опуштам да не мислам на симтоми еее нерва ме фати... денес ми е шести ден од трансфер симтоми само грчеви некои не многу јаки и болки нели како задобивање од вчера а кога има имплантација нели треба малку како розевникав исцедок да има јас немам ништо такво рано ли е што ли е?..
Многу добро те разбирам, знам како ми беше мене, колку и да се обидував да не мислам на симптоми уште повеќе мислев Симптомите се различни, кај некои ги има, кај некои не, а и тоа со исцедокот исто, кај некои се јавува кај некои не. Немој да се преоптоваруваш со симптоми, од многу позитивни случаи знам дека воопшто немале симптоми и обратно.
Луни сестро златна ко мене да се гледам. Минатиот пат секоја минута баеав симптоми и најмногу ме мачеше имплантациско крварење.. мора ли да има.. а во тој период сите имаа само јас не и викам ова нема шанси да биднало.. останав бремена со близнаци кои за жал заминаа ама ОСТАНАВ што ми беше утеха. Така да немој да те мачи ако немаш розеникав исцедок. Јас тогаш прашав и барем 5 членки ми пишаа дека немале а се бремени. Те гушкам и уживај сега не барај симптоми. Веруј дека ке е успешно
@Prinsess_Eva @Маја Т Сите сме биле исти офф бее жении фала ви ме живнавте малку ама се трудамда не мислам слушам музика гледам филмови ама пак мислам ке исчекам уште една недела
Пола време ти помина... А јас вчера правев трансвер.. еден ден лежам а грбот не знам мој ли е.. а времето.. не поминува никако
Јас бев опседната со симтоми а немав никакви, освен што на 7-8 ден почнав ноќе да станувам за во вц, друго ништооо.... исцедок нит во првото нит сега со втророво ифв немав, не се оптоварувај барајќи симтоми. Еве да ти кажам јас сакав да одам до синлаб пешки да испитам бета а имам едно 20 мин до таму зашо мислев дека не биднало ништо Само уживај овие денови и опушти се!
Иста ќе бидам и јас за три недели, ако Дај Боже добро ми помине трансферот. Тогаш ќе те чекам да ми споделиш искуство од деновите до позитивен тест (зашто верувам дека ќе ти биде позитивен)
Zdr devojki, posle neuspesna inseminacia treba da napravam laparaskopia i histeroskopia, sakam da ve prasam dali posle ova intervencia 3 meseci ne moze da se obiduvate za bebe treba li pauza?
Со среќа и со лесно. За две недели да ни се пофалиш тука со позитивен тест. Колку многу ни треба надеж на сите периодов